Здраво девојки, моето бебе е 10 дена и сега за сега сме на мајчино млеко но и на адаптирано млеко. Ми рекоа ако пие адаптирано и мајчино обавезно да и давам чајче. Го земав на хипп од коморача е сега сакам да прашам колку мл дневно им давате ?
И моево бљуцка а супер си напредува Не фледам на бљуцкаље како проблем ако ждригне одма ок е ама ако го најадам и не ждригне па се искака па му мењам пелена го растегнам нормално ќе бљуцне Бара нормално на 4ч полни пелени весел е ...ако и кај твоето е вака мислам да не се грижиш
Моево јаде на 3 часа, но многу голем дел во денот кога е будна плаче. Некогаш гледам дека се грчи, и плачот доаѓа и си оди, но некогаш само си вриска. Се познава дека се мачи и со гасови. Се и кажав на педијатрите, ме советуваат само полека да де префрлам на комфорт формула, и да давам сируп, пробиотик за грчеви, топло на меше... се правиме ама бебето едноставно кога е будно си плаче. Знам дека нешто не е во ред, сега и со честото бљуцкање. Еве велиш дека твоето бљуцка доколку не ждригне, но мојата си ждригнува редовно и пак е исто а пелени си полни, само почна да кака само по еднаш дневно(пбично беше почесто)
Ја сум на хип пробиотик комбиотик не ти го препорачаа? Може и само грчеви се во прашање...или е талво бебето поплачливо. Ако си напредува на килажа немаш простор за грижа бар јас така мислам... ама секако пробај менувај млеко како што ти рекле и ќе видиш Во краен случај оди на второ мислење некаде не се ослонувај само на еден доктор ти најдобро сј го знаеш бебето
на тоа бевме и ние, ме префрлија на комфорт полека поради се што им кажав. Со 3 педијатри се консултирам и ништо не се менува
А на меше го ставаш да седи да се уморува? Го играте со тропалки? Исто сме месец и ние и цел ден гуга писка ипа ќе заплаче. Битно буден е цел ден чисто за споредба. Ако 3ца ти рекле дека е во ред бебчето ако ти кака после секој оброк тогаш може и да си е плачливо да не го боли ништо. Пробај анимирај го и ставај на меше прај му вежби види дали ќе имаш ефект некој :/
И јас не гледам проблем во бљуцкање. Ако нешто не е во ред со млекото би требало да го поврати убаво. Моето на доење е, па се случуваше кога ќе прецица да бљуцне, не значи дека со моето млеко нешто не е во ред. Ако после повеќе консултации со лекари го имате истиот одговор значи е во ред. Сепак, ако интуицијата вика да смениш, смени го. За плачењето бебе како бебе, ќе плаче. Може причината да е различна грчеви, скок, заби, му се спие, му се јаде, топло му е. Зависи каков е плачот.
И првото ми бљуцкаше и второво бљуцка. Двете на мајчино млеко. Не гледам никаков проблем во тоа Фино си напредува, се е во ред.
Ќе пробувам пак со мешето, искрено ја ставив два пати и видам дека почне да плаче и да се буни и ја земам. Со тропалки ја играм често и со звуци. Инаку ни кажаа дека добро напредува, за грчевите ни дадоа сируп. Не кака после секој оброк туку еднаш до два пати на ден, рекоа дека нема правило и се додека бојата е океј, мислат дека е добро. Им кажав дека порано беше почесто, рекоа дека се се менува. Мене ми беше дека кога испушта гасови се мачи... супер штом си гугате, баш убаво и едвај чекам да помине и оваа фаза на грчеви и да уживам уште повеќе со неа
Здраво мајка.. Кој ти рекол да даваш чајче..Никакви придобивки нема од чајот само ќе му го полниш мешето..И не гледам никаква врска дека е на комбинирано за да се дава чај.. Доволно му е млекото се додека не полните со цврста храна е тогаш ќе почниш да нудиш ама вода не чај..
И ние смево 4ти.. Момент сме изгледа на најакото не сака да цица.. Почнати дме и со вкусови и то тешко оде.. Клгсму доближам града како од ѓавол бега.. Само живци треба...
моево цица, и само тоа го смирува... проблем највеке е спиењево, само во раце,штом го спуштам одма се буди и плаче,и кенка цел ден,р'жи и нервозен е многу, буткабсе во уста... незнам дали е скокот или можеби заби???ама па некаконе мал 4м за заби
Забите можат да излезат и на 4 и на 10 мес.. А з скокот оишува не секое дете ги доживува сите и на ист начин карактеристиките.. Еве кај нас одбива.. Со спиењето до пред некој ден мн ми се будепе навечер на сат сат и пол а дневните дремки беа кратки и плачлив нервозен.. Бара внимание ако не го кренам во секундата има да плаче уштњ пола сат... И пошто мала разлила се одделени од 3ти скок.. Мислам дека цел месец ми е ова лудичо
А да пробаш низ дома во количка да го возиш да си го спасиш грбот малку? Пушти на YouTube white noise и вози напред назад.
Ќе биде сигурно ја мачатвгрчеви и затоа е така а и во 5та недела има скок Еве вчера цел ден плачки беше и неспиење. Ќе менуваат
Да, да. Откако излеговме од болница, премадур ни даде, а сега комбинирано. Кога го пиеше само премадур-от уште потешко му беше на стомачето.
Вчера забележав во каката на ќерка ми како малку светло дури неприметливо црвена боја на едно место .... и многу како да напнува и се мачи додека се искака ... 3 месеци сме и само со доење..ќе се консултирам со нејзиниот матичен педијатар покасно , дали некој имал вакво нешто