А да пробаш бебелан , најдобро млеко е не сум слушнала некој да се пожали од него . Моево од хипп и од аптамил имаше страшни грчеви и плус тешко какаше имаше запек . Сменивме на бебелан и се препородивме , од одма имаше разлика одма му се регулираше какањето и грчевите .Околу 540 ден е 400гр ама вреди Мајки и ја имам едно прашање , дали вашите бебиња си го цуцаат палчето и дали може да го оставам дека си дава утеха само така ? Дали може да си направи проблем ?
Подобро цуцла лажливка подметни му него ли палчето да го цуца. Проблем,може да си го цуца долги години.
Леле што збориш? Моето си го утепа од цуцање палчето, а цуцла лажливка чим му ставам одма ја плука онака рафално, лета 3 метри
Ептен се јаки со навикиве. Другарка моја до 6 год цуцала палец,ноктот и е деформиран. А син ми на ехо се со палецот во уста беше,сега ни палец ни цуцла цуцасе гади
Феминки ве молам за совет. Сабајле бебе ми поврати голем млаз млеко. Се заскокна и многу се исплашив. После уште 2-3 пати во текот на денот бљуцна по малку. Инаку секој ден си бљуцка но млазот денес ме исплаши, страв ми е да заспијам. Од што може да е? И како да ја ставам да спие безбедно?
Мене патронажната (што дојде после 2-3 недели од пораѓај ) ми инсистираше дека е подобро палецот да го цуца отколки лажливка! Значи како такс?! Скроз ми е нелогично - лажливка ќе тргнеш и не даваш веќе и тоа е. Ќе плаче дете, ама ќе се помири. Ај палецот тргни му го де... внук ми до 7 години беше со палецот во уста - потенок му е прстот на таа рака... Иначе кога почнаа вашите да си ги ставаат рацете во уста? Ние привршуваме прв скок и од пред 2-3 дена рацете му се цел ден во уста (не е гладен). Му ги мијам, не ми смета ништо, само мислев рано е, па сакав да прашам за искуства.
Моето цуцла цуцаше до сега. Ете не му е многу интересна, ја плука. Сега си има работа со палчето и е мн сладок вака
Па да нешто со цицањето да не му се одбија затоа велат така. Ние на вториот скок заприметив дека почна, па цело раче го ставаше во уста, па сега нежно само палчето, ептен ми е јак.
Имам читано дека бљуцкање е Ок ама повраќање во млаз не е Отиди си да го видибпедијатарот Најбезбедно е да спие на грб освен ако самото не се сврти на страна
Околу вториот месец започнува орална фаза. Преку уста го запознаваат светот. А богами знае и да потрае оваа фаза. Затоа започнал со раце во уста да ги лиже и цуца
Тамам си е, тогаш сакал да почне Не му ги тргај рацете, нека си ги става во уста. Двете да може и двете би ги ставил
Ние после вториот месец негде почнавме , сега скоро три месеци полниме, левото раче шмука дали шмука , ама и цуцла сака , па ќе ја плукне па раката... се лигави плус ... жива вода е цела иЗлигавена
Ме изнасмеа Иста сум и јас. Затоа подлогата ја ставив на клуб масичката, па таа претка, јас ја гледам. Ке тераме така додека да почне да се завртува.
Мајки малите од кога почнаа да ви спијат со ред навечер? Скоро месец сме ама ред навечер никаков. Се бањаме кај 9 цица се успиваме и кај 11 пак е буден и не врзува ни 1 саат сон до 3. често има грчеви навечер но веќе и кога нема пред 3 не заспива асално
Девојки, бекутан чајчето што е рефус маточина, пишува 5 грама во 100мл. Како измерувате 5 грама? Кафена лажичка или? Ептен глупо прашање ама тоа е.
Јас имам дома еден рефус нане и пишува 5грама или 1 кафена лажичка. Нека ти потврди некој и за овој чај ама сигурно е исто