Ќе го пипнеш на стомакот ако можеш јајца да спржиш не да е прегреано главчето,образите дали му се црвени. Кај нас фома е 27 степена по боди на кратки е и тенки панталончиња
И ти да не си со парно исто го облакам језда на долги ама ептен тенки. Епа добро не му се црвени образите и стомачето му е мислам нормална топлина не е жешко.
И ние сме на парно, цело време е 26/27 степени. Преку ден е со боди на кратки и тенки панталончиња, а навечер е само по шпикозни, ако го покријам се поти. За надвор денес носеше боди по долги, чорапи и тие тенките од тритекс со ногавчиња доле, панталони и џемпер. Одозгоре јакниче со капа. Таман му беше. На количката го ставаме и додатокот за ветер. Проблем со ладно немаме, имаме проблем со топло, многу се поти по дома не знам што да правам.
Добро сега, не може да споредуваме бабите и ние, во друго време живееме и имаме пристап до повеќе информации. Не може да правиме како нив кога ним немало кој да им каже, напред оди и наука и сè, истражувања ова-она. Израснати сме, но не е баш дека ништо не ни фали
А не си ни да отвориш од што е загадено... ние имаме прочистувач па ај се тешиме и отвараме. Ама гледам бебе навечер спие не се буни не е вжештен... Иначе за седењево дечки не е ради стариве. Бар ја го знам така дека бебе не седи до 5-6 месеци. Сега баш пребарав и истото и чика гугл го вика. Барајте го др антоније на 0+ телма емисиите и он истото го збори дека не треба да се форсира. Јас мислам дека е грешка бебе да се седнува. Ама најдобро консултација со доктори
Фала ви на одговорите! Ај сега друго да прашам што ме буни... Ако не смее да се исправа, тогаш како со она бебешките столчиња за во кола каде што е цело свиткано и она "кенгурите" наменети за новороденчиња каде што бебето практично седи?
Сега се осеќам лошо, ние го седнуваме цело време, ја вчера дури го подисправив на перничиња додека го хранев.
Не го седнувајте веќе Дури после 4 месеци на 45 степени во количка може да се седнува, а на 60 степени кога ќе јаде каша, на 90 не се става никогаш бидејќи само треба да се исправува. Рано е за седнување. Не си знаела, но веќе не го седнувајте. Ете консултирај се и со ортопед. Во транспортерите за во кола се во природна положба во која биле свиткани и во матка. Кенгур ортопеди исто така не препорачуваат, моето е 6 месеци и во кенгур не сум го носела.
Имаме и ние прочистувач, пред некој ден така се зезнав пред спиење отворив прозори после тоа смрдеше на дим цел стан. Додека да постигне прочистувачот да исчисти се угушивме. Не знам стварно што да правам, не се поти само кога е по боди на кратки со голи нозе. Ама како да го оставам така, не можам.
Zdravo Nie sme 2 meseci, pred edna nedela bevme na pedijatar i doktorot mi kaza deka maliot ima problem so vratceto, celo vreme se vrte poveke na ednata strana ama vo poslednite denovi go stavam da leze i na drugata strana , koga leze na mese potesko se vrte na taa strana, za dve nedeli imam termin za gimnastika,dali nekoj imal vakov problem i dali e seriozen problemot ??
Да така па ептен голо. Да видиш нешто ептен тенко и прекривка чаршавче само без јорганот внатре. Друго вака не ми текнува. @macka91 ти си во дубаи што им прајте на бебушки на топлото како ви спијат ти уште не си породена ама можеби си собрала искуство за нас со топли станови
За седиштата во кола или кенгурите на нив пишува од која возраст се.Дури и на количките.Води се по нив.Ако се од О+ слободно може да се корести.Кај кенгурите обично е опишани во која позиција можеш да го носиш и тоа е обично кон тебе свртено и има потпирка на главата за да не мораш да му ја држиш. Бебе можеш да седнуваш кога само ќе се исправи.Ако е помрзливко од 6 месеци кога ќе почнете со дохрана.Не е страшно среќа на време си реагирала Различно.Моето точно на 7 почна.Има деца што не ни прелазуваат одма одат
Да пробаш да легнуваш доле со неа? Легни ти и стави ја врз тебе на стомак, збори и, пеј и кога ќе се опушти спушти ја доле и продолжи да и збориш, да и подаваш играчки. Секој ден по малку и ќе се опушти, само до тогаш биди до неа. Кога чекав ред на педијатар имаше детенце со прележан ковид, и рекоа на мајката да почека минимум 1 месец, па да направат крвна слика и ако е се во ред да го вакцинираат. Моево почна да се бутка со нозе на 5 месеци, на 5+ да се влече војнички и еве го скоро 6ипол месеци уште не лази на четири туку сега сме во фаза на седнување. Сигурно е проблем со вратот или детето едноставно си има омилена страна? Моето кога беше ептен малечко си имаше омилена страна (таа кај што спиев јас) и затоа почнав секоја вечер да легнувам од различна страна. Кога го ставав на меше му тропав со омилената тропалка од десно кон лево и обратно за да се врти и на двете страни. Ако има некој проблем со вратот не знам, слушај си ортопед, можеш да најдеш препораки во темата Ортопедски прегледи, а ако се работи за омилена страна се решава лесно само треба работа со детето и упорност.
https://pedijatar.mk/koga-bebeto-e-podgotveno-za-sedene/ ParentingGuide-Unicef книга да се симне (водич за родители) https://pluspharma.mk/2018/09/13/pravilen-rast-i-razvoj-kaj-novorodench/ https://www.google.com/amp/s/hybrid...-a-tie-ne-znaat-da-ni-kazat-sto-im-treba/amp/ http://www.simptomi.rs/index.php/odojce/1254-pomagala-za-bebe Овие ги најдов линкови, кога ќе имате време ѕирнете ги. А во вторник сме на ортопед, па и таму ќе прашам се и ќе споделам овде.
Барем жолтица нема да имаат дома сме на клима и чат пат ќумбе ако запалиме али ја тргам по себе не сакам да се облакам многу па затоа и топло гледам да е барем по кратки да седиме Кажувајте чаре не ги вади рацете од уста цели тупаници ги шмука ли ги шмука мислиш јадење не му давам
Да ти кажам немам идеја, ќе се консултирам овде и со педијатар секако да видам они што би ми препорачале. Затоа што јас цела гофина спијам со тенко јорганче дури и кога е 50 степени преку лето.
Не е возможно ова уште нерасонет он лигави ли лигави божем заби вади па после и секој прст си го брца во уста посебно