А да пробаш со оние формули за таа намена за рефлукс? Ама мислам не е страшно бљуцкањето се додека напредува и не е повраќање во млазови..Јас немав таква мака со повраќање, и ретко бљуцка ама обавезно после млекото да ја крениш да ждригне.. И да би давала колку што сака..и ден денес давам колку што сака да пие
Моето кога почнавме со ад бараше на 2 2.5 х и му давав зошто ако не му дадев цело време беше со плачки. Кода почна да го испие целото и одма плаче му зголемував. Нема прсвило кое бебе колку да пие тие на кутијата се само ориентациони не мора да значи дека твоето баш толку и не повеќе. Плус бебенцеро е поголемо 3800 не е мало бебенце па нормално е повеќе да бара. Еве како растеше си пие на 3ч а ако спие и преку ден и навечер не гобудам кога огладне се буди и право јадеме. Проширување неможе да настсне се што му е вишок ке го поврати но ти можеш да зголемуваш постепено дај 15 мл повеќе види како ќе реагира па ако сака повеќе дај повќе наредниот пат или и да направиш повеќе нема да сака да пие кога ќе се засити
Me sovetuvaat da ne menam formula deka sme na komfort za grcevi. obavezno ja krevam, duri i na pola sise ja krevam pa i davam pak mleko, i na kraj uste ednas ja krevam.. zaradi povrakanjeto, no pak se slucuva
Мислам дека бљуцка од што се стегаат од грчевите. И кај моево е исто. Кога и да го држам да ждригне обавезно се стега,како еже се собира и бљуцка. А и кога е легнат. Обавезно ми бљуцка. Се додека не е во млаз не е страшно.
И мојата повраќаше, некаде мислам до 5м.И тоа во млазови. Совет беше дека доколку качува на килажа во ред е. Го објаснија дека капачето на желудникот не било оформено и храната се враќа назад. Јас користев перница под агол и после секој оброк ја оставав 15мин на перница.
Како што кажаа и членките се додека не е во млазови не е страшно и си напредува убаво..тоа е заради ете тоа капачето не му е развиено и затоа му се враќа млекце..
Мајки го имате ли користено пробиотикот ПРОВЕН? Бебчето ми е малку измрзнато и докторката ми го даде тој пробиотик да го користам 7 дена пошто сме пред вакцина а кашламе киваме по малку и за 10 дена треба да примиме Рота прва доза. Во аптека на мм му дале 7 кесенца од пробиотикот ама нема упатство за употреба на истиот. Има ли некоја искуство со него и како се применува? Бебче ми е 2 ипол месеци
Мајки да ве прашам дали сте правеле скрининг за слух на бебчињата и што мислите за тоа? Ми дадоа еден лист за согласност кога си заминував од болница, дека потпишав дека ќе правам, ама ни прашав каде се прави ни на колку месеци се прави, ни ништо. Вие што мислите, искуства ваши?
На малиот му правеа во Ремедика кога се роди, не сум правела ништо дополнително. @Jana06 кога ќе види, ќе пише каде може да се направи.
На крвна слика ни покажа почеток на инфекција , докторката рече дека малку настинала не е страшно ама да ни даде Алмацин и Провен
Во Ремедика му правеа ото скрин рутински преглед за секое бебе и беше неуспешен, па бевме на Bera испитување во државна. На вас сега ви треба обичен ото скрин и можете да го направите по приватните или во државна. Ако ти е мирно бебето можеш во државна зашто треба повеќе време да седи мирно, а апаратчињата им се постари и трае подолго. И во Ремедика не е нов апаратот ама две сестри го занимаваа со играчките додека докторката го проверуваше. Ако одиш во државна ти ја препорачувам др. Чакар, во Ремедика било кој педијатар може да го направи, а во Систина само една докторка прави ото скрин (и го заборавив името). Не знам дали во помалите места прават ото скрин, не сум запознаена.
Во Систина прават скрининг на слух ден-два после раѓање, какобдел од пакетот за породување. На моето бебе др. Демерџиева го правеше скринингот.
Анита се викаше? Знам кога се јавував ми рекоа една само дека ги прави и се чекаше термин, а мене за побрзо ми беше.
Моето од раѓање лачи многу плумка и прави меурчиња мене педијатар ми рече дека тоа е сосема нормално .Белите наслаги чисти ги редовно со сода ако видиш дека за ден два нема подобрување земи нистатин за да не се рашири секаде низ устата . @Chuchanov да се редат како бисерчиња
И на синче и на ќерка им правеа во систина ,спаѓа во пакетот за породување ,на син ми бев присутна додека му го правеа ,ништо страшно со едно апаратче докторката проверуваше кратко траеше бебе ништо не осеќа.
Имаме напред на главчето како корупки, свекрвата вика тоа било ира, па сакам да ги прашам поискусните мајки и доколку имало вашето дете, како да се исчисти?