Kakata i e obicno tecna , zolto zlatna e ima i od mlekoto kako zasireno i nekogas ima i shlsjmcinja (ligavo)
Супер кака е тоа. И мирисот е нормален. Кога ке почне да јаде ке видиш што е смрдеа, па ке си мислиш дека овој мирис не е страшен.
Хахахха мм вика шо туку се пикаш во пелената се правиш експерт , остави го девојчето раат да си кака... прво се паничев ради шлајмчињата, ама нема стално и поарно да се чисти ми рекоа ,после се деси да ми напнува некако да се покака и малку како крв забележав... мм го викнав јас вика не гледам ама јас забележав ја прашав матичната рече дека е од што напнувала ... и така само си пратам и си читам
Убаво е тоа, јас секогаш сум за мајки кои повеќе се замараат, отколку да не се замараш и да кажеш - нека пие млеко од тетрапак на 3 месеци, ништо не е. Се додека има златно жолта боја е добро. И зеленкасто да е, не треба одма паника.
Дали преку ден кога ќе се успијат многу бебенцата ги будите? Еве го од 12х уште си спие мака нема. Ми е страв вечер да не не спие, а не ми се буди жал ми е
Да не ти е страв, баш напротив колку повеќе и поубаво си спие преку ден толку и ноќното спиење ќе му биде подобро.
Ти завидувам ги барам тие денови кога се успиваше по 3-4часа али беше мал и од тоа да не има жолтица да не го успива таа на 3часа го будев
Која мајка ќе сака да ми прати лп каква кака има бебето кое е на дохрана? На синко уште му се течни, густи се ама течни, како пире Ама не знам дали е нормално... Еве веќе 11ти ден тераме дохрана
Јас ако ти пратам слики, ќе мислиш лд 3 деца е каката Кака 3 пати на ден и сите три пати е различно.. На сабајле е ептен цврста како споени топчиња и темно зелена, после кај ручек е помека и светло зелена накај жолта( или портокалова ако јадел портокалово или со конци црни од бананата, зависи што јадел) и навечер е златно жолта и потечна како што велиш како пире... Незнам која од овие е нормална која не е ...
Здраво мајки. Моето бебе е скоро 2 месеци. Го дојам преку цел ден и навечер. На комбинирана исхрана сме. Ад давам само пред спиење од кога веќе цицал да речеме и испие само 30 40мл. Некои денови се случува вооптшо да не му дадам да врзам 3 4 дена без ад. Имам доволно млеко, давам ад затоа што и покрај цицањето плаче со зајдување. Нема грчеви! Кога ќе му дадам се смирува и е сосем др бебе. Како да го скратам тој дел да биде само на цицање. Прво дете ми е и нзн како да постапам...
Нормална е... Незнам колку пати на ден какате ние еднаш од сабајле и е баш таква кашеста како пире и пелена е преполна, а кога ке кака навечер не секогаш е помалку и потечна.. Вчера незнам што му беше мислам дека претерав со чајче не е учен на многу чајче буквално какаше на секој оброк по малку и не беше баш златна боја туку како малку потемнета за нијанса, а еве денес си е океј
И мојто зајдува па не сум дала ад, некогаш е од грчеви но не се грче секогаш. Најадено на килажа качува ад не давам само заради тоа што плаче. Си плаче, ја шеткам, анимирам, играм, пеам и ќе се смири
Мислам дека сеуште градите ти се полнат во смисла ти се стврднуват ако нема цицано повеќе од 2часа? Ако грешам поправиме, а ако е така не е доцна зА да пиеш чај за доилки, многу течности,бистри сокови, кромид, свежо јаволко па и некоја голтка пиво.. Кога ќе јадев свежо јаболко ги осеќав како да се полнат за 1час.. Бебе постојано на града, а додека тоа спие ако си во можнос молзи се со пумпа и така ќе имаш млеко во фрижидер за кога ќе му е малку. Среќно, тежок процес е доењето додека се фати ред.. Има во темата доење многу искуства од мамички кои имат и долг стаж на доење.. Немав долг стаж од х причини али знам како направив толку млеко што неможеше да ми прекине и го складирав во врижидер
Ако имаш сликичка пушти слободно. На синко е жолта, само кога јадеше пашканат беше зеленкаста. Дадов и ориз намерно да видам дали ќе се стврдне ама јок.