Малку е. Од скокот е гарант. Сега нека цица, ад, пелена менување и сл и стави ја на под на меше, играј ја со играчки. Измори ја колку можеш повеќе. Изнеси ја надвор барем пола саат да ја фати ладното и после дома на топло легнете си и двете со цице во уста да видиш колку ќе спие. Држење во раце што помалку зашто така таа не се заморува, а ти ќе останеш без кичма.
Нејќам како свекрва да звучам ама може не спие од глад. И ја давав по доза ад ми се будеше кенкаше испадна гладно му појачав 20мл и супер поминавме. Гледам дека не ти пие може е скок ама ти одамна се жалиш на неспиење. А од шише исто заспива зашто не го пие? Иначе да не ти е претопло дома? Да ја расоблечеш на следно ранење
Од кога е родена малку спие. И правам секогаш повеќе АД но не го пие. Или го бутка со јазикот или заспива и се молиме по еден час да пие
Лее дека рече кичма кажете како да го одвикнам од само враце значи од сабајле е во релаксатор 30мин и тогаш расфаќам се тој додека гледа тв, послем одма враце кемка.. Па на подлога 15мин, па во кревече има играчки над него 15мин и пак во раце. Значи кичма, рамена, раце мислам ќе ми паднат на вечер ако не се напијам некој аналгетик неможам да заспијам од болка.. Многу брзо му се здосадуват играчките и само купувам нови али толку ден до два послем му се досадни и не се заигрува кога му ги подавам кога играм со него... Решение? А и јас голем дел од денот сум сама да не рецам до вечер до 20h-21h али неккако се справувам шетаме барем 2 часа до него лежам кога спие имам направено некоја рутина и се држам по неја.. Само со ова да биди во раце да го одвикнам барем малку незнам како
@Milkiway @Jana06 @Butterfly1107 @Brpbrp по колку спијат вашите бебиња преку ден и на вечер? И на колку месеци? Некогаш од што сум преморена како во полу сон да спијам и се сонувам како ми паѓа беба и рипам целата
Моево денски сега почна да спие откога малце му додадов поише храна и чај. Преку ден дремките му се саат-два. Кога беше во скок 5та недела исто нон стоп буден. Месец и 2 недели точно Ноќе заспива од 18ч со будења на 4-5 часа за ад спиеме до 5-6 сабајле.
Ние сме два месеци и еве го до завчера се легнуваше 12/1 до 6-7 сабајле па ќе јаде па пак спиеше до 12 поручек ќе дремнеше од 3 до 6 и така а вчера легна во 11и пол вечерта и стана сабајле во 4 за јадење продужи и еве го уште спие само за јадење на три саата станува.
Можеби твоето не се уморува или преморено е и плаче цело време. Пробај да го играш да го занимаваш повеќе на меше да не кажам душата му ја вадам ако почне да плаче и да кенка на стомак го ставам прета највеќе тогаш минута две ќе го свртам на грб задишан целиот се уморува. Само навечер за заспивање е во раце иначе цело време е на кревет или креветче и го занимавам за секое негово плачење на стомак го вртам
Мајки, како се употребуваат лепенките против тт што се? Мислам каде најчесто ги лепите? Беба има 2 месеца, денес и ставија прва вакцина. Во случај на покачена тт ми рекоа да дадам сирупче ама веќе кога имам дома од лепенките би можела да пробам и со нив. Еве сега спие ама некако немирно, можно е да ја боли од боцкањето?
Моето е 5ипол месеци, преку ден слабо спие. По 15мин макс, ама ако сум до него ќе спие и 2 саати. Навечер сега му се регулираше. Заспива во 21ч, се буди неколку пати ама го префрлам со мене и мм на спална и така спие до савајле до 8. Кога беше мал, преку ден исто ич не спиеше, освен ако не заспијам и јас до него. Навечер легнуваше во 12/1 и се будеше на саат ипол.
Залепиги на местото на убодите. Можеш и ацидиборици ладни облоги да ставаш. Адоколку го болат нозете бебенцето ќе приметиш. Сируп далерон. Со лесно да помине и без реакција.
Јас се јавив кај педијатар вчера и ми рече да му давам по 80 мл на 3 саати. Во меѓувреме ако бара само чај ништо друго. Морало да се запази интервалот од 3 сати за да се свари ад млекото во желудникот. Вечерта лошо ја поминавме стануваше на 2 часа па ајде чајот прв пат го проба се мрштеше некако. До 5 часот око не склопивме со мм.Колку смеам да му давам бекутан чај, да не ја претерам? Пие по 30 мл измеѓу оброци бебе старо 2 недели. Знам дека не се препорачува чај ама ова ни е единствено решение за да нема проблеми со варењето. 3 дена не е какано од што му дававме досега на саат и пол.
Мислиш дека од што сте давале повеќе се нема искакано? Од кое млеко пие? Чај на кутијата бекутсн пишува 100-200 мл на ден но за бебенце од 2 недели можеби и 100 е многу. Дали когс ќе ги испие тие 80 се смирува или продолжува д аллаче?