А не се овие лепенки само за температура ако качи? И дали треба да се менуваат на одредено време, ко што разбрав само врз боцканото се лепи Прашувам дека и бебе ќе прима ревакцина наредната недела... ми ги донесоа од Мк, но уште не сум користела
Совет денес ни беше, веднаш да залепиме на местото на боцканото, се менуваат на 10 часа. Значи сабајле ставивме и вечер пак ќе ставам. Имаат гел кој лади, и ублажува болка. Парацетамол ми рекоа ако крени над 38 температура. Сега за сега сме само со лепенкиве
Да, исто и мојот се врти на стомак и така сака да цица. Си играме ние, не е никаков проблем само ете некогаш 5мин до тоалет ми требаат. Сите играчки ги фаќа, ги гриза и ги фрла. Не му се задржува вниманието со ниту една. Може треба да му земам нови. Какви играчки имате вие? Нашите се претежно тропалки, книги, мечиња, такви што вадат звуци кога ќе ги стегнеш. Не знам зошто не си заигрува. Порано се заигруваше повеќе, сега сака во раце и да гледа и разгледува. Тоа е океј ама барем да не биде 24ч
И моево сака да разгледува, целиот среќен е и не знае на која страна побрзо да се сврти, но грб ме боли и не можам да го држам, па си разгледува од земја и од креветче. Кратко само можам да го држам во раце. Играчки што свират и светат, со типки да мава по нив и копчиња да стега со звуци од животни најмногу му држат внимание и глодалки. Мечиња и плишани играчки не му давам.
И моето е такво после 5ти скок. Некако веќе е дете, не ми е бебе (само навечер и сабајле ми е бебенце ). Многу разбира, гледа, сака надвор подолго кенка ако го внесам, омилена активност кинење лисја, веќе си заспива сам (мора да е гушнат во мене). Му пејам една песничка за рачињата е темата и ги креваме, ги спуштаме и го гледам од пред една недела ги крева високо горе, па мафта (мајка ми е во филм дека го научила чао да кажува, нека ја). Околу играчките пишував пред некое време дека му здосадуваат, моите нонстоп нешто ново му купуваат, јас му изнакупував пред 2 недели свашта, татко му носи од странство и досадни му се. Џабе фрлени пари. Сега секој ден му давам 'нова' играчка: капаче од тегла, пластично од крем/павлака било што, влажни марамици, стар телефон, пластични чаши, чорапи негови (омилени му се), папучи негови, шишиња полнети со ориз, грав, леќа... Најново со мандарини си игра, ги фрла само или седнувам на маса со него и лупа со рачињата по масата. Има еден понизок рафт на комодата, тука му редам играчки и он седнат ги зима и ги фрла. Денеска се фати за масата и проба да се крене, дека стакло и тежок му е газо, му се лизнаа рацете и го фатив среќа близу бев, инаку директ на глава позади Пазете ги овој период, ептен се активни и непредвидливи.
И моиве се 18та од раѓање а ако бројам од термин 21 недела. Исто за 2,2 ипол саати од последно будење пак им се спие и фактички 3 пати им се фаќаше до пред 3 дена сега и 4 бидејќи до сега си легнуваа до 8 ипол најдоцна врзуваа до 6, 6ипол ( со исклучоци некогаш едното некогаш другото ќе се разбуди ќе заплаче, мочано, какано не битно ...ги презаспивав со цуцла ) во 6, 6ипол јадеа и повторно ги презаспивав и спиеа до 9ипол, абе т8п ми беше иако се со помала родилна тежина ставот ми е дека побрзо и по здраво растат додека спијат одколку да ги будам. Тоа го пресеков веднаш по 40 дена кога пркнаа да речам И супер ни одеше се до пред некој ден од кога ги примерив дека се понервозни после млекото во 6 спијат плус 40 мин или 45 почнаа тоа презаспивање да го препознаваат како денско да им е, фактички прво денско ( ова е моја претпоставка незнам дали сум во право и дали ќе се вратат на стара шема одлично ми беше пошто преку ден сум претепана, секое ковче на телово ме боли !!!! ) Инаку ако ти е за утеха едниот близнак така ми станува како твоето на периоди од 2 недели, се му трае 2 недели се биди од рацете ги шмука во сон па ќе стане па плаче..и така неколку ноќи и после пак спие, па по некое време пак се буди и така.... додека ние се замараме и бараме начини како да постапиме децава пораснале Така да издржи некој ден можеби ќе смени. Али сакам додека можам да ми бидат со ред и рутина додека можам да ги коктролирам јас, пошто после малце потешко ))) Преку ден кога ќе приметам дека едниот веќе плаче за сон ги ставам двајцата во количка и нишкам нишкам додека не добијам запалење на мускуливе супер ми одеше, но почнаа да плачат неподносливо да не сакаат да замижат а им се спие им се плаче и јас тука мислам дека цела енергија ја губам предходно едвај чекав да дојде време за спиење за да си одморам, сега ми се плаче. И така си спијат пола саат, 45 мин со едно расонување на пола и повторно нишкање со количката, затоа побарав совет дали ова му се случува на некој друг и дали ќе се смени, односно да не им се многу 4 дремки, незнам.... пошто ете спијат навечер како, така... и цело време сум во борба да ми бидат синхронизирани пошто се 2 ...Аххх макички убави
Ние сме 3месеци и 1 недела да не се подречам ама сега некако има ред цуца моја , станува сабајле кон 7 или 8 часот преслекување цицање и си презаспива до кај 11. Па после се буди и одприлика еден или саат ипол е будна и пак дремнува ... дремките и се различно кога саат кога два часа,а знае и повеќе... а навечер најкасно 23 часот е заспана ... и се буди еднаш во текот на ноќта за цицање кон 3 или 4 часот ... сигурно ќе смени натаму ама сега вака тераме... претходно па се случуваше дење само ококорена да е еден период , рацете ми паднаа
Добро утро, мајки, жртви, хероини! Вчера ја примивме првата вакцина, против некаков ротавирус. Тука сѐ обратно ме учат, за седењето ми вика „супер, ојачај го детето!“. Како бре да го ојачам? Секој ортопед во Македонија вика дека никако седнување, ладно ми рече „епа не си во Македонија“. Океј. После прашав пак за кожата на куренцето, рече дека освен ако не влезе измет внатре, нема потреба да се трга. Се направив мутава и реков ај тргни ја и покажи ми како во случај да треба да чистам внатре, сосема малку повлече додека не ја видов главичката и рече „нема потреба повеќе од ова“. Не сум паметна веќе и не знам што да правам. Знам дека нема да го седнувам, ама мојов ќе го седнува, го потпира на колена и му зборува. Докторката рече дека не е опасно затоа што не било предолго, но во случај ако патуваме повеќе од два часа, треба да го вадиме од количката и да го легнеме за да му се оптегне грбчето.
Колку месеци ти е синчето? Мојава на 30-ти ке полни 5 месеци, корегирана возраст ке биде 4 месеци бидејќи е предвреме родена, па веќе еден месец се тегне да седи. Толку силно напињаше за седење што кога е јадена постојано повратуваше од млекото. Во средата бев кај Др. Видоески, му велам се напрега да седи, ми вика како ќе научи да седи, ако ти не и дозволуваш. Ми вика дај му на детето нека прави што сака. Ако сака да оди, дај ми и да оди. Тоа беа неговите совети. Еве мојава ја седнувам веќе. Пак се кочам, и гледам да е што помалку седната, а таа живи радости е.
Како да читам за моето. 3+месеци е а стално се тегне за седење, и кога ќе го исправам пун кефови се напиња се тегне да се подигне успева да ја подигне на напред главата и рамениците и ако не му помогнам плаче после неколку обиди многу е смешен изгледа како да прави стомачни
Мојот е мал, месец и нешто и не се тегне да седи. Прашав затоа што мајка ми ми списка да не го седнувам затоа што е мал, после прашав и на форумов и неколку жени споделија што им рекле ортопедите за седење, сите биле за НЕ, мене тука друг муабет ми прават.
Да, баш како стомачни да прават . Не само главата нанапред, и нозите ги креваат, како клопче се прават . Слободно го седнувај ако му е мерак, ете добивме дозвола и од ортопед.
Па го седнувам понекогаш, го пробав еднаш го птпрев на гарнитурата на назад само да не падне и си поседе ама почна да прета и се навали мада што ми е страв па не дозволувам многу да е во таа положба. Инаку д аи нозете ги подига мислам да му се потпрени на нешто и ќе седне ххахаха
Здраво, Дали после вакцина (нареден ден) сте ги ваделе надвор на сонце, воздух? Убаво е времето, а има темп 37.8 горе доле варира, па не знам дали да го изнесам
По правило не би требало да смета, на чист воздух, зошто да не. Кај нас е ладно и еве страв ми е да ја изнесам а и кенкава е, вчера ја вакцинираа. Нема температура
И мојот вчера прими, ама преку ноќ крена 38.3 цело сабајле е кенкав баш сеа едни лепенки му ставив. Тука е сончево, па би го изнела да се смири.
Лепенки и ние ставивме, веќе утрово трет пат ги сменив. Имаат ефект изгледа, на допир се гледам гел форма и разладуваат. Ќе биде подобар и со нив
Да, добри се многу. Го разладуваат, ама плаче и пак некако како да крева темп... Земав и сируп ама ми рекоа до 38.5 да не давам....