Вчера многу бебчиња се примиле вакцина. Колку се жалат само, сонциња. Мојата не крена тт, ок си е. Ја преспа цела ноќ (од 12 до 6 без будење)еве уште си спие, станува за цицање и си продолжува. Јас не ги залепив лепенките, чекав во случај да крене тт ама немаше потреба, барем до сега. Пишува можно е да крене од 24-48 часа, така да не се знае уште. Друго сакав да прашам: има некој искуство со папочна кила? Ако да, да ми пише дали и кога се повлекува. На ќере уште кога и падна папчето не се повлече на внатре туку се испакна на надвор, има големина на смоква и естетски не изгледа убаво. Педијатарот рече дека е честа појава, со тек на време ќе се повлече само. Порачав појас од нет за таа намена ама некако не е практичен, преткајќи го подместува.
Ќе се повлече, ќе се формира папочето кога ќе почне да седи и да ги вежба стомачните мускули, да се движи повеќе. Имаше така моето ппстаро дете, па сега се среди. Ако др проценил дека не е голема испакнатина, се ќе е ок.
Мајки едно прашање, вие што не користите столче за јадење како ги раните дечињата? Ќе идеме за неколку недели пак на викенд до кај свекрвата, нема шанса да го влечеме столчето. Тие два три дена како да го ранам? Ќе ја носиме количката, на колку степени може во неа? Како што го возам или да ја дигнам на 90 тие 15мин?
Грешно си и кажала не се само педијатрите во МК отвори на гугл ја се пролистав уште оној ден кога пиша. Не наидов нигде дека е ова во ред и дека треба да се седнува. Може е паметно и второ мислење да си видите. И тука за курето едни викаат отварајте го други не. На нет пишува не треба да се чепка а еве внук ми 5г ќе оди на хирушки зафат зошто некоја докторка рекла до 3г не се чепка. Мој совет е да си одите на ортопед ако дп сега не сте биле ја педијатар не би слушала за седнување. А за куре на уролог..
Зависи од чајчето , има чајчиња што се користат и од прв ден од раѓање , ама ако нема грчеви подобро да не се дава толку рано . Инаку кога ке почне со дохрана може да се дава слободно чајче
20 дена е бебето мислам дека му има влезено вода во увото го притискам и на двете на левото реагира со кинкање и по цел ден плаче мислев дека е од грчеви но сега мислам дека има водичка влезено помош што можам да направам
Ако мислиш дека е скоро тоа настснато да пробаш сврти го на страна дали ќе истече. Инаку на педијатар да се види ако е поодамна да не настанала инфекција,знаци кои би укажувале на тоа се да си го тели увцето, плачливо да е проблем со спиењето покачена теѓпература исцедок од ушенцето и сл
Моето имаше запек 4 дена не беше какано. На ад млеко сме. Ми ги сменив капките биогаја со ваја и си се олесни. Како мене да ми олесна такво чивство имам. Само сега ми е раздразнет некако. Нема црвено газе се си е нормано ама ми плаче без причина. Најаден напиен чајче пресоблечен со чиста пелена и почнува да плаче, да се вцрвенува од плачење. 2 недели старо,можно ли е да се грчеви во прашање? Си велам ќе му мине за брзо може дури да му се среди убаво столицата вака ќе е.
Кои се симптомите на рефлукс кај вашите бебиња доколку сте го имале? Ми бљуцкаше млеко после секој оброк, сега поврати и бљуцна едно 7-8 пати после оброкот..
Моево имаше минимално испакнато пупе, јас мислев на сите новороденчиња така е, ама докторката на контрола ни кажа дека е папочна кила и ќе се повлече. Мислам тука на темава кажуваа за поставување монета на местото. Јас ништо не ставав, не се сеќавам кога точно ама до кај 3 месеци мислам се повлече.
Мајки користите ли некој гел за пред избивање на забчиња ние утре полниме 3м матична ни кажа дека се оцртани забчиња, само се чеша лигави не спие цела ноќ од тоа што става раце во уста незнам какода му ублажам чешање?
Добра меморија! @Monella синко имаше папочна од премногу грчеви . Ептен се испакна папочето и купив стегач од медикус (така мислам се викаше види на нет). Не беше многу скап, ама и не му го ставав често зошто му шеташе горе долу, па на крај неколку дена со еластичен завој го врзував. За недела-две се врати папочето во нормала, меѓутоа еве уште е малку како црно, со тек на време почна да бледее. Тоа беше кога имаше месец и пол, еве сега има 8 и пол. Не се плаши не е страшно
моето имаше,носеше појас од медикус хелп,практичен беше,до кај 7ми месец го носеше после почна да лази,седи,движи и се повлече,ги разработи стомачните мускули.
Веќе помина, веднаш се затвори. Се поти тој дел, па црвенкасто е, кожа на кожа е како слој. Но веќе се повлекува и црвенкастата линија.