Јас моево го дигам 5пати на ден за рачињата во седечка положба (од 2 и пол месеци) и курето до кај оди кожичката не повеќе само се подотвара (од првиот ден ) (во Македонија сум и педијатар така вика )
Еве јас ги користам овие по препорака од другарка од Италија си ги порачав онлајн https://www.globalpharmacy.it/mk/product/chamodent-800-globuli-10-g/ Топло ви ги препорачувам
Дубак ако сакаш почекај да седне стабилно (обично после 8 месеци). Инаку дубак си е дубак, сите се исти само дизајн различен
Малиот ми е на града нон стоп, не само кога му се јаде, ја користи како цуцла. Не можам да се мрднам од него, плаче. Татко му веќе не успева да го смири, ако спие и јас не сум таму, се буди и плаче. Не заспива освен ако не му дадам цицка, освен кога се возиме или е во количката. Се мислам да најдам некакви цуцли што се слични како брадавицата, барем за да може да се смири додека работам нешто низ дома, или сум во вц. Имала некоја овакво искуство? Имате некои цуцли да ми препорачате?
И кај мене правеше така на почетокот и земав цуцла на томи типи баш како цуцла од шише е формата и си ја прифати а тие другите сплесканите не ги сака ич. Само ќе ти треба барем два три дена упорност ќе мора да го оставиш да плаче да свати дека цуцлата треба да ја цуца а не со цице да си игра
Знам дека е напорно ама првите 2 месеци е така. Бебето има потреба од твојата близина. Не си игра со цицето. Си бара блискост бебуш. Моето беше 24 часа на цице ,ни да јадам не можев, баш пишував овде. Напорно е навистина. Ама со тек на време ќе се тргне. Еве сега е 4 месеци и си цица додека заспие,штом заспие сама се трга и продолжува да спие. Мој предлог е да не му ускратуваш цице. Некако издржи, период е
Ти си втора што ги препорачува овие, ама некаде прочитав дека ги препорачуваат за бебиња кои се хранат со шише. Малку ми е страв да не престане да цица. И јас се двоумам дали да најдам друго решение, или да уживам додека е овака приврзан. Имам моменти на лудило кога стварно ми е тешко, јас преморена, брадавиците ужасно ме болат, он ги влече и плаче, нит сака да цица, нит да ги пушти скроз. Цица неколку секунди, влече, плаче и така до недоглед. Е тогаш знам да полудам, му го тупнувам во раце на мојов и одам во вц да плачам затоа што не знам веќе што со себе, а во истиот момент ми се кине срцево оти го слушам како плаче во другата соба.
Јас имам вакво искуство Не е за смеење, знам колку е тешко. На цуцли дадов добри 5000денари. Ги купив сите што ги најдов и ниту една не сакаше. Мм гледаше на јутуб демек видеа како да го натера на цуцла. И една вечер буташе буташе и коа поврати синко во млаз веќе се откажавме. Но, од 4ипол месеци некаде прифаќа цуцла кога се вози во количка или во кола во транспортер. Дома да му ја дадам не ја сака. Инаку сега ги цуца тие од Нук, тие му се омилени. Знам дека е тешко, еве и мене сега ми е тешко не знае да пие вода од шише, а му се пие. Наместо да шмука он дува Издржи мајка тоа е, пробај сепак со некое цуцле, може ќе ти успее.
Кога се роди, прифати цуцла веднаш, веднаш знаеше да цица и ниту еднаш не направил проблем затоа што му мешав шише и цицка. Сега почна да не ги сака цуцлите, само на града. Од една страна и ми е мило што не сака цуцли, можеби подобро, ама не знам веќе што да правам. Имам и друг страв, што ако сега најдам привремено решение и кога ќе дојде тој скокот во 3ти месец, малиот да одбива да цица ради ова?
Исто, исто бевме и ние. Кога беше мал цуцаше цуцла ама после некое време не му давав, ми беше страв да не се одбие од цицка И толку беше... После 4 месеци се менуваат работите, многу помалце цицаат и сами си се тргаат. Сега додека се мали и близина им треба. Но те разборам и тебе, сакаш да здивнеш, знам како е.
@PurpleMind Те сфаќам како ти е, го поминав и јас тоа. И јас мислам да не му ускратуваш цице, потребно му е сега тоа. Тешко е, тешко се издржува, но и тоа ќе помине. Цуцлата не може да му ја замени близината твоја, гушкајте се, брзо ќе порасне. Еве моево сега само заспива, само си игра и ми фали таа близина иако тогаш ми беше претешко. Не спиеше ако не му е цицката во уста, не можев да мрднам, мм ме хранеше еден период. Ниту една цуцла не сакаше да ја прифати, се гадеше, освен кратко таа од болница ја цуцаше, а и јас не форсирав. Домашните работи ќе почекаат, нека преземе мажот ти или не знам некој ако се гледате со луѓе. Издржи @Ceculka Дубак ортопед не препорачува да се користи. Оставај го на под и ќе заоди кога ќе е спремно, со дубак е форсирање, а башка може да се искриват нозете. Ортопедот каде што го носиме кажува дека тоа се помагала за деца што имаат проблем со проодување, па се користи со препорака, а не затоа што ние сакаме За правилен развој, ставај го на подлога на земја и да вежба мускули самото колку што сака. Ќе дојде и до одење, но прво да ги помине другите фази што му претходат на застанувањето на стапало.
И да ти кажам уште нешто. Одмор е. Значи од толку обврски дома, башка и бебе. Кога ќе сака да цица, легнувам до неа и тие 5,10 мин додека цица јас одмарам @PurpleMind
@PurpleMind цицката не е само млеко. Утеха му е, топлина му е, близина, твојот мирис, се она што му треба да се чувствува сигурно. Тоа е неговото единствено познато место на светот. Ти си му цицката. Така е на почеток. Ќе седиш со цицките на мегдан. Ќе задремуваш само што главата ќе ти допре нешто, често и со отворена уста и лигавешка од страна. Ќе порасне па ќе се смееш кога ќе ти текне. Мојата цуцла фати на 6 месеци. Ги собрав да ги фрлам и маж дојде на идеја да проба и тогаш ја фати. Верувај ем не чини за вилицата, а потоа и забите, ем полесно ќе го откажеш од цицка него ли од цуцла. Мој совет е ич не форсирај цуцла. Гушкајте бебиња и уживајте. Се останато може да чека.
Еве и јас да пишам за поддршка. Исто бевме ние залепени 24/7, плачев од умор, плачев дека се потиме гушнати и не можам да се истуширам. Плачев зашто мм на раат си јадеше, си гледаше серии и филмови, готвеше, идеше во маркет, а јас само во кревет здебелена и со крварење. Многу му набивав вина. Поголемиот дел од времето уживав ама тој еден саат кога ме фаќаше лудило само плачев. После се каам за се што сум помислила и кажала и за некој ден одново Ако ти е утеха брзо ќе помине, не му ја земај градата
Скроззз. Истово ќе го пишев. Едвај чекам. И некако вака оди: Ај додека цица, ти пружи алишта/стави за јадење/пушти садови . (а ти пушти си серија) Користете
Веќе кога сите го имате истиот проблем како мене да ве прашам до кој месец бевте вака? Мојава е 3 месеци и 4 дена и по цел ден сака на цицка да е. Не дека цица спие на неа (цуцли не сака). Слабо и на килажа придава па ја дохранувам. Ја будам но не цица. Штом со прстот ја извадам градата од неа плаче и ја бара. Цицне малку и пак си спие. Сум забележала кога и ја тргнам градата додека да усети дека не и е во уста, ја клапа вилицата на празно
Цицањето нема врска близина си бара. Моето од старт е на Ад па првите два месеци спиеше на мене ден ноќ.
Менуваат. Јас до 2-3 месеци исто мислев ќе седи нон стоп, шала на страна, не беше лесно. На 3 месеци почна па по 10 мин максимум, дури се загрижив дека нема да качи. Имаше скок, плачење на града. Сега на 4 месеци пак е многу време ама и си преспива, па ако ја тргнам не праи проблем. Знам кога активно цица и кога само седи, веќе сме испраксирани.