Дали на вечер на секое јадење чекате да ждригне вашето бебе? Дур ја нахранам, дур чекам да ждригне 1 час помине и само што заспијам таа пак огладнела
Моево не ждрига секогаш ама кога не ми ждригне после шубе ми е да не бљуцка Ама па се комира на рамо ми спие
На рамо секако спие, обично и не ждрига ама ја држам и јас од страв да не бљуцне. На сабајле секако испиврати и ика од што и се собрало вечер
Ако мислиш за ноќе, не ја кревав да ждригне, цицаше успана и продолжуваше да спие без проблем, ноќе не бљуцкаше.
Сега во дм ги видов цуцливе на авент само во форма на мечиња иста е скроз и по форма и цена како на таа на ремедика ако си ги пробала овие ич да не ја бараш таа од ремедика џабе
Јас не го кревам навечер, педијатарката ми кажа бебе штом спиело да не го кревам само ќе го расонам и ни јас ни он наспани, само цице во уста додека спие му ставам и си продолжува после. Е сега преку ден и да задреме го кревам.
Мајки 5м сме и долг период на вечер многу не мирно спие... Нон стоп прета и ако не ја занишкам и допрам за раче или на лице ќе де разбуди..немам сон долг период е ова можеби два месеци ако не и повеќе вака спие. Денски кога спие не прави вака се случува ама многу поретко.
Не сум ги пробала не сум од ск нема како да ги купам. Беба е 3 месеци ама не ми се верува и овие да ги сака. Пробав на томи типи, каучукова на чико, мам, бејби лов и едни германски и ниедни не сака ги плука и прави фаци за повраќање
По колку денски дремки имаат вашите 5 месецни бебиња? Ние денес за чудо 5 дремки, 4 по пола саат и една од 45 минути, секој ден ми спие 3 пати по пола саат
Авентов и по аптеки ги има Да чим толку не ти сака сигурно и оваа нема да ја прифати Ај може понатака ќе почне не се знае
и моето, одкако влеговме во 4 скок,почна така да спие, прета,се врти со глава,дига нозе...ако го допрам се буди, и спие по 20мин до пола саат... Најдолго спие во раце кога ми е, па јас спијам потпрена на ѕид во седечка положба... се надевам ке смени по скоков...умрев за спиење
Една или две по 30-40минути... Така е од кога влезе во 4ти скок, мислев ќе помине скокот ќе се среди со дневните дремки ама не. Ај што не спие туку бара внимание цело време...
Многу внимание бараат, ние сме во 5ти скок, едино што се смени после 4ти скок што сака во количка да ја возам по цел саат каде што има дрвја
Мојата уште на почеток беше гурман, цицне па дреме, сега па се и е интересно цица па разгледува наоколу Ама чудно навечер е многу ефикасна, ќе се нацица лакомо за 10 мин и пак заспива. Би си лежела јас со неа цел ден, ама сами сме , маж ми доаѓа попладне, мора да се раскрене, да пуштам машина, да каснам нешто...Мислам со тек на време ќе се средиме, веќе знам кога е гладна, а кога се игра со цицето. Интересна статија за различни видови цицачиhttps://www.hipp.mk/mlechni-formuli/machino-mleko-i-doee/razlichni-tipovi-na-doee/
Нема доволно податоци за безбедноста при доење. Ако сакаш да си на сигурно не земај. Некои истражувања укажуваат дека нема несакани ефекти. Во секој случај се излачува во мајчино млеко, можни се алергиски реакции кај бебето.