Супер баш ми е мило што ти помогнал И мене грбот лом ми беше во 6ти7ми месец а лето срам ми беше маички на прерамки Многу брзо ми ги исуши и сега само се шлакам
Според мене подобро е посебно зашто со раснење се зголемува дозата на д3, па може ќе треба дневно две капсули да даваш, а со тоа ја дуплираш и дозата омега.
Мене ортопедот ми рече да продолжам со овие и плус 2 капки пливит Д да му давам..не мора дупла доза од овие
Па добро и така може. Јас омега од старт давам посебно зашто другите ги менувам пливит или вигантол зависи и полесно ми е за дозирање. А и овие капсулите ептен се досадни за давање, се лепат по прсти, мене ме нервираат
Какви даваш омега? Дај да сменам да не се шлакам со овие..секако ќе земам пливит барем скрос да ги џитнам капсуливе..
Нас ни стои уште таа доза и поминуваме со едната капсула. Јас мислев кога ќе треба да додаваме Д3 да го ставам на лажичка од некои од капките во зависност колку капки ќе треба.
Бејбитол давам уште, еднаш мм го пратив да најде други омега ама таа му рекла овие биле за бебиња и реков јас ќе одам ама ете стално заборавам. А ги форсираат Бејбитол ептен, баш мм во Хрватска бил во аптека барал Вигантол и овој аптекарот му рекол као Не, погрешно сте сфатиле, Бејбитол се викаат Ако најдам замена ќе пишам.
Се распишавме ние овде а не ни е местото Ама ајде ќе ни простат Маж ти шофер е така? Кај ги има на друго место вигантол? Да порачам јас по нашиве, ама не одат нагоре освен косово и ретко за србија..Грција и турција ги возиме само..да прашам таму за омега ако има некои.. Аа ми текна сега ќе ги тагнам гркинкиве ама во другава тема да не ја полнам оваа
Никако да си идеме од темава Да, вози и често иде и он за Грција. Ги има во Србија сигурно, за Косово не сум сигурна. Ајде следам за омега.
Да прашам овде. Малото ми има течна зелена столица од вчера. Имав напад на желудник па пиев чај од нане. Прекинав од вчера ама уште има. Дали има врска тоа што пијам и пролом вода? Ми требаше да го смирам желудникот. Почнавме и со омега од вчера да не му е од тоа? Прима и д3 и пробиотик. Правиме премин од мешано на ексклузивно мајчино деновиве. Како да му ја стегнам столицата? Старо е 2 недели скоро
Колку столици има? Од Грчевите можи да има зелена столица или настинка..ќе ја тагнам @Jana06 ќе ти кажи како да делуваш преку млекото и што да јадиш јас не дојам и незнам Омегата е после 3 месеци зошто толку рано сте почнале? До 3 месеци се дава д3со к1 Пробиотикот продолжи го тој се препорачува и за пролив ако имаат
@Tsukinory Се случиле многу промени, нормално е и кај малото да има промени. Важно е колку столици има во неколку саати, инаку зелена и течна столица кај новороденче не е страшно. Не е од пролом и јас пиев таква до скоро, можно е од нането да е зелена, а да има промена од преминот само на мајчино. Ништо страшно, продолжи си со доење 24/7,пробиотик и ти стави се на малку потврда исхрана како банана, ориз, компир и сл и ќе се среди. Омега и јас не би давала сега, ние почнавме од 3+. Омегата може да направи и грчеви.
Нас од 2 недели ни дадоа и Омега, покрај д3+к1 и пробиотик. Оваа комбинација ни рекоа до 3 месеци да оди.
Да, после 3 месеци се прекинува к1. Не дека е погрешно да се дава омега туку може да почека особено ако е на доење. На ад е убаво да се дава од раѓање.
Ние омега почнавме на 1 месец - на тоа што веќе пиеше д3+к1 додадовме плус д3+омега. Кај нас немаше промена на столицата од тоа, можно е да е и од ова и од нешто друго. Следи го советот на Јана со храната, би требало да има подобрување @Tsukinory