има ли некој што дава б6 на бебето? По препорака од педијатар да сум давала да не било нервозно толку 2 пати по половинка.... ама јас прв пат слушам. Има некој искуство? бебе е 4+
Немам искуство, една членка ми имаше пишано дека му дала еднаш на бебето ама немало никаква промена, не знам дали е паметно секој ден да се дава. Сакав да прашам како е нервозно бебето, што прави? Треба да се најде причината, а не да се маскира со Б6.
А како приметил дека е нервозно или ти си го приметуваш? Прашувам дека прв пат слушам бебе да е нервозно... За б6 не знам ама имаш чајчиња на бекутан за добра ноќ што имаат такво смирувачко дејство. Има и за добро утро мислам
како бе така нервозно било дај му б6??? кој е тој педијатар?! мајка ти не си крива, бараш помош ама ваков коментар е за срамота од лекар؛ Да детето мозе да е нервозно ама си има причина, грчеви, скок и слично؛ И карактер да е не мозе на 4 месеци така да се третира؛ Умори го со активности, пробај да му го исполниш времето мозе тоа ќе го смири
Сериозно може грчеви да прави омегата? Мене од чаир ме испуштија до препорака за омега и д3 со к1 да давам да знам ако немора од сега да ја прекинам на тие грчеви уште ми фали плус нешто да му ги предизвикува
Мајки бебево денес само по малце јаде на адаптирано млеко сме нормално ли е понекогаш да губат апетит, јас одма се плашам да не губи на килажа дека е малечка родена, иначе еден месец точно сме
@Milkiway @Jana06 па као било у скок,раздразливо,плачливо, дека не спие ,мн често се буди, не било опуштено.... мн ми е глупо да давам б6 за возрасен на дете... и одлучив да не му дадам, затоа прашувам искуство. Фала ви
Немам лично искуство, меѓутоа колешка кажуваше за нејзиното бебе кое веќе е преку 35 години значи многу одамна некој педијатар од државна и рекол секој ден да дава на бебето бедоксин и дека е негова препорака за сите бебиња за нервниот систем било добро. Штом препорачал педијатар мислам нема штета . Сепак нели се витамини тоа.
Консултирај се и со друг педијатар, сепак тоа б6 не се за возрасни б6 давам на ќерката секој ден , не е бебе ама е дете.
Мајки Бебе многу ми се исфрли на образ Од што би можело да е? И што можам да мачкам? Тек за 7дена сум на педијатар
И двете И ја помислив дека од вадење надвор му е од ладното баш тој пат заборавив крема да му ставам За бацување сега сме на пауза дури не му пројде @Jana06 чаре?
Каква крема им ставате на бебушките кога одите надвор? Ако може слика да ставите. Дека јас со обична мустела го мачкам лиценцето.. Благодарам
На моето вака како посува кожа му се направи, мачкав Веледа крем и се потсмири, остана само на еден дел малку како лишај. Се надевам дека ќе помине. За надвор мачкам Веледа за студ и ветар, тогаш му се потсмирува, но изгледа треба да ставам подебел слој. Совет за друго нешто за лишај на лицето? Ќе ги тагирам @Annath и @Yowannty, ве молам за совет, но и други ако имате искуство со ова пишете.
Да напоменам му мачкам веледа од невен веќе 3 дена упорно во текот на целиот ден и ноќе кога станува за ад. Не знам колку време треба да помине за да се види ефект од крема
Јас немам убаво искуство со веледа за лице, на мое бебе не и одговараше. На ладно време многу е битно кожата убаво да се хидрира. Ако се случува почесто да се исуши, менувај крема додека не најдеш нешто што повеќе одговара. Лани на мојата и се потсушуваше кожата на делови на лицето, најчесто над веѓите и образите, со мустела се среди. Кога почнав мустела да користам редовно пред излегување надвор, веќе не се појави. За годинава земав polar explorer на little siberica и за сега сум задоволна. Баш пишав искуство во соодветната тема. Ама ако почне пак да се потсушува ќе се вратам на мустела. Зошто и сиберика и веледа се природни и секојдневни, а мустела е повеќе за третман. Пак ќе повторам, на зима е многу битно кожата да се хидрира соодветно. Еве бебе мое прв пат сега на 15 месеци пројави дерматит и доктор ми потврди на минатата контрола. Сеуште мачкам само крема за тело за хидратација, и за сега е доволно. Исто и мене ми се случува кога заладува, кожава скроз ми е дехидрирана, нарачав еден куп козметика да го оправам лицево. Исто многу битно е кремата за надвор да се нанесе пола час пред излегување, за да ја подготви соодветно кожата и се нанесува нормално. Нема потреба од дебели слоеви тоа само ќе ги затвори порите.
Ми текнува дека пишуваше за Литл Сиберика, ќе ја земам и неа. Околу 2-3 дена преку цел ден му ставам од обичниот крем од Веледа и му се потсмирува, а најмногу му се повлекува црвенилото надвор кога сме и намачкан е со Веледа за студ. Но не исчезнува, пак стои црвено и суво. Ќе пробам пола саат пред излегување, досега мачкав непосредно пред да излеземе, а дома кога ќе се прибереме, кожата веќе го упила кремот. На Мустела мислиш на кремот за студ и ветар, така?
Дали збориш и за мојот проблем погоре? Мислиш дека црвенилото е резултат на изложеност на студ? За да му помине ја ставам таа на база на невен веледата не знам друго што можам да користам Читав да се измива со камилица лицето има некој пробано?