Омега има и на dr.Leo baby, нив др, Сајкоски многу ги форсира . Малку се потврди капсулите за разлика од оние на бебитол, за нијанса полесни се за отварање.
Мене па не ми пречи што се во капсула, секунда работа е и готово, поминал редот денес за давање. Башка малиов отвора уста веднаш штом ги види, како којзнае што да му даваш. @Milkiway Камилица општо не користам на фаца, да не му отиде во очи, знае алергија да направи.
И мене тоа ми е страв и ја имам алергии да не ризикувам Ај ќе терам со веледава па ќе видам што ќе каже педијатар до тогаш
Како спијат вашите бебиња? Месец и пол сме, многу мрда додека спие, ако не сме до неа да ја фатиме за глсва, раче, се буди. Кога се смирува тој рефлекс(ако се смирува воопшто) Ако ја ставам во креветчето додека да дојдам до неа, таа е будна
Исто беше моето. Јас го повивав. Не класично туку повеќе само рачињата му ги фаќав со пелена да не може да се плаши сам. И така спиеше помирно. Потоа постепено го оставав да спие полабаво рачињата и сега нема мака. Си спие слободно
@0ли да, ставав мустела за студ и ветар. Зошто приметив тоа и се случува секогаш кога ќе излеземе надвор. Чим велиш дека обичната крема не прави некоја разлика, не ставај некое време, 2-3 дена на пример ставај само од таа за надвор што е, за да видиш дали навистина е до времето. Па смени крема ако не бива. Обично на секое пакување стои кога да се намачка. Ама отприлика сите овие креми за заштита се ставаат околу 20-30 минути пред излегување, за да може кремата да го подготви лицето за временската разлика. Исто е и со кремите со заштитен фактор. @Milkiway се вратив погоре да прочитам, твоето бебле е малецко, направи месец? Тоа се најверојатно бебешки акни, скоро сите бебиња ги имаат тој период, џабе ти е да ставаш било што, траат околу 3-4 недели и поминуваат сами од себе. За периодов можеш само крема за да го хидрираш лицето на утро е доволно откако ќе го измиеш. Иначе акните иако не изгледа убаво, може и да се прошири на цело лице, трпение само. Се чисти бебе од твоите хормони.
Нема проблем. Ако до сега не ги поминало, тогаш за бебешки акни се работи. Ги вадат првите месеци. Мојата точно на месецот ги извади. Почна малку на образи, па малку на чело и се проширија секаде. Многу ми беше мака да ја гледам таква, ама тоа е тоа. Самото ќе се исчисти и ќе помине само од себе, отприлика околу 3 недели траат плус/минус. Измивав само со чиста вода.
После може да се појави навратот, наксј ушите, градите и грбот, ако се бебешли акни.На моето бебе веќе 3 недели му се појавуваат на некои места, на други се губат.
Ако се хормонските акни да, не мачкај ништо, јас мислев поголемо е веќе за акните. Кога видов на едниот образ мислев од ладното е, еве и моето има моментално малку црвенило, ништо не го мачкам пред излегување веројатно од ладниот воздух е.
Па за сигурно валда ќе потврди педијатар што е Сумливо ми е дека се појавија ден после седењето надвор.. ама па денес гледам се смири. Важно и двете не се страшни Да не ме фаќаат паники
@0ли, јас Веледа користам за лицето, уште. Еве го пак ми се зацрвени од ладното, образите му се жар црвени и суви. Постојано го мачкам, веќе и не сака, пошто е голем, 4 години, ама образите му се суви и упорна сум, колку и да не сака. Не дека му поминува, ама се смирува кожата. Се додека е ладно, таква ќе му биде, така беше и минатите години. За надвор истата ја мачкам, пошто немам за заштита од студ и ветер, не зедов годинава.
Цели образи му се црвени, не само делови. Нема лишаи, ама има сува рапава кожа. Веледата го ублажува тоа. Ама имаше атопичен дерматит ко мал, тогаш и како твоево беше во образите, па ова му е оттогаш останато. По телото нема лишаи како што имаше, ама лицето му се зацрвенува. Од ладното и сувиот воздух е ова. Повеќе од ладното.
И кај мене вака му се вцрвенија обравчињата па мајка ми ми рече да пробам со мајчино млеко малце да му ставам, и пробав му ставив на лицето му постоја малце па го измив со вода и му се смири црвенилото, ако сакаш пробај може ќе му помогне и кај тебе тоа.