Ај едно глупо прашање јас да поставам, ги мерите ли бебињата дома и на каква вага, може ли да се измери на обична оваква како ние возрасните што се мериме? Ми здосади цело време го носам на педијатар да го мерат, а сега со ситуацијава ич не сакам да го бутам во народ, а ме интересира како ми напредува.
Се качувам на вагс се мерам и после го земам се мерам со него разликата во кг е неговата тежина. Секогаш е исто како кај педијатарот макс 100-200 гр да сме промашиле до сега
И запчиња да растат, јас не би вакцинирала зашто очигледно организмот се бори против нешто. Докторката вака ми објасни : војската е на фронт и се бори. Кога ќе се избори со тоа, војската ќе се врати во база и тогаш вакцина за да може одново да се избори.
Почекај си срцка,покачени се леукоцитите има вирусче како што повеќето ти пишале. Или му поминува според бројката или тек почнува Почекај си за сигурно
Моето бебе има сега вакви акни, некои поситни некои покрупни ама не само образи туку цело лице и почнаа по глава и раменца. Кожата е цела рапава. Скоро две недели од кога се појавија. Едни проаѓаат други нови искачаат. Кажете некој совет, лошо изгледаат
Нема единствено ако загнојуваат гентамицин или еозин јас мачкав еозин само неколку пати имам ставено гентамицин. Ќее поминат сами со тек на време. Нема акни веќе но кожата на челото му е многу рапава. А имаше на образите само и тук таму по некое на телото му се појавуваше,но воглавно само образите. Ќе помине со тек на време не грижи се, моментално изгледаат страшно додека не му се појавија не ни бев свесна дека толку мало бебе може да има акни и исто се појавуваа една ќе помине др се појавува по некое време понекогаш само по една на обравче и сега веќќе нема.
Си му ја пресушила кожата со еозинот. Мачкај лесна хидратантна крема. Можеби и мрсна некоја ќе ви одговара, ама мрсната може да ги затвори порите и пак да се нафрла. Доколку педијатар не констатира дека е нешто атопично не се мачка со ништо. Бебешките акни се хормонски, се смируваат па се појавуваат и се така некое време додека телото ги исфрла и се чисти од вашите хормони, значи џабе е да ставате било што. Ама оти сега веќе е ладно и тоа дополнително може да ја суши кожата, може да се мачка само нешто лесно за да ја хидрира. Бебешките акни најчесто се многу ситни и чести, проследени со потсушена кожа и црвенило. Поретко се така крупни. Не се секирајте за нив, ќе поминат сами од себе, организмот ќе ги исфрли. Мајчино млеко никако нигде мачкање на бебе. Тоа е супер фундамент за ширење и размножување на бактерии.
На челото не сум мачкала ништо. Само на образите на местата кај што имаше акни и тоа по препорака од педијатар. Мачкам од веледа крем за лице за бебинја подобро е. И беа доста страшни и не беа баш ситни сите па со рачињата сам ги поткачуваше кога плаче или во спиење па се раскрваруваа. А имаше и неколку што баш беа загноени ... За среќа сегс нема ни траг од акните. А челото зошто му е така рапавко незнам, нема ни црвенило ништо. Само како поткожно и кога го бањам по бањање поминувам нежно со бањатката на челото излегуваат како ситни проѕирни топченца и е подобро но пак се правст такви. Еве неколку дена веледа мачка подобро е. Од далеку не се ни примеќаат само на допир е рапаво.
Се напињам пошо мстичниов вчера коа бев ми рече дека била топ крвната слика. Дека параметрите биле за возрасен човек, и дека е нормално да има нешто покачено нешто смалено пошо е бебе. Ќе се мрднам.. се нервирам..
Како што читав вика дека може и последица од претходна вакцина .. лимфоцити кај бебе до година дрна се нормални од 0.6-9/10 Ама ќе ја одложам малку .. Фала ви
Ова асоцира на дерматит. Така на мојава сега на 15 месеци прв пат и се исфрла цел грб од најгоре до најдолу и таму кај што покрива пелената позади. Не беше воочливо, само на допир се чувствуваше рапаво. Засега само обична бебешка крема за тело мачкам и поминува. Ако мислиш дека веледа ви помага ок, веледа е доста тешка и мрсна, нас не ни одговараше. Ако се воспали обавезно на педијатар да ви дадат нешто соодветно за кожата. @macufce само во МК се праи крвна слика пред вакцина. Сега на 15 месеци прв пат испитавме крв, а до сега ги прими сите вакцини регуларно. Ти си го знаеш детето. Ако е расположено, некенкаво, ако полни пелени и се со ред, чим педијатар ти вели дека е ок и ако ти му веруваш послушај го.
Кога престанавте да користите С цуцла на шишињата за бебе? како да не сака да пие како порано мислам да не и е тешко влечењето?
Моето во третиот скок многу смени со јадењето драдтично намали мидлев дека му е тешко со таа цуцла да пие ( пиеше со двојка на авент натурал за деца по еден месец) сменив од сите можни големи не сакаше. Од поголемите се задавуваше многу му даѓаше млеко пробакжј ако мислиш детжка е тоа сега е 3++ и уште пие со 2
Дали вашите бебиња носат стегач за уши ? Некои викаат за да нема клемпави уши обавезно да се носат, ама јас сепак мислам дека тоа е наследно, ако има некој во фамилијата тогаш треба да се носи. Кои се вашите размислувања за ова?
Јас не ставам и мислам дека е наследно но еве син ми цело време спие со ушето преклопено и му стана бетер поклампаво од другото се мислам да му купам стегач да видим дали ќе се оправиме
За крв да се вмешам, во Мк од прсте земаат за пред вакцина, а тука во Гр мене ми се смејат кога им кажав од прсте дали земаат, исклучиво од вена се зема тука крв, без разлика бебе, дете или стар човек и тоа треба да има причина да се земе крв, така од ракав не ти ни земаат. До некаде може и имаат право, што знам. Ни брисеви од нос и грло не се земаат исто така како што во Мк се зема, е тоа ми е ептен мака, за брисеви сум ептен јас да има и тука, на секоја настинка би правела и јас, ама нема.