Незнам кај да пишам па овде ќе прашам. Испадна за кратко по царскиот дека морам да ја вадам жолчката. Не може да се одложи или да се лечи. Била активна цела бременост ама бидејќи пиев апчиња против контракции за олабавување на стомачниот зид не сме ги препознале симптомите порано. Дали некоја мајка поминала низ исто? Колку време ќе ми треба за закрепнување? Постои ли опасност од тоа да ми снема мајчино млеко? Овие денови затоа што мора да јадам еднолична и немрсна храна некако ми е намалено млекото. А ќе мора така да продолжам и по зафатот.
Не сум поминала низ тоа но Течностите мисламдека се најбитни за млеко. Можеби поради стрес е намалено нивото на окситоцин па не дозволува опуштање на каналите и истекување на млекото. Пробај опушти се и течности пиј . Пред доење можеш туш со топла вода или облози полесно да истекува млекото. Затоа велат мајката требада е одморена и смирена. Се ќе биде во ред . По лапароскопски оп зафат треба брзо да се опоравиш.
Маж ми ја вадеше жолчката и се опорави многу брзо. Три дена беше во кревет, по една недела отиде на пат. Подолго траеше мојот опоравак крајниците кога ги вадев. Внимаваше на исхраната 3-4 месеци, после почна се да јаде само внимаваше да не се прејаде (уште внимава на тоа, операцијата беше пред 2 години). Тешко не смееш да креваш 6 месеци минимум. Околу доењето најдобро да разговараш со докторот и да се измолзуваш во болница за да одржуваш лактација, еве за најсигурно околу влијанието на анестезијата ќе знае анестезиологот, а околу аналгетиците против болка јас лично мислам дека не сметаат зашто и после царски примаме. Но, најдобро со анестезиологот и педијатарот да се советуваш. Маж ми беше задоволен од третманот во воена, само ептен тешко е за термин, а сега со короната не знам како е.
Да. Јас се зачудив за момент на почеток оти очекував од прст да биде. Јас искрено би сакала да има можност крв да се испита кога се болни, ама ни тоа нема. Сега рутински и зема крв утрото, одма после тоа и боцна вакцина, резултатите од крвта стасаа наредниот ден. А овде, многу ми се свиѓа што нема тормозење навака натака. Педијатарката е единствен доктор што ја следи цело време. Таа и става вакцини и таа и зеде крв, претпоставувам става и инекции во случај да треба.
Мајка ми пред 5-6 месеци вадеше жолчка во Скопје во Градска Болница и тоа лапароскопски. Се надевам дека и кај тебе ќе може така. Она една вечер ја помина во болница, другиот ден дома. Ми кажа дека имало жена која истата вечер си отишла дома, не знам од кој причина. Многу брзо закрепна - за неколку дена веќе беше вратена во нормала. Треба да се внимава после со дреновите да се суви за да затворат побрзо, ама тоа се сосема мали и не е ништо страшно. Верувам дека на млад човек многу побрзо ќе му помине отколку на повозрасен. За млекото не знам што да ти кажам.. мнооогу течности, чај за доилки - види дали смееш после операција да пиеш. За храната.. не дека треба ‘мрсна’ храна да јадеш за млеко и мислам дека со исхраната после операција и млекото ќе немаш проблем. Почесто по малку ќе јадеш, ќе внесуваш течности (мајка ми пролом вода пие) и ќе биде во ред. Во болница молзи се за да одржиш лактација. Со лесно и без секирации, одмор и смиреност се најбитни за млекце
Кога ќе направат 4 мес ќе почнат д фаќаат се и тоа ќе го ставаат вуста.... Кај нас некок ден пред 4 почна да фача поубаво и убаво да спружа раце да земи... И сега се оди во уста
Да обавезно секој ден најчесто во двор го возам зошто ни е голем и најлесно ми е што и да биде дома сме зошто скоро стално сме сами и со кученцето па не ми се остава само дома жалми е вака сите 3 во двор
Утре правиме точно еден месец и веќе еве 3ти ден бебето ми е многу чудно цело време си станува само за јадење и после тоа одма заспива, многу малце плаче поточно само кенка, дури и погледот како да му е некако тажен или јас си правам филмови не знам, мерев температура мислев од тоа да не е цело време поспан ама нема, нормално ли е вакво однесување или има некој проблем бебето?
Никаде Ја шетам со филтер маска надвор Бебе денес носевме на водно така и планирам зимава дури не се расчисти. Многу е штетно ова за мало бебе што расте и се развива
Нормално е имав таков период после скокот во 5та недела Не осетивме бебе дома Ќе ти смени за време на втор скок во 8ма
Дали има некој искуство со менење млеко од хип на аптамил или на некое друго? Ми е дтрав да го сменам, а не ја држи многу сита. Плус на комфорт сме. Дали веднаш да преминам на обичен? педијатар вели веднаш ако е друга марка Ако одам на обичен хип можело пола пола постепено Фала
Јас менев од хип комбиотик на аптамил. Не се мешаат дирекно се дава од другото млеко. Го прифати но не какаше по 1 недела и мн се мачеше па пак и го вратив хип
Jas menev od hole na hip combiotik vednash ne se meshaat mlekata . E sea od comfort na combiotik ili obicnoto neznam dali mozhesh da meshash jas ne bi meshala . Mi bese strav i mene deka nrma da go drzhi hip no super si e so nego.
Дали ги има некој користено по колку пати во денот ги давате и по колку капки ставате бебето за 4 дена е 1 месец ама мн грчеви има инаку на ад формула сме..
Многу ретко. И заради загаденост и заради корона. Загрижена сум како им влијае оваа затвореност на нашите бебуши, зошто знам дека треба да се изнесуваат често на свеж воздух, без разлика дали е ладно, а нашиве услови со загаденоста особено во Скопје се ужасни.
Само на тераса излегуваме ако е потопло 20 тина мин. Ако е поладно 5-10. СК сум ама не баш во загаденото. Да бев пример Лисиче или центар не би ја изнесувала.