Ги земав овие, немаше други. Ќе ги пробаме ама за малце се поголеми од единицата. Ме насмеа со тоа, пелената под мишка ќе му биде.
Мајки совет! бебето ми е 5 и пол. месеци и од денес е настинато. Носето му тече е кива. Ѕвонев на матичната а таа ми вика да му дадам Далеро,да го бањам со топла вода и сол во неа и да го мачкам ракија. Некој ваш совет? му го чистам носето со Синомарин бејби. Прв ден му е денес па се плашам да не се полоши. И плус неможе да си врзе сон,од носето постојано се буди. Еве сега поспа 15 мин и толку. Буден ококорен. И вчера вечерта не беше баш спокпен но оваа кој знае како ќе помине.
Си требала во друг ДМ да одиш сериозна сум јас 2ка земав вакви а иначе обични користев и толку големи беа уште 3 прста над папокот да не кажам до под мишки скоро и мн брзо се полнат не можеш да ги оставиш едно јадење и мора да ги менуваш од мочки
Ќе пробуваме сега, ќе видиме како ќе биде. Слаби се да ама сепак подобро да се менува почесто пампа него да му стои долго. Земав од тоа бубхем шампонче и пенатен за газето, не знам кај да најдам тука павловичева сите ја фалат. Туферите ги собрав иако не знам за што се користат, изгледа со вода се топат и се чисти бебчето? Се мислам дали да земам масло од Бејби Џонсон и пудра исто пенатен или воопшто овие двете да не ги земам. Ах да и влажни си заборавив од брзање.
Jaс почнав да и давам деновиве по 2,3 лажички од сабајле. Јаболче и слива сега за сега, круша ќе и дадам следно.
@BabyD0ll Туферите се за бришење наместо влажни. Ги натопуваш со вода и бришеш. Инаку, не можам да се сетам дали користев такви или сè мислам дека беа вакви
4ка од колку кила се и дали има голема разлика од 3ка? Мојов 6 и пол кила имаама некако го стегаат кај бутовите не знам дали да му ги сменам
Од 7 кг се и не е баш мала разлика. И мојот кога беше 6 и пол, почна тројката да му прави црвено кај бутовите и поради тоа брзо се префрлив на четворка и Памперс премиум и Бејбилав. Малку му беа широчки, со ластичето повеќе ќе стегнеш, но ниту еднаш не му пропуштија и веќе не му се правеше црвено кај бутовите. Сега е околу 7700-7800 гр и супер му се.
Од 3јка до 4рка има доста разлика. Тројките уште пред повеќе од месец ни омалеа. 4рката уште и се малку големки (а сме сигурно 7кг ). Инаку јас залиха направив од 4 и 4+, али искрено неможев да најдам разлика во големина меѓу 4 и 4+ (дури 4рките како за нијанса поголеми ми делуваа )
Ништо ќе земам 4ка да пробам ако не сега понатака ќе ги искористам вака грев ми е да го гледам ептен го стискаат дупки има дури малце им се лоши моделите кога треба да се преоѓа од една на друга бројка знам кога преминував од двојка на тројка му пропуштаа и му беа доста големи многу оди во должина а нема меше големо без малку и да ги преклопувам лепенките
И јас му ги преклопував малку лепенките, но брзо се поместуваа Греота е да го стискаат, пробај со поголеми.
Да да дефинитивно, поголеми ќе си преклопиш и за брзо ќе му бидат и така точни. Мене ми останаа Кан бебе 4рка од некоја акција што сум ги земала( а помалецли се од БЛ 4ка), и сега тие ги дотрошувам па ќе се вратам на БЛ.
На кој начин комбинирате АД со доење? Дали еден оброк АД цела доза, следен цицање или после секое цицање додавате АД, па колку испие?
Бидејќи друг не споделил искуство, а сликата е моја што си ја цитирала, ќе морам пак јас да те цитирамги давам капкиве, задоволна сум. Ги давав почесто, сега ги намалувам, да не се на 4часа
Ако доиш не му давај цел оброк прво цицање па после ад ако има потреба. Ако му даваш цел оброк и да не цица можеш ти проблем со градите да си направиш и да ти се намали млеко
Јас со син ми почнав на 5ипол месеци негде со пробување вкусови, па се мислам сега со бебушка кога да почнам.
@BabyD0ll за почеток од козметика ќе Има во dm бадемово масло. Бабицата тоа ми го препорача и за пеленска регија а со него го намачка бебето и по телото откако го избања.