Има ли температура бебето? Ако нема, нема потреба од Далерон. Чистете носе, нека спие на косо, на повисока перница или под душечето стави книги или ќебе, искоси го. Може и во раце кај тебе, исправено, ти седната (јас и така имам спиено). Можеш да му залепиш Спиранто ако имаш. Или исецкај една главица кромид и стави му ја блиску до главата, ќе се одзатне. Може да го намачкаш на градите и грбот со Павле експулмо или Фитобалм. Може и да го избањаш во вода со сол. Потопла вода. Јас моиве си ги пикам во туш кабина, долу истурам крупна сол, потопла вода тече, и да диши, не мора да го киснеш детето, само глеј да му е топло. Не го наоблекувај многу преку ден, ако е настинато.
Мајки, од кога почнавте да ги ставате бебињата доле на под? И на што? Дали само на тие подлогите како игрални што се или одоздоле ги ставивте веднаш тие квадратитњ сунѓерести? Некако мислам дека е тврдо многу за толку мало бебе (2 месеци), а од друга страна, мислам дека е време да почнам да го оставам доле.. Со @Milkiway сме на истата мисла, читаме совети
Го однесов кај ортопед кога имаше 1 месец и тој рече да го ставам уште веднаш и почнав тогаш иако беше мало и само лежеше. Тамам е, и треба да е тврдо. На почетокот го ставав на прекривач што го користев само за тоа, а после 3 месеци (не се сеќавам колку имаше точно) зедов подлогa од големите 180×150 и дебела 1 cm, водоотпорна е и шарена. Не сум земала со играчки што висат или пијано да тропа со нозе, директно зедов од обичните. Обожава да е на земја на неа, ми се чини дека едвај чека.
Задутре сме на ортопед и секако ќе го прашам, а и сигурно ќе ми го каже истово што ми го кажуваш и ти. Значи веќе да си почнеме Фала на инфо
На меше го ставам, и некогаш сака, некогаш не.. ама сега веќе повеќе загледува, па му станува сѐ поинтересно. Инаку брзо заспива, обожава да е на меше
Луѓе , бебуш од недела утрото до ноќеска константно има грчеви . Не може ниту да спие на мира . Што да преземам ? Пробав со чајче од анасон , но не помага . Единствено што помага е методот " стомак на стомак " , но се плашам дека ќе ја научам да спие така .. Инаку , матичната била во контакт со позитивен на Ковид и моментално е во самоизолација , чека резултат , па од таа причина не можеме на преглед кај неа за да ми каже што да земам , дали смее Линекс за бебиња и слично , а не сакам да чекам , бебето е преморено , а и јас исто . Не барам лек , туку метод што е природен и ќе помогне додека се видиме со матичната , а да не е " стомак на стомак " . П . С . Бебето е месец ипол .
Не користите ли пробожиотик веќе? Да пробаш чај од ким? Масажа на меше вежбички да испушти гасови полесно . Топло термофорче или пелена топла на меше др др не ми текнува ако знае некој нека пише
Вежби му правиш со ноџињата како да вози точак? И масажа со уље на меше? Види на јутуб Кој чај го даваш од анасон?
Има време кога да се одвикне од спиење така тоа е мало уште додека има грчеви држи го стомак на стомак ем близина ем топлина.Чајот од анасон делува после неколку дена редовно користење имаш капки Еспумисан,Нурс харвеј,колеф,колипрев,ко лактазе,саб симплекс сите овие се користат против грчеви али не значи и дека ќе му помогнат и на твоето се е индивидуално од дете до дете.Ако е на цицање пази што јадеш. Обавезно ноџињата накај стомаче да прди бебе тоа највеќе олеснува.Али во никој случај не го оставај само и да плаче
Брзо заспива на меше или општо брзо заспива откако ќе поседи на меше? Прашувам бидејќи не треба ти да го ставаш на меше да спие. Од Пи-Ки околу 600 беше. Ептен сум задоволна од подлогата.
Брзо откако го оставам на меше заспива. Не го оставам така, веднаш го вртам на грб. Најчесто веднаш го носам во креветче пошто ми е страв да го оставам на гарнитура, а да не сум до него. Знам дека не смее да спие на меше толку мало, ама сигурна сум дека во животот така ќе спие (како и јас) пошто така одма се смирува и заспива тоа чудо едно
Ме насмеа и же потсети на свекрва ми: греота е долу толку мало. Ќе настине, ладно е, дува... Можеш да го оставаш, најсигурно е на под. Моиве накаде накај 3 ги ставив долу, кога имаше некоја активност, да се сврти, да побара играче, да лежи на меше. (Да направам ручек, да пуштам машини, да тркнам до вц)
Нема,нема температура. Секако пробував за да спие. Кај мене на гради,дигнат и се будеше постојано. Ноќва ја поминавме со спиење во релаксатор.
Уште од сега вежбам за свекрва Хаха Знам дека е добро на земја и на тврдо, само дали баш на паркет (пошто игралната е претенка) или некаква подлога одоздоле, што е подобро, тоа ми беше прашањето. Некогаш и дополнителна подлога којс е мека не е добро. Од денес иде бебе на под, а куче ќе биде најсреќно
Добро, и тоа е опција Пробај со кромидот, дури и преку ден. Стави во некое ттањирче и нека диши дете.
Е па искористи да спиеш сега бидејќи кога ќе почне само да се врти за спиење како што сака, ти нема да си раат