На секој подој? Дека моево дете не се трга само од цице за да знам дека е најадено...и обично мерам време колку цица....ама после кратко време бара пак и се мислам дека е гладно
0ли можи ли да ја сликниш подлогата ,и кажи ми од каде ја купи и која е цената за таа димензија. Во потрага сме и ние, земав од џамбо оние што се за вежбање .. па сакаме уште 3 да купиме да се спојат . Но ќе се изместуваат .
Знам , знам. Информирана сум за све од горенаведеново .... Ама психа те мава бе. Секакви муабети се вртат, а сепак се работи за свое дете. Некои пари си праат од здравјето на децата, а ние тупи ги главите.. Немам коментар , само да сме живи и здрави сите.. - За вакцината за корона незнам каде читав дека ако не се вакцинираш ќе ти одземат све што е на твое име (ќе припаѓа на државата) , Така да, дај боже да можеш да бираш ..
На секој, без исклучок, еве скоро 7 месеци. Ќе го следиш голтањето, временски не значи ништо, некои бебиња побрзо се најадуваат, а некои побавно. Моето некогаш се нацицува за 5 минути, а некогаш сака да се мази и подолго цица. После му нудам ад и колку испие - толку. Не ти бркаат работа тие за вежбање, земи си ваква, ептен е добра. Кога им пишав, ми ги испратија овие дека ги имаат, јас ја зедов првата. Околу 600 се и плус достава. Ова докторка кај вакцините или сестра? Да знам која е ако го носам таму за вакцина.
Само што ми вратија Пи Ки дека немаат веќе. Пишав на Лотус М, чекам одговор. Но во Лотус се 6 мм, не се 1 цм.
Ај ќе побарам каде имаше исти вакви, во меѓувреме ќе ја тагнам @mici-22 да каже ако види, таа од друго место купи.
Да додадам - имаат од 6 мм и е 380 денари, а имаат и од 1 цм и е 550 денари. Достава е 130 денари, а инаку продавницата е во Струмица.
Tnx за одговорот.. И на колку време вака се храневте? И супер препорака за подлогата, не знаев дека има вакви, барав коцки..
Па зависи, кога беше помал, цело време беше фактички со цице во уста. Тогаш на 6 часа давав ад, а во меѓувреме само цицање. Прво цицање, па ад, па спиеше и ќе се разбудеше после 3 часа, па пак цицање. И така во круг. Потоа кога давав трипати, имав точно саат во колку му давам ад, пак цицање во меѓувреме кога ќе посакаше, а исто и кога скратив уште еден ад оброк имав точно саат за тоа. Инаку и јас зедов коцки, но нема споредба со ова, попрактично ми е и за чистење и за пребришување.
Слично сме и ние на 1.5 месец, со тоа што ретко отспива 2ч преку ден, се кратки дремки се. И затоа мислев да не е гладно што не може да отспие подолго. Дохрана и давам еднаш околу 16ч и еднаш пред спиење кај 20 или 21ч, пие 30 до 50 мл до сега. Ноќе се буди на 2ч.
Значи повеќе е на цицање, а и таа дохрана не ти е потребна да ја даваш ако добро напредува. Можеби плаче затоа што е гладна, можеби има грчеви, сака близина, а и помалите бебиња спијат пократко и почесто се будат за цицање, башка можеби е во скок. Период е, ќе помине.
Не мора да значи познат кошаркар не ми текнува кој пред некоја година го однесе детето во Хрватска да го вакцинираат онаа вакцина што се збореше дека предизвикувала аутизам и ништо не доби детето како за беља доби аутизам. Мислам сепак дека сите вакцини и не се за сите деца треба да направат некое испитување кои треба а кои не. Не сите исто реагираат на вакцините на некои дури и многу лошо им е иако се ретки случаи. Кај нас не го вакцинираат само ако има алергија иначе шибај
Причините за аутизам сеуште не се јасни неможе да направат испитивање кај кое дете може да се појави...
Ја имам истата и јас ја платив толку од ПиКи, пресупер е,со две лица, идеална за бебе, ама ја гледав во Лотус М пред некој ден, истата беше 380ден
Пишувај им одма на Лотус додека пола форум не ги порача и се потрошат и таму Барај да е со 1 cm дебелина.
Pi Ki снемале од подлогите, изгледа до форумов ќе да е. Лотус имаат уште, прашав јас . Ама во меѓувреме најдов нешто поинтересно: