Нас ништо не ни помогна, само одмивање наместо влажни марамчиња, чај од камилица и неколку пати во денот го оставав гол.
Почесто му ги менував пелените и после секое менување пелена го одмивав со хип купка што си ја користиме и го мачкав со масло од кантарион
Значи стварно човек да се мрдне од нашиве доктори Во понеделникот бевме прв пат на ортопед и ни кажаа дека десното кукче не е развиено и дека треба да и ставам по три тетра пелени о да земеме корективни гаќички и тие да и ги ставам. Јас извадена од памет одма побарав и второ мислење и денес бевме кај доктор Видоевски, ја прегледа малата и ни вика дека се е ОК со двете кукчиња и нема потреба ни од широк повој, а уште помалку од тие гаќички. Му кажувам за во мајчин дом што ми кажаа он ми вика дај ми снимки од ехо да видам, јас му викам не ми дадоа и он вика тогаш не знам што виделе они таму. Јас стварно не знам на кои да верувам и што да правам со детето
Во Мајчин дом не е прв пат да извадат родители од памет. Јас поради лошите искуства на мои блиски пријатели барав упат за Букурешт. Два пати бевме на ортопед и резултатите ни се уредни. Нареден пат барај упат за Букурешт или за некоја друга клиника. Јас се сомневам дека во прашање е заработка, односно процент за секое продадено ортопедско помагало.
Да он ми даде снимки и ми рече еве јас ти давам снимки и ако не ми веруваш мене покажи ги и на друг доктор нека ги види и нека си каже негово мислење.
Докажан доктор е, си ја знае работата, затоа и ти дал снимки. Сега оди во мајчин дом и плесни им ги снимките во лице па нека се засрамат.
Здраво мајки имам проблем со моето бебенце има само 9 дена и само спие по цел ден и цела вечер спие некогаш навечер се буди ама многу ретко , многу ретко ги отвара очињата само кога пие млекце и пие само по 60 мл ве молам кажете ми во што е проблемот прво дете ми е и немам искуство
Да не има малото жолтица? Таа е една од причините за константно спиење на новороденче. Дали е на мајчино млеко или на ад, мора да се храни барем на 3-4 часа, ако спие, буди го/ја, ако не се храни ќе дехидрира. Ако не се буди само тогаш мораш ти да го/ја будиш, користи влажни раце, лупкај му по устичето со прст, по носот исто, тие се начини да го/ја разбудиш. 60мл пие на еден подој или цел ден? Ако е на еден подој а треба да има барем 5-6 во текот на едно деноноќие, тогаш добро ти е бебето.
Да има жолтница утре требе да идеме на контрола да видиме дали поминала . Пие по 50-60 мл на еден подој .
Моево мн се дави и згрцнува кога цица.Мислам дека и надоагја мн млеко наеднаш.Дури и се закашлува па се нервира мн
здраво, ќе ве замолам да ми каже некоја од вас како до повеќе млеко,јас досега имав многу секогаш ми течеше ама од вчера кога ќе го стиснам градата многу малку млеко излегува.пијам чај за доилки од хип и еве преска пиев магнезиум форте и б6 вит ми рекоа дека помага ама не гледам некој резултат. синот плаче кога го ставам на града изгледа дека не му тече млеко.
Slimy пиј мн течности мора да надојде млеко само не се нервирај.и ставај го почесто на града за да стимулира лактација.Слушам боза помагала но не сум пробала лично.
течности пијам еве почнав многу од сабајле ама кога го ставам н. града нејќе плаче се нервира. бев многу напната стресирана нервозна овие денови изгледа од тоа е се плашам да не го губам млекото заради глупости што не вредат ништо. ти благодарам за советот мила а за твоето прашање порано и кај нас секогашсе случува така затоа што брза многу кога пие.
Ако мислиш дека е гладно ептен дај му ад..само како привремено решение.За да не се дразни да плаче нешто мора да ручка.Ти во мегју време прави им масажа и компресии на градите и само смирено
Слими не знам колку ќе помогнам ама еве бебушка моја е шест месеци и овие три дена исто плаче на града преку ден, навечер цица. Ама не е прв пат, поминува. Како што се сеќавам вие имавте многу грчеви, ако дадеш ад уште полошо, и за секое шише ад уште повеќе ќе снемаш млеко. И јас кога ќе стиснам нема многу млеко ама бебињата кога ќе повлечат надоаѓа. Навечер цица ли? Ако да, тогаш посетете педијатар, да не го боли пак ивото, носе затнато, грло... Не претерувај со многу течности, колку ти бара душата толку пиј, јади овошје, зеленчук, месо, односно од се по нешто, млекото не секнува туку така.
леона тој почнува да плаче кога ќе почне да цица и не му доаѓа доволно млеко и не фолта нон стоп како порано. обавезно утре ќе посетиме педијатар да ме советува што понатаму а и јас сум против ад секогаш сум бил ама што можам јас до крај ќе се потрудам да го задржим.да ние од почетикот имаме многу грчеви со доење а камоли со ад не можам да замислим. сепак многу ви благодарам за советите.
Имам прочитано дека на некоја феминка за повеќе млеко и има помогнато кисела павлака, па пробај и ти ништо не губиш.