@0ли на кое место се наоѓаше кај вас? Ова е баш околу фонтанелата, од предна страна кон челото. Незнам со четката да не фатам со триењето и кај неа, а тоа нежничко е
Се наоѓа на неколку места по малку, имаше и во близина на фонтанела. Пренежна е четката, се виткаат влакната кога поминуваш по главчето, јас со кружни движења му поминувам. Не плаши се за фонтанелата, ти нема да брцаш, како галење му доаѓа кога поминуваш со четката. Премеки се влакната, воопшто немаат острина, природно влакно е мислам. Ќе пробаш на својата кожа и ќе се увериш
Исто кака на 12 саати значи 2 пати во 24 саати. А после секое јадење напнува а не кака А каката му е полеплива веќе не е како претходно
Вчера цел ден не беше какан денес едвај исто густа и леплива. А пред три дена нели пишував дали е можно дијареа да има бидејќи во 24 часа имаше 4 течни столици баш течни. На ад само е .
Епа истото го проаѓаме Кај мене беше некоја чудна дијареа се слушаше како пролив некој .. па после одеднаш скрати на какање и кака лепливо. И ја му давам сега вода и чајот изгледа му помага Не знам дали даваш чај. Читав по нет ако е само на Ад се давало нешто благо како сок од јаболо за да какаат дури и за 2мес бебе. Ама ја му давам бекутан од анасон тој е со шеќери и гледам му помага.
Теменица има сега малку бебево ама над фонтанелата е. Поголемкото имаше многу, премногу, лушпи цели, ама дека му беше густа косата не ставав масло, ептен ќе требаше мрсен да седи лом ќе се направевме. Му ги вадев по малку со тек на време тие што му беа одлепени и закачени на косичката инаку многу ќе го малтретирав ако му се запнев со препарати, а и не сакав на фонтанела да го чепкам. Затоа сега не му се замарам на малово. А точно со малку масло било какво или со мрсна крема да постои брзо се чисти само после на кожичката треба нега, нежничка ќе биде. Леле земјотрес, ух од памет се вадам За подлога да проверите во продавнициве за играчки. Имам јас од поголемкото голема дебела, држи топло. Од Фани Тајм продавница во Драчево се наоѓа ако на некој му одговара таму да види. Него како ви реагираа бебињата неколку дена после првата вакцина, во четвртокот е вакциниран и чудно ми се однесува два дена, како во скок, а не е, баш сончев период треба да имаме сега.
Ова земјотресов ме стресол ептен изгледа Моето со на Дуа бебето се мислам во ист ден. Што да праам не ми иде со памтење имиња. Ќе се поправам
Не бе какво поправање, се разбираме дека понекогаш мозокот не ни работи. Ме збуна со датумот на раѓање. Се замислив да не ми се измешало мене нешто.