Преку ден и кај нас 60-90 мин вкупно, е сон. Повеќе е будна. Е сега знае од 3ч навечер до 12 следниот ден да спие, станува само за цицање и кома е, продолжува. Значи во едно деноноќие има 11-12 часа сон. Малку е за нејзина возраст, ама тоа е
Моето бебе во едно деноноќие има сон од 10ипол вечер до 6ипол сабајле + 3 дремки од по 20-30 мин преку ден. Не да е малку премалку е
Да ви го дадам моево на чување од 8 и пол 9 вечер спие до сабајле до 5 станува да јаде и пак продолжува до 9 и после уште некои дремки има
И софи има. Ние користиме мустела за теменица и со мека четка ја чешлам неежно . Не и скроз исчистено. Ама нема толку многу. Инаку кај предниот дел има и кај фонтанелата.
Што користите за црвено воспалено газе... Пробав се и пак му е црвено.... Почнав со афлодерм ама не ми се претерува сепак е кортико
Да нашите се на ист датум родени.Јас прашував колку пати во денот какат вашите бебиња на таа возраст.Моето какаше до вчера 3-4 пати и тоа течно златна боја е каката,денеска дури 6 пати до сега исто златно жолта боја течна столица. Се мислам да не е од рота вакцината која ја прими пред точно една недела.Инаку да напоменам дека само на доење сме.Искуство некој со вакво нешто?Како е кај вас? Ќе пратам како ќе биде до утре па ќе се јавам на педијатарот.
Мислам нормално е, мојот какаше 3 до 4 пати, некои денови затера и на секои 2 до 3 саати да е какан сега кака еднаш во ден. Менуваат за дечиња на доење само мислам е нормално а и подобро да кака да не се мачи
И јас пишав дека во четвртокот го вакцинирав и баш прашував дали мајкиве забележале промени. Со рота немам искуство со првото дете. Бебево до втор скок какаше златно жолто по 3-4 пати на ден и после наеднаш смени. Или нема столица денес или кака еднаш два пати течно и потемно жолто накај кафеаво. Така е и после ротата со тоа што уште потечни му се столиците, но не кака толку често како твоето. Некако како недоцицан се однесува овие два дена, нервозен е и заспива со бел звук. Кратки дремки има, се буди како да е гладен, цицнува, се нервира и се трга и плаче. Баш како во скок е. Чуден ми е
Немој афлодерм, тоа ептен ако има некое исфрлање по препорака на педијатар. Ми го препишаа еднаш за поголемкото, го купив, прочитав што е и не го ставив. Пробај без влажни марамици, само со тупфери натопени во вода и после обавезно со суво да го избришеш, да не е влажна кожичката. Пелени менувај на максимум три часа, посебно додека се стабилизира. Ако се искака што поскоро пресоблечи го. На моиве им ставам јекодерм или ако немам, павловичева. Мајкиве ставаат крема со цинк оксид ама моиве не реагираат добро на таа крема.
И ние заспиваме со плачење,а плачеме дека ни се спие уствари.Кенкава е и мојата,но приметувам дека не цица како претходно-ми се чини помалце цица во споредба со претходно иако бара често да е на цице,поготово навечер.
Исто, како да е гладен, пијам чаеви за доење деновиве, ме фаќа параноја, ваљда е реакција од вакцина или фаза. Него да не ви е скок на вас? Знам поблиску беше ти до термин породена, а 12 недели имаат
Појма немамод толку плачење со мојава почнав веќе времето да си го користам за одмарање за да можам да функционирам,па не сум имала време да прогугламИнаку телефонот не ми издржува да инсталирам апликација за тоа за да бидам во тек. Терминот ми беше 4ти септември,според него ја тераме 13та недела,има таму скок?