Од 11 ипол до 12 ипол е по апликација Еве напрај скрин шот како мене. И јас немам апликација затоа за манифестациите се распрашувам...
Мајки што да дадам за запек ? Беби ми е 5 ипол месеци ,почнавме со пробување вкусови , прво зеленчук , сега сме овошје Пробавме јаболко банана слива круша. Oткако почнавме со овошјево не кака , или едвај по две три топчиња мали трвди и се напнува денес дури и се расплака. Мислев коа ќе и дадам слива ќе се искака ама ништо Денес и дадов чајче на два пати Друго што да дадам , само на доење сме инаку
Многу бебиња имаат проблем со запек, и синко имаше. Давај тиква и слива почесто, ти пиј вода во која стоеле суви сливи и јади ги. Ако нема промена ке мора сируп.
Офф многу се нервирам што неможе да се олесни А суви сливи да ги сварам и водичката да и ја дадам нејзе може?
Не знам, јас немам правено така. Само каша, ама не беше ефикасно. Ни сируп не помогна, на природна база е инаку. Пиеше еден прашок, тоа помогна.
Истиот проблем и ние го имавме пред недела дена. Пробав со кашичка и сокче од слива, почнав да давам пробиотик и почесто доење. Сега се среди.
Во релаксатор од кога може да се става бебе? Овој што го имам јас се подесува во каква положба сакаш да биде ама нема во скроз легната, не знам дали смее така да лежи. Вчера прв пат го ставив и синко уживаше си ги прекрсти нозете и рацете во вис ги крена, бидејќи има и како вибрации да му пуштиш да го масира, абе како господин човек се понашаше, го оставив само 10 минути и кога го кренав почна да плаче, му се свиѓаше ептен.
Од 2 недели почнав да го ставам и мојов се подесува Ептен се лизгаше ко помало сега на 2месеци веќе му е таман
Јас имам ваков го оставам да седи колку сака некогаш и спие во него, ама ова повеќе и ко колепка е има душече одоздола ептен практичен ми е
Јас давам биогаја секој ден Сокчиња не давам , не сакав ни да и давам ама изгледа ќе морам да пробам со сокче од слива , од кашата никаков ефект
Уште од одма ни кажаа 2-3 саата смееш да го ставаш поручек во тоа ми спие 3 саата се љуља како господин со кренати раце никој да не го пипа Овој го имаме ние штета не се подесува за скроз да легне
Ај едно прашање за мајките чии деца спијат на поладно. Кај свеки сме, температурава во нашава спална е до 20степени, паѓа и на 18. Ќе донесат денес уште една панелка ама за секој случај да си прашам. Беше облечен во боди на кратки, чорапчиња и одозгоре плишана шпикозна. Го ставив во вреќа да спие. Си спиеше мирно, се разбуди стандард два/три пати да цицне ама обравчињата, ушињата и делот кај вратот што беше откриен му беа ладни. Доле нозе, стомаче, рачиња се му беше топло. Капа ми е шубе да му ставам за спиење, зашто ја врти главата лево десно. Не знам дали е океј вака да спие или да додадам уште облека?
Не ставај капа ќе го прегрееш преку глава си регулира топлина. И ти кадешто не си покриена ти се ладни деловите се имаш ли разболено или настинато ради тоа? Не. остај го така.Кај нас е наместена клима на 24 спие по кратки ракави некогаш и без панталони со кебенце покриен кога ќе го пипнам врие замисли на тоа уште чорапи вреќа и ред други работи даму ставам никако. Води се според тебе какп ти седиш така и тоа
Денес бевме да направиме крвна слика пошто утре сакаме да ставаме вакцина.. Бебуш беше ПРЕУМЕН спиеше пред тоа, па кога го боцнаа малце се штрекна, закенка како маче и толку.. си глеткаше на страна, зеваше мораше втор пат од друго прсте да го боцнат пошто не можеа да ја наполнат втората епрувета, па тогаш малце повеќе така закенка, ама сепак си беше мирен и сталожен како што бев преплашена, супер пројдовме уште утре да поминеме добро и без реакции
Кога јас прашував кај педијатар за облекување за спиење докторката ми рече колку ти облечена толку тоа, колку ти покриена толку тоа,води се по себе
Кај моите исто е, легнуваме на 20 степени, а ноќта доаѓа до 17-18 степени. Спие во боди на долги и шпикозни, покриен со ќебе и ноќта накај 12h ставам и јорган. Земав и јас вреќичка ама вака му е супер.
Мислам до 18 степени ти е нормална температура за.спиење немаш потреба од панелката. Ние спиеме и поладно доаѓа, 10-15 и ја покривам со ќебе плус. Вреќата за спиење ми е со ракави, бидејќи со ќебето не и покривам рачињата веднаш го става преку глава. На почетокот имаше мрсулчиња мислев од ладното, но тој период и сестра и имаше може било некое вирусче. Инаку нема проблем со ладното спиеме во соба која не ја грееме.