Незнам одсекогаш така спие грчевите му почнаа кога си дојдовме од болница интензивни по 5-6 часа и кога ќе престанеа накај 21часот тој заспиваше и се будеше само за јадење но со колипрев му се средија колку толку немаше толку дерење к виткање па полна порано да заспива клапнуваше накај 7 час сега е 3++ легнувањето е горе долу исто време со пола саат може само покасно да иде некогаш зависи кога му е последната дремка и колку долго ќе спие. А преку ден со сила 1ч30мин седи буден па дремнувс макар и 30 мин да е спиење. Ама мачиме мака со заспивање стално плаче во последно време му се спие а плаче не сака никако да заспие
Да ама сам си го напрај редот Еве во 10ипол веќе последно јаде и се буди 4ипол 5 не е совршено ама бар врзуваме 5-6 саати Е сега ако има грчеви на 2 пати се буди ама некако само си го фати редот и ја не знам како го ставам во креветче и кома е
Ништо, ќе чекам и мојава да си фати ред. Ама, многу ми е напорно, спијам и нишкам. Маж ми кажува и спиејќи дека се нишкам навечер во сон, без бебе, ептен ме исцрпува некако. Сакав да се растеретам малку. И тој помага, се менуваме на смени ама кога го гледам навечер 3 часот а цел свет спие тоа време, ми се плаче од мака
А ако ја оставиш што прави? Малиов знае да се разбуди во 3 а на пример време да јаде му е 5. Му менувам пелена, давам цуцла, некогаш ќе го повозам во количка па ќе се успие ако не бива го ставам во кревет. Он си ѕенѕа, си збори, си писка си се смее ние спиеме...многу ретко го држам во раце ептен грчеви ако има.
Мислам дека те имам читано дека не ја бањаш секој ден. И јас не го бањав, па после видов дека ужива во бањањето и ми беше жал да му ускратувам, па почнав секој ден со бањање околу 8-8:30. После тоа цицање и во кревет, гасам светло и излегувам од соба. Некогаш пуштам бели звуци, ама порано повеќе, сега веќе скоро ич. Он или заспива на града, па во креветче си продолжува, или во креветче си претка, си глетка, па по некое време си заспива. До 9:30 е заспан. Мислам дека бањањето ептен го опушта и дека поради тоа си воведе ред со спиењето. Ќе видиме појаките скокови кога ќе бидат како ќе биде, ама сега за сега е вака и е супер
Ааа не се смешка, туку ѕенѕа, претка, кенка и чекаме 5 мин и почнува да плачи за да је земиме. Во раце заспива за 2 минути со нишкање, потоа ја оставам и пак отвара очи На 2 дена до 3 ја бањам, но после бањање не заспива, како плус енергија да добива. Многу сака да е гола и да се бања, но послр ова си игра, си претка. Исто и после цицање, таа очи широко отвара и се смее. Не заспива. Затемнувам, пуштам бел звуци, песнички моцарт за бебиња, си слуша, некое време и потоа кенка за да шетаме низ дома. Наутро се осветлувам дома пуштам погласно тв, да знае дека е ден, а таа кома транс-си нане без проблем
Хахаха срценце Сигурно така си фатила ред пошто имаше грчеви душичка.. нашиот немаше грчеви, па од старт си спиеше навечер, немаше некој процес на учење и навикнување. Малку по малку кога ќе станува поактивна ќе се изморува повеќе преку ден, пс ќе почне навечер порано да заспива.. процес е, мора да се издржи.
А наместо во раце во количка или релаксатор да ја ставиш да си се успие? Може ќе помогне она си е научена во раце и затоа. Еве и моево сега е во скок и денски приметувам вришти да го земеш да го нишкаш да го врткаш ноќеска прв пат го земав да го успијам во раце ама оставам во креветче и излегувам Ја знам првиот месец со мм седевме во дневна и да заплачеше во креветче не скокавме одма. Остававме викаше и се смируваше. Некогаш нема да се смири па ќе го земеш и занишкаш. Така да си пробуваш некои методи и како што ќе расте ќе си се учи веројатно а и тебе ќе ти олесни И тоа со грчевите изи што го пиша има логика и моево немаше грчеви па не беше толку во раце
Од медикусхелп го земав. Килата е уште тука од многу напони при грчевите а си плачи многу. Исто и паричка 5денарка во газичка свиткав и со пелената го стегам. Паричката ми се покажа позгодна појасот само се изместува. Сега за сега не е повлечена,но ке се повлечела. Него ги боли ли? Знам кај возрасен боли кила на папок кога имаат
кога ке прочитам вака дека само заспива,не можам да се изначудам... јас истово го правам... бањам, цица, заспива, ставам у кревет и вреснува излагам од соба ,вришти без престан... пак нишкање 20мин , заспива ,го спуштам вреснува,и така во круг...
Гледај поручек да дремне малце или воопшто пробај направи некој распоред и со јадењето кога треба да јаде нека не јаде избањај ја навечер и после дај и да цица. Ако не сака да спие нема во раце на стомак нека прета нека се измори како може преку ден да спие цврсто и сама а навечер не? Сама направи си распоред. Јас дете не држам во раце освен навечер за успивање и ептен ако е во скок таа недела. Го терам да лежи и да си игра ако закенка или почнува да плаче го гревам со рачињата и вежби му правам го вртам на стомак прета, на нозе мои го легнувам како да прета и на крај ќе се измори како да копал на нива и заспива. Научи ја да се изморува и да си ја троши енергијата наместо во раце најди друг начин да се занимава играчки,вежби и зборење и тоа многу зборење устата пена додека не ти фати
^^ се е ова убаво, што советувате. пред некој ден забележав дека грло ме боли од зборењето кон неа. не престанувам да и пеам, да и зборам, да и се смеам, и на стомак ја ставам, и гуга, и во скок е и грчеви има уште, не и се скроз поминати. Тоа има врска плус. Ја научивме во раце, но неможам поинаку. @anitka-fifa го опишала во целост и моето бебе
Сигурно си е до самото дете, јас ништо посебно не сум правела за така да заспива. Сум пробала да го оставам, и си заспивал и си терам така. На почеток знаеше да закенка, ама не плачење туку као негодување. Неколку пати ке закенка и заспива. Со тоа што пак ќе кажам - грчеви немаше и не го држам во раце освен за цицање. Лежи на подлога на грб, на меше, лежи на моите нозе, па си претка, лежи во релаксатор.. јас му зборам, постојано цело време нешто зборам, приказни му читам, го шетам секој ден и мислам дека се уморува доста и затоа си заспива..
Твојава лепотица и мојов ѕвер за Австралија се спремни. Мука немаат дење спиење ноќе журка. Па и со грчевите исти се скроз. Мене второ ми е ама нека е жив и здрав за овој период од 2 месеци е многу напорен. Првото после 4 месеци некако стана свесен за околинатаке го избањав и сам си заспиваше во креветче. Ова де само во раце да е,само кемка и кога нема грчеви. Успивање е тешка сказна. Нааа тенок конец сум
И јассрам ми е да се жалам ама денски е кома и јас дур средам по дома, перални, сушари, ручек.таа станува и со неа до вечер, попатно има дремки 2-3 по 30мин и толку. И секој ден е исто. Многу изморува вака. И маж ми, се' работи околу неа и ја чува, барем навечер да спие, денски и ние наспани ќе и обрнуваме внимание многу. Вака утепани, не е исто
Некои деца спијат, некои си гугаат цела вечер тоа е, какво ќе ви се падне За учење во раце, не се грижете дека така сте ги научиле, во раце не можат да се научат да бараат пошто тоа им е природна потреба, можат да се научат да престанат да бараат ако не ги крева никој, се откажуваат ама психолошки последици има таквото оставање кога бараат во раце
Така е баш се киндер јајце. Што ке ти се падне тоа. По мене гледам не палат истите тактики ни за смирување ни за заспивање. Секое дете си е своја приказна.
Zdravo Dali nekoj imal slicen problem: denes bevme na gimnastika zatoa sto maliot premnogu ja kreva glavata i koga e vo race se ja drze nanazad,a toj e samo 2 meseci,doktorkata ni rece ne e mn seriozen problem, deka so nekolku termini i vezbi ke se normaliziralo,no sepak jas mn zagrizena, sto mislite vie ??
Кано што читав по нет не ги боли ништо а заборајв педикатарпт да го прашам Од тоа е стегање и плачење и не ми кажаа за колку време се повлекува