Здраво и од мене Секој со својата мака еве и јас Доколку некоја имала ваков проблем би ми било од корист Скоро 2м е бебе, добивам исто мислење од педијатар и матичен лекар на бебето не му е ништо, од типот нормално е тоа да враќа да се закашлува држи го исправено најмалку 15мин. На мое млеко цица и пошто му е малку на плус Хумана сме. Проблемот е што а го ставам на мене тој се засркнува на секој 2мин не можи воздух да земи, кркори фрчи истото е и кога го префрлам на Хумана. Со аспиратор му вадам мн малку. Секое добро, поздрав.
Главата не ја држи или ја зафрла наназад? Не те сватив баш што прашуваш. Тие и треба да пробуваат главчето да го држат, и моето кога го држам да ждригне се трга да ме виде, го вежба вратчето. Не ни кажале вежби за тоа да се прават. Сосема нормално е.
На Бекутан тој по 1 недела што се дава . Вежби и масажа не му правев , но и матичната по телефон ми кажа исто за тој метод , и се стабилизира бебето , сега има грчеви , но не се долготрајни . На АД ми е . Во меѓувреме и се јавив на матичната и ми кажа за вежбите со ноџињата и масажа со уље на стомачето , па се стабилизира некако . Сега има грчеви , но не така страшни . @Snowflake92 не , матичнава ништо не кажа за пробиотик .. Ви благодарам за одвоеното време , иако дури сега ги видов мислењата .
Искрено да ти кажам и нас ни правеше така ама веќе спој на нервите добив од неговото кенкање и лигавење секој ден едно исто ненаспана нервозна и се така во круг и ќе земев ќе го расплачев убаво да се изнаплака и тогаш доста сила троши и на крај ќе го гушнев ќе го нишкав и ќе заспиеше. Некогаш се забораваат со малтретирањето сакаат внимание а ти не можеш да го пружиш...вака и мама кога ќе се изнервира све тепа по дома
Не ме зафркавај, како да го изнаплачам па мн жално плаче уште јас да предизвикам за да се измори. Нема шанси. Ја изморувам кога ја легнувам на стомак да лежи, додека ја шетам таа разгледува низ дома. Во прегратки ми е почесто, како да и треба гушкање и внимание. За расплакување не фала, и онака се изнаплака мојто бебе. Сега барам начини што е можно помалку да плаче
Абе добро е да е во раце што помалку сега има 6-7 кила кога ќе има 14-18 и повеќе исто ќе сака во раце да биде а тебе грб ќе ти паѓа пази и на тоа внимание можеш и на кревет легната со гушкање да пружиш....ако дете не се измори нема да спие исто како и ние кога ќе се измориме спиеме како трупчиња топови не не будат. Сите имаме жал али од мало жали го па гревота е па тоа сака вака па така и ти сакаш многу работи па нема
Внимание во раце? Лежи кенка гледа дека не го земаш престанува.Зошто кенка? Се по негово да биде па после на глава да ми се качи па иди оправи го после
Со колкчињата. Не се препорачува вакво повивање заради колкчињата или ако веќе повиваш само рацете да се стегнати, нозе слободни.
@Brpbrp по мене знам, кога сум изморена уште на глава да ми се качат па контраефект би ми направило убаво би ми било топла постела, гушкање и мазење. Исто и на нив. 6кг е и се ме боли и ќе ме боли ама нема да дозволувам да плачи Јас и да не го земам, маж ми не го остава така, со такви жални фаци и тројцата сме, ама ќе помине и овој период. Ете, некои бебчиња се како нашите, другите се помалку плачливи и тоа е. Сите ќе пораснат
Абе незнаат тие ништо. Плаче, ја земам и ја ставам на соблекувална да ја масирам на мешето, плаче и во истиот момент се смее дури гласно, па гуга, па пак плаче, па прднува, па се смее. Тие ништо не знаат, душички мали
Мореее како знае и тоа убаво ќе кенка се лигави па и превртува очи па гледа дека не пали тоа па ќе ти се насмее да те освои што им знае газот уште од мали али ај ги жалиш дека е мало па не разбира али мозочето 200 на саат им работи
А кажи колку се слатки, плачат и наеднаш се смеат и со очињата вртат дури и веѓа креваат. Дека успеале да не освојат
За доење нека биде слободно дури е мало фала богу и не мрда а кога ќе мрда ќе те допира по града ќе се држите за рачиња Не виткаж бебе ни ракавчиња нема го оставам слободнк Го ранам со шише и си го придржува и допира шишето веќе. Вака само му го успоруваш менталниот развој. Мора да се развива и да го осознава светот