Да да секако за доење нема да го виткам, само за спиење рачињата, мислам дека долу е широчко. Го порачав тоа па ќе видиме како ќе е.
Слатки се да не дека не и мене ми е мерак и се...ние за успивање само во раце се нишкаме иначе триста работи пробувам да го забавувам со се и сешто е сега кога е во скок господ не го оправа ако сакаш и цел ден во раце држи го ќе плаче ама после си се враќа пак по старо
Ако е лабаво долу кај колковите и нозете нема никаков проблем да спие во такво или повиено т.е. фатени рачиња.
^^ Да не бидам покусо и јас, дојдов да се пожалам И јас како @Alishan30 многу сакам да го сменам редот на спиење на малата. Нашите моми се 3дена разлика и гледам имаат слични навики. Навечер заспива касно (синоќа 1ипол минеше) од друмкање и шетање сѐ ме боли, грбот посебно, сам ми знае. Денски спие и до 14 часот. Да имаше грев барем малку порано да заспиваше, во 11 би била пресреќна Папочна кила има и ќере, земав и јас појас ама не е практичен воопшто па не го ставам веќе, мислам полошо и правев, го наоѓав под папот и го притискаше стомакот и папчето уште повеќе испакнато. Прашав педијатар ми рече да не ставам ништо, само ќе се повлечело кога ќе почнала да ги вежба мускулите. Кај ќере е баш голема кила, изгледа неубаво ама се надевам дека покасно ама ќе се повлече. @Happyinlove @Milkiway
Ќе видиме како е, ама не вервам дека е направено да го стиска бебчето во колковите. Сигурно знаат што произведуваат, ама ќе видиме сепак, зависи од бројката, само една бројка имаше. 6.20min
Што знам, ова долу се стеснува, не е право. Тоа што го имав, право беше целото надолу, но јас не му ги ставав ноџињата во тоа. Ти прво порачуваш, па прашуваш за мислење дали нешто е океј или не
Се мислев и јсс едно време да порачувам ама ми бешестрав дс не му е мало и со тетра пелена му ги фаќав рацете мн подобро спиеше така
Јас прашав, добив позитивни коментари дека бебче спие добро и си нарачав. Ама нема врска ќе видиме. Ако му е тесно нема да го стеснувам. Ама па со пелената не се стеснува исто?
Ноџињата треба да му се свиткани и да има доволно простор само да си ги држи така, не смее ништо да му ја попречува таа положба. Мене ортопедот ми рече дека ако се врзува, рацете за да му се во добра положба, треба да му се поставени на градите како во лудачка кошула. Лош е примеров, но не знам како поинаку да објаснам.
Majki bebeto mi e eden mesec i 10 dena.Se muslam dali da go prosetam nadvor vo kolicka.Do sega samo po malku na terasa ja iznesuvam
Ако не е загадено слободно. Јас го шетам од првата недела надвор. Има 2 мес еве само што се вратив од шетање.
Еве јас да ве утешам за спиењето и плачењето.Мислам дека поголема плачка од мојата немаше.Плачеше од грчеви ,на секој прдеж буквално плачеше.Толку силно и жално плачеше што јас речиси секогаш плачев заедно со неа.Постојано во раце ми беше малата,ептен заморно но мислам дека тоа е се што можат родителите да направат за толку мало бебе.Знаете колку често ја носев на педијатар од што слушав наоколу дека мнг плачела,нешто не е во ред ,муабети дека внуката моја која е разлика само едн недела со моето бебе не плачела,спиела без проблем,станува само за цицање и слично.ЗбрлавевОткако ги примивме вакцините рота и шестовалентна,првиот ден беше ужасно вознемирена цел ден плачеше многу силно ништо не ја смируваше,претпоставувам имаше грчеви и самото боцкање ја вознемири па така го искажуваше тоа со вриштење. Беба одеднаш ми се смени.Не сака во раце дури и кога цица сака да си лежи и така да цица.Сега ми фали да ми цица во преграткаплаче ако пројде повеќе од саат ипол да е будна,(добро заспиваме со плачење но тоа го препишувам на скокот или па таква темпераментна ќе биде),навечер заспива накај 9 и ја преспиваме ноќта со мнг често будење и цицање,но тоа не ми смета, грчевите како да ги снема преку ноќ.Скоро 5дена не давам ништо за грчеви освен пробиотик.Во понеделник ќе прави 3 месеци. Стрпете се мајки,гушкајте се бидејќи се е минливо.
Многу слично и кај нас. Ја бањам, цица, заспива и само што ќе ја легнам во кревет очите џамлии. Па бљуцка, штуцка, прдка и ќе дојде ред пак за цицање и се е во круг. некои ноќи врзува убаво ама некогаш, цела ноќ немирно спие, мрда со раце нозе, стенка, заплакува. Изморени сме и ние, се надевам дека барем до втор месец ќе фати ред иначе тешко мене. Имам и друго дете и неможам преку ден со неа да спијам да надокнадам
Како за мојата да пишуваш Иста беше, навечер пред 1 не беше заспана до 3,5-4 месеци, после бањање уште порасположена за играње, цицаше и немаше шанси да заспие со цицање, се чудев со бебето мое Сега колку толку има некој ред, барем за заспивањето навечер, легнуваме околу 22.00 цица колку сака и заспива до 23.00. Ако ти е утеха, околу 4ти месец успеав да ја заспивам порано на овој начин, претходно ништо не ми успеваше. гушки до куклата со најубаво име
Од кога се исправаа бебињава? Мојава почна да се крева. За десет дена 3 месеци. Кога лежи врз мене со грб викнува од напор и ете ја отопорена. Не се сеќавам за првото, ама волку рано не било.
@Milkiway до 6-7 месеци го носеше појасот,после почна стомачните да ги вежба и се повлече. од медикус хелп го купив појасот. не се плаши не е страшно ако не е голема кила. Освен продолжена жолтица грев е да се жалам,си спие цела ноќ преку ден спие гуга ,малово е супер. Хемоглобинот почна да паѓа,па јадам повеќе храна со железо,ама мислам ќе му исклучат нешто да пие. Во креветче уште не е легнат,мене ми е најлесно до мене да спие, не знам околу тоа што ќе правам,факт е доени деца повеќе сакале во раце и да се гушкаат. Е тоа ќе биде проблем понатака. И не кака бе луѓе, што е ова чудо. А меко му е меше.