Имаме зелена солица (некогаш како пролив а некогаш и погуста) веќе цел месец. Педијатарот ми даде Пролајф од кои немаше никакво подобрување, па ни даде исто пробиотик Нормиа од кои исто не ни се подобри столицата. Инаку бебето е на мајчино млеко и даваме дневно по 100 мл (два пати по 50мл) сок од круша, јаболко или слива. Не е настината, немаме температура, ниту затнат нос, ниту кашлица...значи само зелена столица веќе цел месец. Бебето супер напредува (над килограм сме секој месец) и не верувам дека е гладно. Ме плаши што многу време ги одскокуваме вакцините заради столицата (застанавме кај првата доза ДиТеПер). Како да се решиме од оваа зелена столица? И од што би се појавила... И дали ќе имаме некаков проблем со тоа што го испореметивме редот на вакцините? Ве молам за мислење мамици!
и ние касниме со вакцините не се секирај 7 и пол месеци сме уште ја немаме примено третата доза ние касниме заради жолтицата имавме повејке од два месеци
Овие два дена имаме јаки грчеви преку ден,но фала богу ноќе убаво спие.Туку она што мене ме нервира е свекрва ми која упорно тврдеше дека бебето плаче пошто јас немам млеко.И секојдневно ме убедува да почнам со ад.Бебето убаво напреднува.Неделава ке ја носам на педијатарска контрола,во петок полниме месец.Како и да е сметам дека едно кило за 4 недели е сосема доволен напредок за бебе кое цица.
Одличен напредок е, не попуштај на таквите убедувања. Речи и дека твое дете е ти ќе го чуваш како сакаш. Не ми се верува, што мислат дека има во ад?
Незнам што мислат,но мн ме иритира тоа нивно сезнаење.Бебе ко бебе ке плаче нормално е.И грчевите мора да се издржат.Ете сега се смири и си заспа бебето.Но она си стои на нејзиното дека бар еднаш дневно и еднаш ноке треба да се прихранува.Се вадам од кожа од вакви совети.
Речи и на свекрва ти дека од сега кај неа ќе го носиш бебето, наместо на педијатар, пошто нели таа повеќе знае. И моето бебе многу плачеше од грчеви до три месеци, исто и јас имав од страна вакви коментари, ама ниту еднаш не посегнав по ад. Нема потреба, бебето супер си напредува, грчевите ќе поминат, столицата ако си е нормална, значи дека доволно е твоето млеко.
јоу не ја слушај свекрвати кога читам исто мојата како да ја опишуваш. Син ми штом ќе заплаче она одма што е бе серко мајкати не ли ти дава за јадење ти гладен си нема мајкати млеко. И јас од почеток се нервирав посебно првиот месец бидејќи неискусна мислев дека навистина немав млеко ама кога отидов на контрола кога видов дека 1кг е напреднат за 1месец ми олесна, наредниот месец 1800гр а она пак нека не си зборува, па сега кога ќе ломоти не ја ни регистрирам така да одбегнувај да слушаш муабети од страна и немој да потпаднеш под ничие влијание ти си мајка и ти најдобро си знаеш за твоето дете. А бебе како бебе ќе менува де ќе плаче де ќе се смее тоа им е работа така растат а не е се дека се гладни
Joy1 Знам многу случаи каде поради таа дохрана еднаш-двапати во денот дошло до прекин на млекото и продолжување само со АД. И мене свекрва ми ме тераше да дадам АД, но не дадов ниту еднаш ене ги три кутии ги купи уште стојат лактовит хип и хумана, не му дошол денот да ги фрлам. Не се ни отворени. Ако имаш млеко немој на една плачка да паднеш во искушение зошто исходот може да биде ништо друго освен прекин на млекото или одбивање.
Само што се вративме од контрола.Не мереа-4130 имаме а се родивме 2950 ,сеуште немаме месец .Дефинитивно не сме за ад тоа и лекарот ми кажа.Вечер мирно ке спијам.Вчера кога ми рече немаш млеко цела вечер на тоа мислев.Иако при стискање на градата млекото буквално шприца сепак низ глава ми помина сомнеж некој.Денес ја разрешив дилемата.
Не е за смеење работава, ама ме изнасмеавте наместо на педијатар на советување кај свекрвата Инаку ние сме 15 дена стари и веке почнаа грчевите и кај нас е иста ситуација, млеко имам и според тоа како напредува принцезата, педијатарот рече нема потреба од дохранување. Инаку грчевите ги ублажуваме со еспумисан капки (25 три пати на ден)и верувале или не со звукот од фен Поздрав мами и убава и мирна вечер
Jas imam simnato 2-3 aplikacii na telefon so najrazlicni zvuci - fen, pravosmukalka, silen dozd, kaj moevo bebule magicno deluvaat za spienje. imam eden telefon bez karticka koj mi e samo za taa namena, go ostavam bebeto budno, uklucuvam nekoj zvuk i toa samo si zaspiva..
Јас на мобилниот имам play store апликација и влегов во music напишав rain sound i fan и ми даде повеќе, ги симнав ( кај тие што пишува free) и автоматски ми се инсталираа во downloads. По некочку видови звуци ми даде. На пр.дожд со грмотевици, дожд на кола, во шума и сл.
Син ми на 15ти ќе направи два месеци, и до пред една недела немавме никакви проблеми со грчеви и какање (само на мајчино млеко е)... Но минатата недела цела недела не беше какан, ама не покажуваше знаци дека има некаков проблем или пак тешкотии. Си јадеше нормално, си спиеше нормално и мочкаше нормално. После една недела му ставив сапунче и се искака како за цела недела ама повотрно без грчење, без плачење... Само си го исфрли ... Сега повторно три дена не кака, ама пак не покажува знаци дека нешто го мачи или има проблем.... Имате некаков совет или мислење зошто така? Јас пак би му ставила сапунче како клизма за да исфрли тоа што има , но страв ми е да не го навикнам на тоа па да треба така постојано...
Во "Play store" во search напиши baby sleep и ке ти даде многу апликации. Јас ја користам највеке "Sleepy Sounds (Baby + Adults)" за силен дожд и правосмукалка, и уште една "Baby sleep instant" тука има многу звуци, ја користам оваа највеќе за шшкање, само мана на оваа и е што може да пушта звук највеќе 30 минути и престанува а за подолго мора да се купи премиум верзија..
Ако сте само на мајчино млеко не ставај ништо штом не покажува знаци за проблем пример да плаче да го боли межето или да е тврдо,не го учи со помошда не му стане навика ние дури бевме само на доење се какаше извесен период на 7 до 8 дена еднаш а еднаш се случе да не се искака и 10 дена ама како што реков не плачеше мешето беше меко и не превземав ништо сам ке сии се покакаше кога ке му дојдеше ама тогаш стварно беше обилно,можеш само масажа на мешето да му правеш и со ножината како точак да вози. Со време ке се среди не се секирај.