Да линкот и докторката што ги ставив го оправдуваат ама не за внимание туку тренирање на спиење преку ноќ... Дури не сме се разбрале погрешно: Муабетот ми беше дека има експерт за се. И експерт што поддржува да расплачеш бебе, да оставиш да плаче, да не плаче воопшто, да спие ноќе да цица до 5год да не цица повеќе од 1 ради едипов комплект...листата е огромна и не треба да се бараат експерти.
Добро ако не бараме експерти да објаснат што како, Брпбрп најдобро ќе ни објасне како се тренира бебе да заспие подобро. Или па свекрвите, бабите.. Нејсе како и да е, сакам да се исклучам од оваа тема више, претеравме.
Прочитав пред да се породам една приказна и иде вака: Отишле пар маж и жена во дом за сирачиња и барале да посвојат бебе. Вработената ги однела во собата за бебиња. Таму било тишина и мажот и жената се зачудиле. Прашале како е можно толку бебиња, а ниту едно да не плаче. Вработената им одговорила дека научиле кога и да плачат никој не доаѓа да ги дигне или да ги гушне и така сами си се смирувале и не плачеле. И од оваа потажна приказна немам прочитано. Правете што ќе правите ама да си знаете дека децата бараат ЉУБОВ. Здраво и психолошки стабилно дете не се расте со челичење. Оваа фаза трае кратко, после тоа ќе се смират, ќе спијат како што треба. Сме одбрале свесно да бидеме мајки, зошто тогаш нервоза? Синко никогаш не ме изнервирал, не ни може. И плачел и не спиел, ама тоа е бебе. Не можам да очекувам бебе да се понаша како мене што ми одговара. Не сакам никого да осудувам ама ајде малце понежно спрема децата. Има кога ќе спиеме, има кога ќе шетаме, сега е време да им се посветиме на нив максимално.
Мајчинскиот инстинкт ке ти каже најдобро како да си постапиш за сопственото дете. А за тоа прво мајка треба да си,и едноставно не е никоја мајка за осудување. Не го сака таа мајка помалце детето што го остава да лежи само или да спие во посебна соба од сам старт до таа која од раце не го испушта до 2 години А на форумов само се лае за секој коментар што вас не ви се допаѓа. Форум е. А крај краева ни во секојдневието не си земајте за право да и лаете на некоја си мајка,макар и сестра да ви е затоа што секој си го гледа детето како што ја прати инстинктот. Да се одело по книга во школо предмет мајчинство ке имавме.
Во тема сме “совети”, значи некоја може тој совет да го земе здраво за готово. Сеуште не сум мајка, ама знам дека начинот на кој што постапила е погрешен според мене. Не реков дека не си го сака детето. И вие лаете доста и превртувате. Ова што го зборуваш и додаваш ти врска нема, само спиење во соба итн. Зборувавме за “cry it out“ метода. Како и да е, јас не би да се замарам повеќе на овој топик.
Како што кажа и хепи секоја си одлучува за себе како ќе си го успива детето и на кои начини од блиски роднини што имам децата до 5 години најмалце им беа залепени за нога од што цело време до мама и никој друг и после таа мама не смееше со ниедно друго дете да се поздрави децава ги маваа своите мајки зошто се поздравиле ова не е во ред и од таа причина сакам детето да не зависи толку од мене.Тоа не значи дека јас не го сакам или го малтретирам како што некои разбраа на некои методата за успивање и изморување им е само во раце и раце и цел ден во раце мојата не е таква и никој нема да ми смени мислење фала богу детето ми е здраво право и ништо не му фали ни љубов ни внимание.Што треба повеќе од тоа што го играм по цел ден и се смее? Со мој начин на успивање не си легнува веќе во 3 саат туку во рок од 3 дена се научи да си легнува во 8 и да стане во 5 сабајле за јадење, а некој ако му одговара детето да му спие по 3 саата само во ред тоа си е негово и не се мешам. Јас мислам дека мето дете треба да спие минимум 12 часа а било каде и да прочитате до 5 месец треба по 17 саата да спие а не по 3 или 5. Друга работа јас си го гледам сопственото здравје плус од тоа неспиење и нејадење два пати бев со температура 39 и што направив не можев од кревет да станам како да го држам детето или да го нишкам. Пред се треба и двајцата да сме одморени. Наспано бебе-среќно бебе!!! Уморно бебе-цело време ќе плаче. Преуморено бебе едвај се успива после саати и саати и саати нишкање дури може и цел ден да седи и џабе ќе е. Ова си е мојот став сакајте осудувајте баш ми е гајле секој си има свои начини ова е мојот!
Здраво, како сте задоволни од креветче next to me? Сакаме да го земеме на Safety 1st од Bebe Home. Малиот има скоро 2 месеци и е скоро 4кг, а креветчињата се до 9кг. До која возраст ги користевте и дали се исплати сега да купувам? Имам дрвено, ама не сака да спие на него, големо му е, се спушта, се пика во оградици, плетенки, се буди често, генерално немирно спие, па како замена за спиење на мене и до мене, единствено решение дур потпркне ми е креветчето next to me. Ве молам за совет од искуство.
Next to me има повеќе нивоа и ќе можам да го наместам на исто ниво како брачниот кревет, ни повисоко, ни пониско, туку точно. Тоа ми е многу важно за да знае дека сум тука, до него и да му го замени спиењето на нашиот кревет.
Душек ќе земеш со висина којашто одговара за да е рамно со вашиот кревет. И малку да отстапува, пак тоа ќе знае дека си тука кога едната страна е спуштена и можеш да пружиш рака и да те гледа. Тие малите креветчиња се убави, но многу кратко се користат, до кај 6 месеци, а башка што твоево веќе е потпораснато. Не ти се исплаќа сега да земаш. Транспортното ќе си го користиш и понатаму, може да го шеташ низ соби, меко е од страните и нема да се удира, потоа на долно ниво ќе го спуштиш, за патувања ќе си го носиш каде што сакаш и на крај како игрална ќе го искористиш. Мислам дека од Чиполино ти испратив еднаш слика, многу се убави и цврсти, цело е со мрежа, оди барем погледни го пред да одлучиш.
Дрвеното што го имам е на ист принцип како транспортното, на две нивоа и на второто ниво самите даскички, на кои се става душекот се повисоки од брачниот кревет. Страницата ако е и малку повисока не можам без преграда да му ја оставам, зашто се сврти, иако е мал. Пред некоја недела се врти на стомак додека спиеше, ни месев ипол немаше. Башка што транспортно нема опција за лулка, а и малиов сака потесно да му е, на пр. корпа од количка и затоа како најприближно решение ми се виде next to me.
@..barbie.. Од истата причина и јас го земав истото креветче некст то ме. Вака супер е има нивоа, изгледа убаво и практично. Со првото имав маки, цела ноќ стани земи бебе па пак легни, после се зезнав го научив до мене да спие да ми биде полесно за цицање и еве го 3 год уште со нас спие. Се надевам ќе ни биде искористено креветчето, ќе ја нацицам и во креветчето ем е до мене ем да не станувам цела вечер..
Мислам дека креветчето не ти гарантира дека нема да спие до тебе муабетот пред породување ми беше дека нема шанса бебе да спие со мене ама се ми падна во вода а реално креветчето ми е на тој принцип ко што бараш؛ Мојата спие немирно мава со рачињата и ја врти главата па прво мислев во скок е, па ладно/топло и е али секое сабајле во 5 го имаш истото и чим ја земеш се комира؛ Не мислам дека дете глуми од 2 месеци ама изгледа и треба топлина од мама и тато така да се гушкаме сите тројца
Дечки без љутиш мислам до вас е со спиењево во кревет Како може јас да сум многу против спиење заедно страв ми е прво дека ќе се случи нешто. И како баш моево бебе да не бара да е со нас во кревет. Го оставам заспива и толку ноќе го зимам и одиме во дневна. Ама на спална не помислувам. Ај може до бебе е
Знам, еве ова е трето креветче како купивме, иако другите две се скроз нови дали по два пати има заспано, па еве го и сеуште со нас спие. Затоа бебето мора посебно нема место за сите Дур е мало посебно сакам да спие, сон е страв ми е со нас. На големиот решивме пак нов кревет - од тие автомобили што се ваљда таму ќе сака сам да спие Само што детската соба е подалеку од спалната, па гардероберов да му ја направам детска. Друго чаре нема
Мене ми даде некој попуст,2000 ми наплати за преглед на двете деца,ама полудевме со маж ми. Повеќе збори него што прегледува. Не би одела втор пат. Исто рече остај бебе во креветот да плаче,ако не можеш да го слушаш пушти си филм.
верувај со саати се мачам, ја нишкам, ќутам, темно е, игнорирам ама само вртење на главче има, мава со нозе и рачиња а спие као؛ И тоа стандард во 5 наутроба претХодно помирно спие во креветче؛ а чим стане за цицање одиме во дневна на фотеља и после пак назад во спална, значи нема цицка на кревет؛ И што да правам? а не сакам да спие до нас од безбедносни причини
Мој совет др Талески؛ Прегедот е 30мин ама прегледува и збори؛ Апсолтно се прегледува, грбче, колкови, ребра, главче ама баш се؛ Ценат му е 1500ден
Има периоди кога едноставно бебе сака да е до тебе,да те чувствува, сака топлина и близина твоја... Еве ние сме баш во еден таков период, се буди често и ако не ја земам до мене останавме неспиени цела ноќ, буквално. Бара да цица на секој час и ако ја вратам во креветче се буди за 2 минути и плаче.