Аа тоа да и мене ми викаше ама ја не правам се доктор што ми кажува. Си го држам, ама ни помогна за некои други работи што ни укажа. Во глобала сакам доктор да збори и да објаснува убаво да не е намќорест. Еве малиов го носам кај Паскалов толку го фалат. Абе човеков на нос си збори ништо не објаснува. само мхм, мхм и ми кажа некои работи што ги имам во медицинска книга од пред 30г дома, си мрмља и ја го прашувам само. За вакцина вика не треба крвна слика а сите прават крвна слика. Ама јас како што сакам да си правам. Ако е за ја да си правам како сакам ич доктори не ми требаат. Сакам доктор што ќе си биде доктор гласен и јасен. Ај малце забегав ама лута сум
Колку за промена, иди кај виктор место кај паскалов؛ Јас секад барам кај виктор зашто мн објаснува, збори и мн темелно прегледува؛ а за вакцини ни во букурешт докторката не ни побара а носев
Апсолутно совет за сите за Талески! Од глава до пети секое ковче, секое рскавиче го провери. Додека прегледува објаснува се - зошто, што, како, што ако... На крајот од прегледот останав без зборови - јас што обично одам со листа прашања кои ми текнуваат вака секојдневно.. Многу е темелен, фин, приступачен.. Ама за термин ќе се изначекате.. ние сега закажавме за 6 месеци од сега за следниот преглед и пошто така ги закажува сите, тешко се доаѓа до термин, но сепак пробајте, ВРЕДИ!
Moeto preku den spie vo krevetce navecer do 6h sabajle spie vo krevetche,vo 6 pocnuva da se vrtka da se stega i i go zemam vo sekundata si prodolzhuva pa go cekam malku taka nekoj pola saat probam d ago ostavam nekogash usee nekogas ne pa pak go zemam i taka si igrame zemi ostavi eden eden saat pa prodolzuva sam vo krevetche
Фала ти ние сега кога бевме он одма не закажа за нареден преглед и сега како да направам?да откажам кај него да му кажам кај виктор да ме закаже? Се осеќам многу безвезе така
Е да глупо е؛ ако некад отидеш без да заказе и си заказеш сама пробај؛ Иако да знаеш Паскалов не збори мн ама мн е стручен во случај да треба нешто и мн посветен؛ Реално здраво дете лесно се води, моментот е кога ќе се појави проблем да е солиден педијатарот
И тоа што викаш дај боже да не ми требаат ич. Ама ако имам шанса сама да закажам преглед ќе одам кај виктор обавезно. Ја не викам кузнае што ама ме нервира тоа што си зборат на нос, морам 100 пати да препрашам и после уште многу прашувам
Леле мене ме испокара зошто во раце го држам ако сум го сакала требало да го оставам да лежи јас стварно се трудам ама кога има грчеви според него нишање и во раце не сум помагала да сум го оставела, па и ког виде капче на главата и за тоа ме искара татко му кога ке ставел капа тогаш и на него но имаше и многу добри совети искрено мене ми се допадна
Се спремам за новороденче. Купив 10 тетра пелени 80×80. Дали се доволно или да докупам уште 10? И дали ми требаат шведски пелени (ако да, колку)? Ракавички имам 4 пара, 2 капчиња, 3 пара чорапчиња бр0 - доволно е за почеток? И уште едно прашање за пелените - првото перење на 40 или 90 степени?
е како бе да го остаиш кога има грчеви? па баш напротив топлење со гушкање мене мн ми помогна кога имаше мака со стомачето؛ не викам цело време во раце ама сега ако не се гушкаш после и да сакаш тоа нема да сака
Незнам ств. Не ми е јасно не е гладен не му е време за стснување едноставно веќе долг период е таков 3+++ е , секое утро без промашај . Јас мислев му се кака некогаш само прднува некогаш кака а некогаш ни едното ни другото и така се гушкаме тој си спие јас дежурна среќа си легнубам максимум еден саат после него па се наспивам инаку ќе сум метва уморна
1.Ја имам околу 20 тетри можеш да докупиш ако не и 10 е добро. 2. Земи си уште чорапчиња ракавички си ок и капи ја ставав капа после бањање ама сега ми е топло не ставам 3. За тетра пелените мислиш? Можеш и на 40 па ако не ти суши машината ќе ги испеглаш и добра си Ја се на 40 перам
Прекрасно кажано. Особено тоа дека треба понежно спрема децата затоа што не можеме да очекуваме бебе да се понаша ко нас што ни одговара. Баш долови се' што треба. ♡
Незнаам може не му помага ама така да вреска и да се жали а јас да го гледам душа не ми дава па макар и исто да му е него
Му помага, му помага. Ама што викаш и да не му помага, како може да останеш рамнодушен на тоа врескање, стварно не можам да сфатам
Др Софијанова кажуваше тревало само раката на меше да се става кога имало грчеви. Некогаш не го зимам му ставам рака го топли и се смирува ткааа. Некогаш не успева па се држиме. Некогаш со ноџињата го вембам како да вози точак и пак не го држам така му помагам Не е неопходно држењето за време грчеви не ми е цело време во раце. Кичмата ми е лудило го зимам од кревет не можам да се исправам
И јас се трудам така но кога кенка, кога вреска и плаче со саати од што го мачат неможам да не го земам, инаку се согласувам поентата е да му помогнеме ако вежбички помагаат секако подобро е тоа него да го држам во раце. А поентата на Антоније е дека дете од раце држење не се развива и не дека а заплаче треба одма во раце што и во право но зависи колку плаче барем по мене
Абе он мислам така кажува колку да не ги држиме без потреба во раце Ја татко му во дневна кога го чува и вриснува ја одма трчам. Самиот инстинкт нема да не остави така да не го кренеме. Он има 3 деца ја не верувам жена му да ги оставала и да не ги кревала. Нема тоа е посилно. Битно да не се мафта бебе во раце беспотребно бар по мене.