Операцијата помина лапароскопски за 24 часа бев дома. Првите три дена многу болки се ми се собра. Откако почнав да јадам нормално и отспав повеќе од 3 саата на ден млеко надојде јас подобро се чуствувам и дури имам сила за обврски низ дома. Накитив и елка Сега млеко на сите страни до папок ми тече одам и по под капи. Преку ден се доиме, ноќе има две формули за ем да соберам резерва ем да поспие грчевите му ги смирува. Ама пак си заспива со цице во уста. Лажливка сум му станала. Во секој случај ако не е итно како кај мене не препорачувам операција на жолчка две недели после царски. Незнам од кај боли веќе а и крварењето ми се засили. Матката беше блиску до папок. Имам оток за кој ќе прашам на контрола дали така ќе остане. Денес на контрола на педијатар. Се надевам и покрај се добро се чуваме и напредуваме. Ако не заборавам ќе пишам. Благодарам на вниманието
Грешка правиш со собирањето. Количина на млеко се регулира со цицање. Значи што повеќе цица тоа повеќе ке се произведува. Ако нема побарувачка телото смета дека нема потреба од млеко и не произведува. На долги стази може да ти се намали млекото. Заспива од ад затоа што е потешко и поспоро се вари. Ако сакаш да одмориш одмолзувај и нека му даде маж ти преку ноќ. Сепак, сметам дека е понапорно така. 2 ад во 24 часа се ништо. Особено ако си качува килажа.
Супер баш ми е мило што си добро ќе биде и подобро @MilaSs12 во право си но девојчето мнооогу помина низ трнлив пат и во бремебост па капак и после тоа. Ќе биде ќе собере сила и ќе дои и навечер. Ете и укажа ќе се пиправи штом собере сила нека не си прави терет дополнителен. Знае дека се битни ноќните подои сигурна сум ете ќе се консултира и со педијатарот Мило ми е што и покрај се сепак се избори да доиш Чувај се те чекаме во мајчински муабети кога ќе имаш време
Мојава е само на лево исто. Ортопеди не дадоа значење нс истово. Маја пс уште ми кажа и сплескала главата на десна страна, а во извештај пишала лева, дека и рековме мн чудна ситуацијава. Видоевски кажа глупост е тоа со водење сметка и дали знам некој со сплескана глава. Баталив замарање. До бебето е. Првото беше и остана тешка на спиење. Бебево е скроз друго. Тони е за тебе Иако морам да признаам дека Антоније е голем човек! Не прими без проблем, бепка ја прегледа едно 5 пати до сега и денар не ни зема! Ептен е посветен и секоја чест. Специјално идеше во друг термин за да може и докторката (Динева) да даде мислење.
Мајки, може да ја истрошам фолната што ми остана од бременоста? Ја прекинав ама гледам имам уште кутија ипол а тоа се околу 100 апчиња па да не одат зијан Инаку од витамини земам само С. На темата омилена страна и кај мене малата ја преферира десната, се врти таа ама повеќе е на десно, почна и увото да го витка, немаме клемпави уши во фамилијата ама сепак тргам, го исправам.
Дааа така е, сам рече ќе се освестиш дека нема потреба нон стоп во раце кога ќе биде 10 кг а ти паѓаш од болки во кичма, затоа од сега да не го држам нон стоп
Како се спрсвуваа вашите бебиња со вториот скок? Ние сме 8 недели и 3 дена, добри сме навечер сега за сега денски денес за секоја дремка се будеше на 10-15минути и пак се успивавме во раце и онака тешко заспива, денес беше посебно тешко... и колку дремки имаат вашите бебиња? Моево само во раце сврзува повеќе време, не знам како да го сменам тоа.
Исто мислам до скокот е денес се надмина. Сака да разгледува плаче кога ќе го оставам и чекам само да помине па да се вратиме во нормална Дневни дремки едвај по 15-30м дали 2 дремки ќе фати среќа па од 18ч до сабајле 4-5 тера некако Иначе исто сме 8н и 1 ден денес
Не плаче твоето со толку малку дремки? Мојава е иста, се нервира што не може да сврзи и многу е нервозна( тоа си е и од порано). Ноќе и ние сме добри фала богу сврзува 8-9 часа ама покасно ја легнувам накај 9-10. Твоето и порано беше така со дремки или од скокот само?
Се нервира да го шеташ сака среќа па убаво му е во релаксатор го оставам си се клацка и успива. Инаку кенка пробувам да го заспијам очине ширум отворени шанси нема. Мене дека на ад ми е и чај му давам од анасон 50тина мл и тогаш дремнува 30м. И порано денски не врзуваше ама се играше и не беше нервозно ќе го оставиш си седи. А ноќе рано ми заспива и тоа ми е проблем малце :/ За плачење кога ќе врисне не можев да го смирам пред некој ден
Читајќи ве неколку страни наназад, за држењето в раце и оставањето да си поплачува, така блага насмевка ми дојде Обично пишуваат мајки со бебиња по месец два. Па два месеци бебе освен што спие и цица зарем разбира нешто друго. Е потоа се исправува, отвара очиња онолкави и сака да разгледува, да шета од соба в соба, да осознава. И се' е тоа нормално, и нормално дека ќе плаче легнато, не ќе сака само во плафон да гледа. Не почитувам такви методи на "оставање да си покенка, ќе се научи како треба" И верувајте кратко трае тој период на шетање во раце, впрочем како и се останато додека се бебиња. Потоа ќе се заигрува само, ќе пролази и нема да сака да биде носено. Сметам дека бебињата заслужуваат да бидат опсипани со љубов и внимание, гушкани, шетани и да им бидат задоволени сите потреби. И онака не бараат многу!
Исто и ние, еве помина и скокот а уште се жалам за неспиењето преку ден и само во раце заспивањето очигледно сите исто го поминуваме 2 скок, само се надевам дека пак ќе се врати во нормала спиењето додека да почне третиот скок. Башка што изгледа сме немоќни и нема некоја помош, мора да си помине скокот па дете да се смири
Апсолутно се согласувам, ама проблемот е што некогаш не можам на раат да се измочам (се извинувам на директноста), ниту нешто низ дома да направам. Ама па од друга страна, тие насмеани очиња кога му збориш и кога се гушка и мази, топлат срце.