Јас немам срце да го оставам да плаче дури и кога е тантрум или кога од инает плаче ако не му дозволам некоја глупост (да отвори фрижидер). Гушкајте ги, кога ке почнат да лазат самите ке бегаат и ке истражуваат. На месец, два, три ве сте им се, љубов, утеха, помош, храна, начин да истражува.
Дали ви се има случено бебе да плаче до зајдување кога треба да пие млеко? 3ти ден вака прави. Кога станам да стојам го пие млекото, штом седнам урла на цел глас
Да не мисли дека ќе го легнуваш да спие па затоа така да ти вришти. Зошто ако го преименуваш истото кога го успиваш затоа и вришти. Мојот истото го прави последно јадење и време за успивање како наближуваш накај соба така вика иако очите ги чеша и му се спие тера инает некој
3 пати ми го прави ова, во овие 3 дена. Дали е до скок или не, назнам. А си фати цице и си цица без проблем ама ете зајдувањето ни е ново и на двете пред да фати за цицање
Не се справуваме туку преживуваме Цел ден сака да го шетам да разгледува спие денски ко да неспие, навечер само кенка и се буди 20 пати што од грчеви што од што незнае што сака и така си врви денот јас претепана
Исто ни е секогаш, таа си плаче и без скок повремено, сега само плус до зајдување стига. Инаку дремките ни се 2-3 дневно по 15-30минути. Си легнува стандард во 1 или 2 ипол или 3 ипол или 4 сабајле. Спие до 12-13ч и тоа е. Јас си се навикнав вака да живеам. Кога ќе се смири незнам што би правела, вака нонстоп во раце и весело е со песни, си разгледува, сите лампиони ги разгледува, се смее, па тера на плачка, па пак се смее и така. Денес ми беше топличка малку, измерив температура 37,3 незнам од каде е ова, може од плачењето. Се смири, премерив 36,9 и така
Девојки малку сме затнати и кашламе ,педијатар ни даде само витамин ц капки телефонски... Вика ништо не е чистете носе ќе помине ама јас сум малку загрижена ,ем во упатството на капките пишува над 1 г.
Мајки, како ги навикнавте вашите најмили да спијат во креветче? Сам на креветче не заспива, а и не сака ни да лежи без разлика дали е ден или ноќ, 5 минути максимум не плаче. Заспива на мене и колку и да е во длабок сон, а го легнам на креветче отвара очи, гледа 5 минути и почнува да плаче. Го оставам да покенка и повика, пробувам и да го анимирам со цуцла, со играчка, му зборувам, ама џабе. Да го оставам подолго време да плаче и да го игнорирам или да одам во друга соба, не можам и не сакам, едноставно немам срце да го слушам и ништо да не превземам. Како вие сте се справиле со неспиењето во креветче? Дури и размислувам за next to me (веќе пишував во темава) за да е лепенка до мене, ама скоро 2 месеци сме и не знам дали воопшто и во тоа ќе сака да спие. Инаку имаме дрвено и ни е наместено до брачниот кревет. Благодарам.
Од прв ден дома спие во креветче со исклучок на два три дена во скокови ,со тоа што креветчето ми е залепено до брачниот кревет. Кога ја спуштам раката што ми е под главчето не ја вадам одма туку останувам така уште некоја минута галејќи ја по косичката или благо нишкајки ја.
Ќе заплаче ќе ја земам, пак ќе ми заспие во раце, ќе ја вратам во креветче. И неколку пати тоа го правиме, дури се навикне. Исто и ние во спална и го донесивме дрвеното креветче. Многу ми е блиску и мене. Next to me имаме но повеќе е како лулка и во дневна ми стои за дневни дремки.
Како да го средам спиењето на син ми, има скоро 2 месеци и секоја ноќ заспива во 5 сабајле, никако порано што и да правиме или ќе заспие дремне 15 мин и пак исто, потоа спие поголем дел од денот, но во раце ако го држиш. Ги има пореметено денот и ноќта, како да се усогласиме не знам.... Искуства?
Викаш спие 11 часа. Во тие 11 часа не му менуваш памперс? Издржува ли памперсот да не прокисне за 11 саати?
Се плсшев првиот пат да го оставам. Но една другарка ми предложи да пробам да не го будам без потреба. Нокогс е само мочкан не ми се буди и расонува пробав еднаш и немаш е никаков проблем. Не се случува стално но и когс го оставсм немав никаков проблем само еднаш јаде навечер и спие . Додуша од 6 натаму тој спие јас не ама јас не сум битна ниеднаш нема прокиснато и секогаш е газето суво ова со виолета со др не сум пробала така мал беше и нокеска какаше кога јаде и нз мени ли тоа но на грб спие
И мене ми рече докторот да не и менувам памперс преку ноќ, ако не е какана, но мене ми се има случено на два-три пати да прокисне, дури и боденцето и беше мокро. Јас памперс премиум кер користам од почетокот. Не знам дали да ги менувам.
За стомачната кила воопшто да не се грижете, кај нас мислам преку ноќ исчезна, на три ипол месеци веќе немаше. Сега само папочето има потемна боја, од што била кожичката оптегнета. Исто и за ден, ноќ, се си се нормализира со тек на време. Сега заспива уште во 6 најкасно седум поручокта и спие до 6/7 сабајле. А и она беше како вашите, ноќта за нас беше ден и обратно. Но за јадење како швајцарски саат е. Порано ја будев и и давав на три саати зошто прематурче, ама бајаги си стави килажа, па докторот рече да не ја храниме навечер. Но после три максимум три ипол саати почнува да става прсти во рака, и вика ааааааааа. Тоа и е знак дека и се јади . Стави и го шишето во уста, спиејќи го испива и си продолжува да си спие. Исто докторот рече да не и менувам памперс навечер, ама на два три пати прокиснува, па не знам што е најпаметно да се прави . Инаку заборавив да кажам сега сме 5 месеци.
И јас ги користев истите и ми протекуваше, реков ај големи му се, па земав кан бебе 2 и супер. Пред некое време повторно му ги пробав памперс премиум 1, бидејќи почнаа да му пропуштаат кан бебе 2 (помалечки се од памперс премиум 1) и повторно и памперс премиум 1 му пропуштија (тогаш тежеше малиот околу 3,700). Земав поголем број од кан бебе, 3ка и супер му се. Ти ги препорачувам и во Ре Медика истите им ги ставаат и затоа одлучив да ги пробам, задоволна сум. Ако бебенцето ти е над 3,500 тешко, земи си кан бебе комфорт 3. А ако е накај 4,500-5,000 може ќе треба и 4ка. Имаш помали пакувања, со околу 15, мислам беа пеленчиња, па можеш за почеток од нив да земеш, да видиш како ќе ви се погодат.
Мајки ние од како се роди најчесто темпертура има 35 кома мешто дали е нормално што значи? Ретко 36 кома нешто?
Јас користев премиум до двојка ама менував навечер затоа што ми какаше. Плус еве сега е 3+++ има повеќе од 7.5кг и користам 4ка виолета. Тројката сеуште го собира но му е кнап па се полни само напред и може да прокисне. Можеш за навечер да пробаш едно бројче поголеми зависно од кг на бебебто. И така не би требало да пропуштаат.