Ахх познато ми е тоа, плачење секако ама со скок до зајдување мојата и онака си е нервозна плачка Да издржиме, велат бргу растат good luck
Мене ми е жал да не му менувам мириса на измочано А иначе со бејби лове исто суво газе не пропуштиле до сега
Време и' е за поголем број, пораснала момата Од 7 кг користам четворка и Памперс премиум и Бејбилав. Ако горе кај мешето и' е голема, ќе ја наместиш со лепенката. И да се преклопат лепенките, нема гајле.
4ка користиш Памперс премиум од 7 кг? Ние уште сме на 2ка, а е околу 6500. 2ката се од 4 до 8,секако ќе ги менував сега за 3ка ама 4ка за колку кила се? Јас пробав неколку пелени и кога кака обилно ништо не ја спасува, а премиум ми се најубави, не се ич крути и дебели.
Двојката ја користев од 4 до 5 кг, тројка од 5 до 7 кг и четворка почнав кога направи 7 кг. Четворка се од 7 кг. Никогаш крајната бројка не ја гледам, туку од колку кг се почнува. Не ја стегаат двојката кај бутчињата?
Не успеав да прочитам се што сте пишале, но ќе се надоврзам. Јас Памперс премиум кер му ставам преку ноќ т.е кога го бањаме кај 20.30ч а се буди во 08ч и до тогаш не му менувам. Порано менував ама почна да ми се расонува и еднаш пробав и сфатив дека апсолутно не е влажен сабајле колку и да е полна пелената. А преку ден му ставам бејби лов 3ка има скоро 7кг. Не ми се даваат пари за Памперс П.с. кога почнавте да ги седнувате у смисла на колено или сл пасивно? Не заграден со перници. Има 3 месеци и нон стоп се крева дури почна да се нервира ако не го седнам па ми е шубе
Ја стегаат веќе да, приметив, секако ќе менувам само затоа прашав за 4ката. Ќе земам 3ка прво секако. Јас па се водев и по крајната бројка, ама во право си.
Од 4 и нешто месеци во количка на 45 степени. Пред тоа мислам дека е рано, но нека си се крева, нека вежба штом се исправа Од 5 месеци во хранилка кога пробуваше вкусови, на 60 степени додека јаде. Оставај го на земја да си лежи, да се врти, само ќе научи да седи стабилно, не ти треба со перници да го потпираш. Менувај ги, штом ја стегаат, мали и' се. Земи пробај со тројка прво ако сакаш. Можеш да земеш мало пакување да видиш како ќе и' се, дали ќе ја стегаат и тие. И јас сум презадоволна од Памперс, од само раѓање ги користам истовремено со Бејбилав. Никогаш немал проблем со кожата, ептен му се погодени.
Со тоа седнување што да кажам и јас се нервирам. Детево уште пред три месеци се исправа и баш тогаш бевме на ортопед, ни даде совет да ја ставаме на 45 од 3 месеци по малку, да не се спречува детето. Ама кои 45, она од 45 тера на 90 и ако има поддршка околу си седи гајле нема, уште па си се потпира напред со рацете или си фача играчки си игра. Ако ја легнеш се нервира. Се обидувам да ја спречувам пред да одам на ортопед сега на 5 месеци, па ќе видиме. Секако е рано.
@eta фала на советот, се надевам ќе има подобрување и кај нас. Околу памперсите, почнав и јас да не менувам преку вечер, стои 8 часа најмалку и никогаш не пропуштил. Користам pampers baby dry 3 (4-9 кг) а тежиме 5ипол кг. Јас имам друг проблем, често се случува каката да и излезе нагоре накај грбот, не знам до што е. Гледам одма да и го сменам и за секунда додека ја легнам пак истекува. Со син ми вакво нешто не ми се случувало а го користев истиот памперс.
Од 6.5 кг користиме памперс 4ка (мислам бејби dry се моментално) Иако стои од 9кг нагоре, покомотно му е на бебе (не го стегаат кај колкчињата) и не протекуваат
Може куси или сепак теснички да и' се и затоа да истекува позади. Пробај со поголем број, па ако се големи, секако ќе ги искористиш понатаму.
Имам јас и поголем број дома, мм купил залихи за 1 година, само дека овие што ги користам сега се до 9 кг. мислев да не и се големи другите бидејќи се од 7 до 11 а таа има само 5ипол. Ќе треба да пробам, ако не, овие убаво да ги стегнувам горе. Папочната кила дополнително ми ја отежнува работата.
Ако се до 9, не гледај ја толку крајната бројка. Најдобро ќе видиш според протекувањето и дали стегаат и се зацрвенува кај бутчињата на пример. Еве пробај еднаш стави од поголемите, чисто да видиш разлика.
И јас мислам дека е многу мал. Не сум го ставала со перници, ова на нозе кога ќе го легнам и ќе ме фати за прсти со рачињата и се крева сам буквално. Жив среќен кога ќе се исправи а се ниша како пијан и штом го легнам почнува драма....како точно знаат што не треба, чудо. Добро и мене ми е смешен дека е буце и како ѓуле се прави
И кај мене многу, значи ептен многу често и излегува каката или одозгора или од страна, или од двете места Јас се помирив веќе со тоа. Кака еднаш на ден, ама ептен обилно, значи толку обилно што не верувам дека постои памперс што би спречил таквите каки да не излезат. Што е најлошо кака штом почне да јаде, па дури се најаде, па ја подигнувам малку да издригне, за сето тоа време лом се прави. Стално кака во исто време, обавезно пред тоа и ставам чист памперс, зошто ако е пред тоа полн со мочки, можам да замислам што ќе се случи . А алиштата што ги носи лом ги прави, а некогаш се случува и моите алишта да ги извалка. Ако се такви каките и кај твоето бебче, мислам дека тука ниту еден памперс не помага
Не, напротив таа кака по повеќе пати во денот и по малку. Може дека уште и е течна па се лизга на назад, не знам. Буквално цела накај грбот отидена. Се мислам како ќе биде ако се случи некогаш кога сме излезени? Лом се прави.
Да не се тесни пелените па нема каде да оди па оди на назад,моето кога ги надрасне пелените кога моча само на напред нагоре се полни од шо му се тесни а позади кај газето секогаш сув
Здраво, пред некој ден пишав и во посоодветна тема, меѓутоа бидејќи оваа е поактивна, а немам добиено одговор, ќе го поставам прашањето и овде. Каква е ситуацијата кај др. Драгана со закажување во поглед на гужва, дали има и болни и здрави деца или се запазува редот? Се мислам дали до примање на вакцина на 2 ипол месеци да го носам кај др. Поп Лазарова како до сега или да си почнам кај др. Драгана? Благодарам.