Имаме вртелешка за над креветче му се врти ја гледа јас му ги удирам му ги мрдам он паѓа од смеење,сега и елката ја загледува дека му трепка,купивме и пијано денеска му земавме живи радостии мава ли мава со нозете му свири и му давам да држи глодалки али тие што се меки со водичка на стомак исто го ставам и така
Дека е на ад к1 не му треба затоа давам д3 и омега Кај Антоние одиш? Ортопед не ми спомнал за други некои капки...да не се даваат и тие ако е на доење?
Антоније не ти рече да даваш К1? Мене и Марина и Антоније ми рекоа, а ад пиеше малиот. Зошто ми рекле да пие ако не треба бидејќи пие ад?
Јас кога бев кај него веќе бевме само на АД и кога кажав дека пие Д3 и К1 ми кажа зошто к1 штом не го доиш? Демек тоа е само ако се дои бебето и ми кажа кога ќе одам следно на педијатар ќе ми кажат кои д3 и омега. Он ништо конкретно не ми кажа што да давам кога и колку...
Мислам дека нема везе ад со витамините зошто во адто нели со новиве формули има омега 3 и 9 масни киселини?
Свашта се сите значи... Марина знаеше дека пие ад, не напредуваше од цицање, мене многу подоцна ми дојде пак млеко. Гласно размислувам, се чудам зошто ми рекоа да давам К1 ако било само за тие на доење што се.
Во хипот глеам има К1 и затоа претпоставив нели синго добива. А д3 и омега давам на бејби тол. Не знам јас давав затоа што доев и пиеше ад. Да не ти ги оставиле дека си била во процес на доење? Јас иако беше на ад по препорака на педијатар си ги дотрошив му ги дадов витамините. Ми рече нема штета нема зошто да се фрла. Ги дотрошив па почнав со другите...
Зависи од педијатар до педијатар нек Гледам во Хуманата има и омега3 и 6 а јас сепак продолжувам да давам омега+дха барем така ми кажаа истото и со другите витамини...сепак зависи од педијатрите и од нив кога немаат гужва посветуваат внимание,а кога имаат гужва не внимаваат гледаат да те откачат зборам за овие од здравство што се за по клиникиве друга песна е
Мене не ми препишаа омега Бебитол Д3+К1, Бејбивит капки (мултивитамини) и Биогаја пробиотик. Тоа ми пишале..Не знам сега дали треба и омега? Од кога се дава тоа? На доење сме, 1 месец има малата Ги дава ли некој Бејбивит капките? Има во нив и Д3, ама нема омега.
Не е страшно мила, прашај педијатар ако треба ќе почните и вие. Нас ни ги кажаа да ги прима и при првото доаѓање дома од болница ги купивме и ги давам. Знам мајки што не им давале, па никому ништо, за омегата тоа. Најбитно е Д3 да се внесува а тоа веќе го примате, затоа не е страшно. За мултивитамини не сум давала досега.
Јас ја отворив дискусијата прашав што како но, од форумот различни совети ќе слушнеш, ако ти е детето здраво не треба и сл...уште повеќе се збунив. Јас последно кај Видоевски кога бев, ќерка ми имаше четири ипол месеци, рака на срце ме разбрка со неговите прашања, но мажот ми е тука за да запомни се што кажал . Уште на четири месеци сакаше да седи, и тоа прематурче е. Ми рече слободно седнувај ја, само не ја потирај со перници и да ја оставаш сама, заради безбедносни причини, не за друго. Рече седнувај ја во количка само доле врзана, ставај ја во хранилка, во дубак, во џампер. Рече не сум против тие помагала, статичен дубак и џампер е подобро, со подвижен може да се преврти, па као не дај боже вратче да скрши, па ми даде пример како некое дете се превртело баш кај легенот со вода, се удавило и сл.некои такви работи. Не рече ништо за искривување на нозе и стапала. Па реално во моето опкружување, немам видено досега дете да не е ставено во дубак, па сите се прави и здрави. И на самото упатството пишува да не се остава повеќе од пола саат. Можеби ако го оставиш подолго, ке му се искриват нозете не знам, секакви совети ќе слушнеш. Ете ми дадоа и совет, ако е детето дебелко, дека ќе му се искриват нозете од тежината . Ние одлучивме да земеме дубак со џампер, јас би го купила секое помагало, макар и пет минути да седи во него. Доволно е да го ставиш, додека и подготвиш јадење на пример. Еве јас сум сама по цел ден со неа, на гости никој не ни доаѓа ради вирусов, мирно бебенце е, но си сака внимание. Сака постојано да си до неа, ја запознава околината, па сака во раце, овде да допре, онде да допре, па низ прозорецот да гледа, па со играчки да си игра, не можеш да ја оставиш сама. Доволно е да ја ставам, како што реков да и подготвам јадење или до ве-це да одам, или ако не повеќе на пет минути да си одморам раце Тоа е моето мислење
Дали после подој ги исправате и тапкате бебињата да ждригнат? Мојава некогаш никако нејќе а ја тапкам по 5-10 мин... И што ако не ждригне?
Навечер кога сме и двете сонливи, не ја држам да ждригне. Исто и наутро, и двете продолжуваме со спиење. Преку ден ја држам, но не ждригнува секогаш. Ништо страшно воздухот кои го голтаат и преку гасови го исфрлаат или одпосле ждригнуваат. Можно е да бљуцне неждригната ама ништо страшно.