Уште еднаш ќе прашам за вода. Мојата е на ад, пробуваме вкусови по некое лажиче. Вода не давав ич досега, ама сега од кога почнавме со вкусови знам дека морам да давам, башка 6м ќе полни за неделаипол. По колку мл. вода во денот треба да и давам? На фб групите слика видов дека во денот од 120-200мл треба да пиело вода. Моево нз ни дали едно лажиче ќе испие. Ваши искуства и по колку давате вие?
Можеби малку се 5-10 минути. Понекогаш повеќе е потребно. @mother_nature Обично не сакаат вода бебињата. Едвај на почетокот некое лажиче со триста залажувања. Сега има два оброка, се трудам 60 мл да испие со оброк. Тешко оди, па често знам во кашата да му истурам вода, да измешам и така знам дека внесол, а остатокот после јадење го давам. Сепак ако се прави каша со вода, и на тој начин внесло одредена количина.
И мојава исто, некогаш ждригнува некогаш не. Кога си ждригнува и олеснува веднаш на стомачето, а ако не успее да си ждригне се мачи душава ептен и е неугодно и не знам како да и помогнам. Вежви со ногичињата правиме, на колено ја ставаме и на меше да лежи, друго не знам што да направам.
Чајче даваш или не? Моето е 2м давам 50мл чај или 20тина мл вода иначе има проблем со какање ако не давам. Најдобро педијатар да консултираш Мада види пробај колку му се пие дај му не мора да е по мерка види по бебето И да ти каже некој 100мл може нема да сака толку не можеш да форсираш
Мора да внесува вода кога јаде инаку запек ќе има. Ако не си упорен, цел ден воопшто нема да се напие. Нема проблем ако внесува храна неколку лажички само за пробување вкусови, но веќе ако има оброк, мора вода. Едит. Вчера откако е роден првпат искака како брбушки затоа што претходниот ден слабо пиеше вода. Чај не е исто што и вода, сметам дека треба да се создаде навика за вода. Не ја сакаат бидејќи нема вкус, а има дечиња и на 5 години не сакаат вода затоа што навикнале на чај. Што не значи дека секое дете така, чисто како пример од мое опкружување. За себе се водам од еден муабет од нутриционист, вели чај, сок не ставаме во цвеќиња за да ги хидрираме, туку вода и со вода се гаси жед. Навика ми е да сркам вода, ќе навикне и малиов со тек на време. Да напоменам, ќе заборавев, вода откако ќе почне со храна.
Го спомнав тоа дека педијатар ми кажа ако даваш чај тогаш си го задоволуваш внесот на вода во организмот. Е сега може има разлика дека ова е 2м бебе а веќе 5м е друго
Ете разни педијатри различно советуваат. Не само за ова, читајќи низ форумов очигледно за сè. Една ме советуваше да дадам чај за од шеќерот да се искакал, а друга вели никаков чај, доволно е ова што пие млеко. Се одлучив чај да не давам, шеќерот е за никаде. Ова за моето, секој си одлучува за своето, но секогаш ќе советувам да не се дава чај со шеќер, исто ми е како во млекото да му ставиш шеќер. Ти си одлучила да послушаш педијатар и даваш чајче, тоа си е твое. Сепак останува и онаа страна дека на бебињата, без разлика дали на ад или цицање, додека не почнат со храна, не му е потребно ништо освен млеко, со тоа му се задоволува потребата за течност.
Исто... Абе раце ми паѓаат особено ноќе ама џабе. Па кога ја спуштам во креветче испушта некои звуци како да и е нелагодно. Ја кревам, пак ја тапкам, ништо. А некогаш мн цврсто заспива на града и продолжува така и во креветче. Кога ќе ждригне пресреќна сум ко на лотарија да сум добила
Мене ми е тоа итекако јасно дека не треба Ама не е дека од ракав сум дала Многу истражував и разговарав со роднина доктор од америка таму имало сокчиња и чаеви за деца на ад со шеќер за полесно да какаат Ми објасни дека тој шеќер го примаат преку доење но не и само ако се на ад...и дете на ад потребно е вода да прима во америка давале во ад на пример повече вода за 10мл од потребното. Мене ми е шубе така да го правам И затоа давам гледам дека му е многу подобро помирно спие не го боли стомачето и слично Секако пак сум со резерва гледам да не е секој ден
Не ни помислив дека од ракав ти е, тамам работа. Сите се консултираме, прашуваме, се информираме. Искрено, некако Америка и не ми е репер за здраво нешто, што знам. Сокови со шеќери и џанк фуд во Америка е страшна работа, онака општо земено. Но тоа е друга тема, да не го тапам. Добро е тоа што гледаш да не е секој ден, од мали им создаваме навики и камо мене кога бев бебе и мала да ми создаваа здрави навики, немаше да морам возрасна да менувам и да се трудам да внесувам што поздраво. Ми се ежи кожа кога ќе ми текне дека баба ми од бебе ми давала млеко купечко со брашно печено, пржено, кој го знае. Да не давам други примери, катастрофа. Последици со проблеми со варење имам и ден денес. Затоа и се трудам барем кога можам да влијаам, да му создавам поздрави навики, со надеж дека и понатаму во животот ќе сака да внимава на исхраната.
Луѓе ми стигна ова крпата за повивање, ама не знам дали е тесна, мала ми изгледа, па и не знам колкаво е новородено бебе никогаш не сум видела. еве во креветчето колку место зафаќа. Што мислите? пишува од 0 до 3 месеци.
За се се различни советите ,значи единствено убав совет слушнав од тетка ми беше: прати си го бебето. Освен нели за витамини ама и за тоа се различни совети. Еве мене од болница ми имаа пишано дха омега и д3 со к1 и биогаја. Патронажната кога беа вика за на доено бебе дха омега нема потреба ,ама ај како што ти пишале давај. Биогаја и правеше грчеви ,приметив зошто еден ден заборавив да и дадам бебе мирно ич не се свитка па ги сменив со waya на своја рака , педијатар ми рече не е од капките давај и слободно ,ама има разлика гледам сега. Ова со шекер кој го примаат во млекото е многу можно. Имаше период 4 дена не беше какана ,тогаш прв пат пробав чај да и дадам као ај јако било млекото. Бебе не знае што да прави со цуцлата и ја ставив во уста и само трепка. Што е многу чудно пошто беше две недели во болница од која што последната се хранеше со шише ама откако е дома 3 месеци шише нема видено ,ме плашеа дека нема да сака да цица ако и дадам шише затоа и не и давав ниту шише ниту цуцла. Вода уште немам пробано да и дадам планирам некоја недела пред да почнеме со вкусови да и дадам за да ја навикне прво неа. За цуцла бабски муабети намачкај и ја со крем или мед да ја фати. Ама јас си викам ко не фати до сега од сега не ни мора ,после потешко за одвикнување ми изгледа. Друго да прашам со вкусови од кога почнувате ? На 19 правиме 4 месеци ,се мислам дали од 4 и пол пополека да почнувам ? Во мај треба да се вратам на работа ,мора веќе да има оброци до тогаш....
Главчето ќе му биде надвор. Малечки се, немав ни јас претстава, црвче беше @Осе Ако не сака цуцла, не мора да се форсира по секоја цена, не сакаат сите цуцла. За вкусови најдобро е со педијатар да се советуваш. Велат треба цврсто да држи главче, да има знаци, заинтересираност за храна, според килажата и сл.
За новороденче таман ти е вака по некоја си проценка ,ама се зависи и колкаво ќе се роди ,внук ми се роди 4300 долг заборавив колку беше ама знам 0-3 работи ги носеше само 1 месец после купувавме 3-6. А пак мојава се роди 2960 некои од 0-3 ги носи уште 3+++ сме така да ќе си видиш кога ќе пристигне бебе.
Искрено јас од што читав тука а и од моето опкружување дека треба да се дава чај на бебињата си помислив дека мојот педијатар не е доволно посветен на нас штом не ми спомнал да давам чај.Затоа при една контрола јас цела потресена кажувам дека не сум давала чај бидејќи не ми кажалаа па дали можеби затоа имаме толку грчеви ми кажа дека бебињата не пијат ниту чај ниту вода и цврсто стоеше на ставот дека чаевите се полни шеќер и дека се штетни.Потоа во консултација со уште еден педијатар го добив истиот одговор.Јас на моето му немам давано досега и не планирам да давам се додека не почнеме со цврста храна,но секој си одлучува за своето дете што и како е најдобро иако сметам дека педијатрите секако знаат повеќе од нас
Онака си кажав тука сме за совети фала богу да не е форумов многу работи немаше ни да знам Така е америка не е некој репер се им е на база на шеќер ама мислам дека бебе се оформува кога ќе почне со оброци тогаш е битно како се готви што се дава итн
Мајкии кога ги ставате на меше им ставате нешто под градите кебенце перниче ко подршка или само на рамно и на меше, дека на youtube гледам има различни видеа? Јас тек сега почнав поинтензивно пошто педијатарката ми викаше рано е, а скоро 2 месеци сме уште не го крева главчето кога ќе го ставам, само на мене на гради ако е може да ги порткрене