Ја од многу рано го ставам на преглед уште прва втора недела ми кажа педијатарката а после тоа и ортопедот 1мес дали имаше Иначе го ставав на кауч одоздоле тетра сега на под на подлогата што си е и пак тетра ставам дека до глава паѓа се лигави Инаку го крева главчето цело врмее на мене кога ми е за ждригање ептен се исправа да ме види и скоро по дома стално е исправен додуша и сам го држи веќе само јас така го припазувам Да видиш со ортпед
Мене педијатарката ме советуваше ако заспие бебе на града или наавечер нема потреба од кревање да ждригне побитен бил сонот, јас не го кревам навечер цица и во креветче го префрлам мака не сме имале а преку ден знае некогаш да не ждригне не е страшно мислам
Бевме на ортопед пред 1 недела он ми рече супер е, на мене или кога го држам во раце го крева и го држи сам или што викаш се крева да ме види, но на под кога е не го крева се мачи ама ептен малку за тоа ми е маката дали вашите ги креваат и тогаш до 45 степени
За витаминиве... Педијатарот наш само д3+к1 ни рече. Омега не, пробиотик исто не. Секој своја политика имаат педијатриве
Од 5 ипол месеци почни со вкусови, од 6 таму веќе да има еден оброк и на секои два месеци додавај уште еден оброк. На пример на 6 доручек, на 8 доручек и ручек , на 10 доручек, ручек, вечера, и до годинката ужинка една, понатака две. Ако тргнеш на работа, нема да бидеш цел ден, кога си на работа нека јаде, кога си дома нека цица. Со поголемкото вака функционирав и со ова бебенце вака планирам. Немој да ставаш перница под него, само на рамна подлога е доволно, постепено ќе си се извежба.
И јас исто почнав касно да ја ставам - голема грешка ич не сака да лежи така одма се буни првите две минути па вика и мм пак ја врти а кога не е тој дома ја оставам иако вика за да се навикне ама не - пробува дури и да се сврти мислам од инат побрзо ќе се сврти отколку што ќе лежи на стомак ,а баш убаво си се испрпува па и олеснува. За главчето мислам дека порано поубаво го држеше право отколку сега,ама чим ортопед ти рекол нема проблем - нема само треба почесто да ги ставаме и јас и ти очигледно Стварно ? 19.08 така ?
Аа не не не ја крева Како да го мрзи на под ја крева ама така мрзливо и ќе си легне да одмори Валда на тоа мислиш и ти
Исто и моето не сака да лежи на меше ич, почнува да плачи и повеќе од 2 мин не можам да го оставам. Пробав и со перница, можи не ја местам убо не знам. Али мисли дека е супермен лета хаха ги крева нозете и рацете нагоре и само на меше стои. Како да го научам?
Од грчерви така испуштаат звуци,како баш тешко да им е. Ми доаѓа да го снимам за да ги објаснам тие звуциА со тоа ждригање и раце и нозе ми пајѓаат од шетање. А еве 2 месеци уште немирно е додека го спуштам во креветче се такви звуци се мрдање кемкање па па во раце па легни го и за 15 мин станал. Ова грчевите ме истрошија
Првото казна мислам му беше кога ке го легнев на меше за да вежба. И некаде до 4 месеци ептен форсирав кога 3мин кога 5 мин ке лежеше. Потоа се навикна но многу често со нос се маваше на подот. Па плачки. А второво обожава да е на меше. Од сам старт си лежи ссга е 2 месеци И си подига и главче баш е мирен кога си лежи. Така да еве двете се мои па се многу различни
Кога лежи на меше гледај да го забавуваш да му биде интересно да не зјапа во празно, јас го ставам на гарнитура дека е доволно тврда и не пропаѓа и гледа во ТВ ако не гледа во него гледа во мене па јас станувам одам од другата страна да си го врти главчето. И полесно му е за прдење дека си го стиска стомачето а го свртам се утепува прдејќи али нормално повеќе од 5-10 минути не седат повеќе ќе се труди да лази ќе мафта со нозете и рацете
Да даа на тоа, глупава загледав видеа што треба бебиња на 2 месеци да прават и демек треба главата да ја креваат кога се на меше, за рачиња кога ги фаќаме да се креваат да држеле сами играчки и реков забушаваме ние
Колкаво е твоето? Јас се трудам се ова ама кога ке се завреска ни јас ни играчката не го интересирамеА Антоније ми рече 40% од денот да е на меше требало, јас едвај неколку пати по 5 мин успевам
Моето сега на 2+ месеци сака на меше, па дури и 20тина мин издржува и заспива на крај. Инаку пред 2 месеци едвај по 5 мин издржуваше
Епа јас тука згрешив, прво касно му се среди папочето имаше гранулом, па педијатарката на месец кога го носев ми рече рано било за на меше и јас на своја рака го вртев еднаш дневно ептен малку и еве скоро 2 месеци сме лежи ама некоја минута и се буни само прета со нозете за да стане, сега го оставам додека не вресне ама и тоа не е многу
Моето во среда прави 3 месеци, го ставам сега веќе и на нога "демек седи" да си замислува зошто влезен е во некој филм дека може да седи а не смее али главчето цврсто го држи. И да вреска крени го малце понишкај го да се смири пак стави го. Јас обично го ставам кога не знае што со себе не сака ни во раце ни никако и на стомак само да се измори малце од малце или сам се врти на страна веќе и таму троши енергија али пијаното му е врв цел ден лупа со нозене сите мелодии ми се вртат кога ќе си легнам