Здраво мајки Како функционирате во услови на пандемија? Јас сум преплашена и во текот на целата бременост чувствував страв, но сега тоа чувство е зголемено многу повеќе. Мислев дека откако ќе се породам, ќе се намали, но сум згрешила. По цели денови сум дома со малото, со никого се немам видено, само два пати сме излегле со количка низ населба ( поради загадениот воздух и студеното време и плус поради стравот некој да не ме сретне, па дали носел, дали не носел маска) и на редовни контроли што одиме. Инаку до пред короната имав едно турбо темпо на живот, работа, излегување, исполнет социјален живот. Најмногу ми недостига да излезам од дома опуштена, а не ко на ланец, во стеги. Свесна сум дека самата изолираност го поттикнува дополнително тој страв, но не би можела да ризикувам и да се соочам со него, најмногу поради син ми.Толку сум насеќирана, што дури се сомневам и дека маските се доволна заштита. Голем дел од пријателите со кои контактирам телефонски беа/се позитивни. Исто така, слушам за се повеќе луѓе кои внимавале и почитувале мерки, а сепак се заразиле. На фризер и на депилација не сум отишла со месеци, а толку би сакала да си се разгалам. Како вие си помагате и ја надвладувате паниката?
Здраво Иста сум и јас ама многу ме упропасти тоа пазење и сега бебе седи со маж ми ја излегувам. Шетам сама, се возам со кола, одам кај што нема гужви, кај мајка ми со маски седиме...стварно не се трпи да се живее во страв. Еве сега баш правев тест мислејќи сум се заразила и седевме дома со маски да не го заразам бебето. Искрено понекогаш посакувам да се заразам ( секако бебе да не го фати) и да се мавнам веќе со короништево. За искачање бебе го вадам секој ден а ако е загадено одам на средно.
Совет за сет за маникир? Гледам некои вклучуваат плус чешлиња, термометри, четка за заби од оние што се ставаат на прст, пумпица за носе... Ова се ми треба, така?
Јас од ова имам само мала грицкалка и дигитален термометар. Четка или напрсток ќе му купам кога ќе излезе првото запче (7+ е, уште нема заби). Едит: Имам и ножички ама скроз непрактични ми се, еднаш пробав и ги фрлив во фиока.
Јас би зела ваков сет, бидејќи се' што вклучува се користи. Има еден убав на авент Јас посебно ги купував работиве и многу поскапо ме фати, а се што има во сетот ми беше потребно
Мислам не ти треба сето тоа, јас грицкалка имам од се ова само искористено. Ножички не ми се практични, чешлињата се неотворени, термометарот фала му на бога не ми притребал ни пумпата за носе. Подобро купи си само основното (грицкалка, термометар) сега другото ќе си купиш ако ти треба.
Чешле и четка имам, само четката досега сум ја употребила кога имаше малку сува кожа на главата. Чешлето уште не, нема коса за чешлање. Грицкалка имам, не сум ја употребила и засега така ќе седи, нокти сечам со ножички и ми се побезбедни за сечење, посигурно се осеќам со нив. Четка напрсток сега купив, а 7 месеци има, да ја имам кога ќе му излезе запче.
јас користм нозички и ми се 100 пати попрактични, термометар исто и го користам при вакцинација да не ми качи тем и е корисен и мораш да имаш؛ Пумпица исто ја користам и ќе ја користиш бар до 3 мес бидејќи не е за шмукалка мало е а ќе има мрсулчиња؛ Се на се јас имам сет и го искористив маХ
Оние мајки кои користат Ад, по колку ви пијат бебињата на нивна возраст? Моето е 2 месеци, некогаш 120,некогаш 150... сите шишиња се до 250мл, па ме интересира дали понатаму пијат и повеќе од 250 и дали секогаш е на 3 часа преку ден ?
Синчево е 2м и 1н пие 150мл вода готов оброк 170мл на 4ипол отприлика саати преку ден навечер врзува 5-6 саати сигурно за јадење Давам како што бара некогаш поише некогаш помалце саати
3 пуни месеци сме ние на 4 саати пие по 170мл готов оброк 250 би пиеле кога ќе се воведува оброк во дневно јадење и ќе има поголем размак
Ако го имал некој овој проблем барам искуство како го решил. Беба од раѓање и солзи десното окце. Прво ни рекоа со чај од камилица да го мачкаме но не и помина. Потоа ни препишаа торбекс капки, ни од тоа не и помина. Сега педијатарот е позитивен и нема каде да ја носам а окцето на сабајле и е залепено од гурделчиња. Што да правам?
И моево има гиралки ни рекоа само превриена вода со стерилна газа нежно поминуваш неколку пати во денот, ете веќе скоро и да нема
Навечер 5-6 саати врзува со спиење Ама он спие од 18ч до 08 тера со станување за млеко секогаш различно бара
Мора консултација со педијатар, обратете се кај некој друг. Но, веројатно би ви дале Цитерал 3мг. Не треба да се одложува инфекција на очи.