Не мора да значи дека се буди за јадење. Ако претходно спиело подолго и не јадело во тие часови кога сега се буфи не давај храна гушкај и ќе презаспие. И кај мене кстото се случуува ама кога му е вообичаеното време за јадење само давам. Ќе помине период е.
И давам 170 готов после бањање, пред спиење. Секогаш истото го правиме, точно е 9 недели и 3 дена.. мислев до сега е поминат вториот скок. Вакцини прими во четврток, таа прва и втора вечер спиеше вообичаено
А во колку заспива? Моето е на пример многу терсене од мал. Секое утро во 6-7 се подразбудув бара да го земам го гушкам во тој период прди и се стега целиот еве веќе за два дена ќе полни 4 месеци секое утро е исто. Го гушкам околу пола час сее смирува и пак го оставма продолжува,заспива околу 8 ,ако го иставам така се буди ако не го земам.
Моето е 2 месеци, заспива во 10-11 зависи од последната дремка. Си спиеше до 6:30-7:30 Не знам дали е поврзано со дремките ама не сврзува многу преку ден. Секогаш со помош бидејќи често се буди денски
Јас го имав кај ќерка ми. Од раѓање и солзеше едното окце. Со гурелки беше нон стоп. И правев масажичка затоа што и беше запушен солзниот канал. На 40 дена точно и помина. 2-3 дена и правев масажа неколку пати на ден и и помина. Толку од тогаш до сега, 8 несеци нема ништо. Капки никакви не сум ставала, само со физиолошки ја пребришував од гурелчињата. Пробај и ти масажичка и прави ако е затнато каналчето ќе се итзатне со масажа и ќе престане да и солзи. Од горе почнуваш да масираш од почетокот на окото па надоле како иди накај носето, нагоре надоле правиш така малку посилни движења, за да се отзатне, ако го галиш само ништо не си направила. Прави и почесто, јас на секој подој кога ја доев со едната рака и правев масажа и така 2-3 дена нон стоп и толку беше. Наредниот ден се разбуди без гурелки и цел ден не и солзеше воопшто и толкуу.
Не мора да значи дека е инфекција. Сите педијатри како даваат така од ракав капки за очи и тоа за новороденче, бебе, па и кортизон даваат Ако е затнато солзното каналче со ниедни капки нема да помине, само масажа и така ќе помине.
Вака од муабетење на форум не знаеме дали е затнато каналчето или е инфекција, затоа и препорачав консултација со педијатар. Членката рече дека му се лепи очето од гурелки, сепак не треба да се остава непроверено кога станува збор за очи или да се прави било што на своја рака.
Моето е 12 дена, навечер е на ад меѓутоа овие два дена почнува навечер да плаче и да се грчи целиот, можно е да се грчеви? Давам биогаја и колиеф по препорака од педијатар. Навечер пробувам да го заспивам накај 8 и си спиеше до 8-9 сабајле некад и до 11, сега претежно е биден Како е кај другите деца што сме приближни денови? Незнам дали е во ред да е буден почесто?
Побарај мислење од друг педијатар, можеби е само затнато каналче,а може и има некоја инфекција. Во таков случај најдобро е да се земе брис, за да не се екпериментира со антибиотици. Во меѓувреме чисти со физиолошки раствор за очи и со стерилна газа (не повторувај по 2 пати со иста газа за да не се прошири инфекцијата)
И моето имаше секрет до 6 месеци, пукнав. Последниот пат запнав ептен и постојано му правев масажи, но мачкав и маст. Наеднаш го снема и веќе не се повтори. И два-три пати на брис го носев, бактерија не излегуваше, а жолто-зелен беше сектретот, не може да нема бактерија ако е во таква боја. Но можеби згрешив што неизмиен не го однесов никогаш. Пребришував со марамчиња Иридиум, за таа намена се. Баш ме нервираше што му беа такви очињата, но носето му е многу тесно и сите велеа дека е до тоа и кога ќе потпорасне дека ќе се среди. Масажи упорни, на секое доење го стискав и излегуваше секрет.
Нормално е да са буди почесто, мојата кукла се будеше на 3 часа за цицање. Навечер ќе се нацица и пак ќе заспие, а денски некогаш и почесто. На таа возраст треба да спијат вкупно околу 16ч дневно, макар кај секое бебе е различно. Имам забележано дека е најрасположена ако е будна околу 2 часа, па ќе дремне некогаш саат време некогаш 20мин...како ќе расте и ќе се зголемува интервалот на спиење, веќе почна да врзува и по 6часа сон.
Ние го имавме истиот проблем од раѓање и траеше скоро пет месеци. Во болница лежевме поради друг проблем но докторката го забележа и тоа, и и' ставаа капки цела недела. Помина но се појави пак. Кога бевме на педијатар ја прашав докторката и таа ми објасни дека е поради затнати солзни канали и рече само да ги чистам со превриена вода и стерилна газа. Кога бевме во Македонија, мајка ми ме напна да сум и ги намолзувала очите со мајчино млеко. Мене некако не ми беше тоа логично а и искрено не можев да го правам. И ајде кога се вратив закажав на педијатар специјално за тој проблем. Пак истото ми го кажаа ама овојпат на мое инсистирање и земаа брис од очите и излезе дека нема потреба од антибиотик. Докторката вика не е секогаш решението антибиотик. Ми вика, јас можам да ти дадам капки, ќе ставаш една недела и ќе помине, но после две недели пак ќе се врати. И ми кажа дека докај шестиот месец ќе помине само од себе. И како што кажа така и излезе. На почетокот на петиот месец одеднаш го снема проблемот а дотогаш ги чистев очите и по трипати на ден, најтешко ми беше што го малтретирав детето не за друго. Ама тоа, што и да е мора да се истрпи до крај.
Памукче за отстранување шминка, натопено со млака вода и бришеш од крајот на окцето, навнатре. Овака неколку пати дневно. Никако со истото памукче, на секое бришење со ново и обавезно миј ги рацете пред да го правиш ова. Инфекцијата ќе се повлече брзо, ама продолжи да го правиш ова уште неколку дена потоа. Ако се повтори, пак истата процедура. Капнувај и мајчино млеко ако имаш одвреме навреме.
Дечки Маж ми купил Ефералган раствор за деца од 4кг па нагоре за секој случај после вакцина во аптека му го дале Дали е ок или да го мењам? (Ја разбрав блок макс дека треба ама тоа не било парацитамол туку бруфен) @Alishan30 може тебе ти е познат леков...
Пробав и го раскрварив и ми идеше да се утепам Каква користиш да не е до мојава грицкалка на томи типи имам