Лепенките се ставаат на боцнатото место и се менуваат на неколку часа, имаат гел и го ладат местото за да не дојде до температура. Имај си ги, корисна работа се. А после вакцина секако ги препорачуваат Веќе убаво пишала @Alishan30
Во пунктовите се ќе си прашаш таму ќе ти кажат ја ги сечам и ги ставам а можеш и ациди борици и така да ладиш
Мајки помош! Има ли некоја со бебе што немирно спие и цело време мава со рачињата и нозете навечер? мислев до скок е ама؟не е и само навечер се случува؛ Цела вечер бдеам над неа пика рачиња во уста а спие, ќе и дадам цуцла 5؟мин е мирна и пак истото؛ мислев ладно/топло да не и е ама не؛ Нз што да правам
Исти сме Земи вреќичка замотај го со рацете внатре и нека спие ја во вакво слично го ставам преку ден Иначе не му се секирај и да става раце земи го понишкај го успиј го пушти white noise на моб пробај така или фен уклучи види дали ќе се успие поцврсто
Јас!!! Се мениме по дома навечер, не знаеме што да правеме. Не знам и дали е рефлексот или си е такво бебето. Многу е нервозно ни денски не можам ништо да правам
Изгледа фаза им е некоја؛ Преку ден не прави така ама чим се успиеме навечер и ја ставам во креветче почнува؛ А спие и цица еднаши пак продолзува да спие ама ова мавањаво не буди и како зомби висам над детево؛ Аман нека пројде
Бебето е веќе 3++ месеци, прашањето ми е за капките Д3, дали да земем Д3 + Омега, или ќе треба прво да се консултирам со педијатар бидејќи претпоставувам во нив има помалку Д3 за разлика ако и земам само Д3. Кога бевме на ортопед прашав , ми рече не сакам да с е мешам во работата на педијатарот тоа била нивна работа.
Нас педијатарот ни рече до 3 месеци витамин Д и витамин К1 (само на доење сме), а потоа витамин Д со омега.
Што ќотек јадеме и јас и мм навечер па и испушта крици како лавот во зоолошка,а на сабајле ќути глас не му се слуша кога има дремки. Затоа сакав и бо лреветче да го учам да спие али мислам дека тешко би било додека не го гушне некој од нас и да му се насмее за добра ноќ нема шанси да заспие
Боди по долги и хулахопки термо и патичиња имам како топлинки мекани земени од ваикики и скафандерот али не класичен скафандер ова е памучен и внатре и надвор али полнет е ептен и капче таман му е ни мн топло ни ладно
Да пробаш кога ќе заспие да го префрлиш? И мојов многу прета, ржи па раце шмука, ама јас го зимам или на цицка или ќе го погалам и пак го враќам ама се разбуди му пуштам звук од провосмукалка и се успива. Пошто мачно е да спие со нас некогаш го зимам сабајле кога веќе сме наспани ама за цела ноќ ко на боцки спијам да не го зачукам во вртење
абе имаме доволно место само малиов се шири мисли крал на креветот е уште кога ќе ги рашири рацете мислиш 5 метра му се навечер не спие толку цврсто за разлика преку ден дремките абе со усисивач поминувам до него елка накитив садови измив дури тогаш стана ама навечер тука до еден од нас или по можност двајцата да сме до него макар и да дишеш само тука да си да те осеќа дури мм го имаше оставено успано абе незнаеш труп дојде во дневна почна да се буди
Хахаха знам овој а го ставам на спална со главата мора да е кај мене упикан а со нозете кај татко му, ама креветчето му е залепено до спална па не прави проблем кога го префрлам. Среќа твоја што заспива и со татко му овој а осети мене ме нема одма е ококорен
И нашиов спие раширен на спална, а знае да се изврти хоризонтално, со главта кај мене, со нозете кај татко му, и кога почнува да прета го мава по фаца со нозете... А ние стуткани на ќош и без мрдање, укочени да не го разбудиме кралот. Секој ден кичма ме боли што спијам искривена.. Плус мојов е голем веќе