Побарај тестери и види кое ќе му одговара и тоа ќе купиш. Или почекај можеби само ќе се повлече, а и може да се консултираш со педијатар.
Луѓе пак јас нормално ли е да сака само во раце да е? Ми спие во раце, недава да го спуштам на креветче. Има само 14 дена. Искрено ми се плаче ни со млеко не сум најсјајна само на ад е.
Хахаха абе мало е нормално е знаеш дека креветот има игли рацете немаат извини што ти се смеам на маката мене ми одеше да се обесам нерви немав. Само трпение и гушкање нека те смени маж ти малце
Кога почнуваат да се интересираат за играчки, т.е да ги фаќат и држат во раце? Ние сме три месеци, кога и зборувам се смее, гуга, прета со раце и нозе како да ќе полета ама рацете сѐ уште се во тупаница, обожава да ги шмука, цели ги пика в уста, лиги колку сакаш. Пробав да и дадам играчка, не се замара, само ја гледа и не пушта рака да ја дофати. Знам дека е индивидуално и децата не се споредуваат.
Кај да е ќе почне. Штом ги гледа значи се интересира, но уште не дошла до фаќање. Чекај прво да им се насити на рачињата, сигурно се најслатки за гризење.
Да прво прстите до грло си ги бута дури некогаш и нагон добива на повраќање што ќе ги бутне толку. Моево на 2 и пол месеци почна да ги удира а сега сме 3месеци и чат пат знае да фати и да се беси сака да стане како карики му се играчките
Вчера направивме 4месеци и кај мене до пред некој период дади и траскалче ќе фати ќе пушти ,аме овие две недели си ги држи и одма во уста ја чешаат непцата и цела со главчето мрда ако не ја погоди устата и давам и глодалчиња , ќе прсшував треба ли гелче да и ставам на непцата нешто,оти она и цуцлата почна сама да ја вади и онака да ја држи само на непца
Не сум пробала, но сум слушала кога ќе го спуштиш блуза твоја да ставиш до него, ќе му мириса на тебе може ќе се залаже да спие а да не е во раце... Иако е нормално мало е и мојот тој период беше само во раце
Е верувај, еве сега седам а тој прета во креветче на играчката се радува а мислев дека никат нема да дојде тој ден да не ми е во раце, и нека се охрабри маж ти ќе ти помогне малку прво седејќи нека го држи па ќе се опушти малку по малкуhug:
Се консултирав со педијатар и докторката ми кажа да земам крема за атопија на мустела или на риластил и рече дека повеке задоволни имало на риластил, а тестери од каде да набавам
јас барав зашто ни се појави атопичен дерматит ама не најдов؛купив биодерма по сугестии али мн се скапи؛ ќе видиме како ќе се показат
Мустела немав тестер и купив без тестер, а Еуцерин има во аптеките тестери. За Риластил не знам. Ако не најдеш, може дуректно да си купиш големо пакување, муабетот ми беше тестер да бараш за да не даваш пари џабе ако не се погоди.
истото го мислев...моето и плус спие во раце навечер цела нок,како за доење. На ортопед се си е супер фала Богу
Епа тек је почело. Секско дека е нормално, бебче е, сака твоја близина, сигурност, топлина. Мојава е 11 месеци и уште е во раце или ме тегне за ногавици.