Јас веќе во кенгур напред го ставам да гледа зошто си ја држи главата исправено и си гуга така и си ќути ако му клапне главата напред значи заспан е па го вадам од кенгур плус веќе способен е сам да се врти на стомак и да си ја вади раката ако е испод него. А вака како што е на сликава само се одбива како да се мава и се тегне али тоа е кога не сака во раце да биде
Од кога почна сам да се врти на стомак ја се осеќам моево ко да нема абер уште ни на страна не се врти ( не знам дали прво така треба)
па 2 и пол беше мислам кога почна се обидуваше на страна да се сврти да види каде сум додека му правам млеко али не сопира цел ден прета со раце само кога спие е мирен иначе нон стоп мрда а овие два три дена почна сам да се врти на стомак се само можеше на страна да се сврти сега стенка и се врти
Help! Не знам дали направив грешка... вчера у ДМ ги земав овие: Денеска ги видов овие: Вториве да не се посоодветни за новороденче? Инаку целта ми е да и ги давам навечер при спиење за превенција од SIDS.
сеедно е, зависи како ќе ги прифати бебе. Јас имам како вторите од аптеката во ремедика бидејќи уште во болница и даваа таква. И така продолживме
Зошто моево бебе не сврзува денски дремки 15 мин и си се буди и плаче(најчесто од мрдање или го свива грбот), единствено ако сум до неа, веднаш да ставам цуцла или залулам да продолжи и после пак истиот процес. 2 месеци и 9 дена е. Ќе полудам обидувајќи се цел ден да не се премори и да се осигурам дека спие доволно
Не знаев кај да во поставам прашањево, па ајде тука: Дали користите слинг марама за бебе и дали некој ја има од Ело марамата? Се мислам меѓу таа од Ело и еластичната Boba Wrap. Не е мала разликата во цена но ако има некој искуство особено со на Ело марамата, нека ми пише.
Читав и на нет до сега, на официјалната страна. Теоретски треба да се ок и тие што ги земав, е сеа ќе видиме бебе што ќе каже. Фала ти!
Јас ја имам од Ело и ја користам од втората недела на бебе. Презадоволна сум - доволно е растеглива за да му биде удобно на бебе, а и доволно цврста за да биде сигурно бебето во неа. Малку е подебела од Боба, за сега е супер - ако надвор го шетам во неа одоздоле си е облечен како дома што е пошто реално 3 слоја од марамата го покриваат. Мене знае да ме испоти на грбот, ама мислам дека и тенката би потела. Мене ми се свиѓаат на Боба пошто има убави дезени, а не сум видела која цена се?
Дупло поскапи се Боба. 3400 се и затоа се мислам. Не ми е за дезенот до толку.. Ама сега ме замисли за материјалот, да не испадне да купувам нова кога ќе затопли...
Ги имам користено и двете . И двете се ок. На почетокот силиконските ги користев му беше како огромна на лиценцето но мене ми се допаѓаа многу до 3 месеци ги користев, потоа кога требаше да сменам земав од другите
Па додека се стопли ќе потпорасне бебуш и дали ќе го носиш воопшто во марама толку.. за разликата можеби ќе си купиш кенгур, па ќе си ги имаш двете.. Размисли си, мене ми се погоди ептен од Ело марамата. Искрено поклон ми е - доста од ‘средно-големите’ работи ми се подароци од блиски кои сакаа нешто да купат да биде од нив, да не се пари директно. Им праќав линкови или па купував, па ми даваа пари, ама така речено ми е од нив. Ако имаш некој што те прашува што како ти треба и дека сакаат да ти купат, такс организирај си се - ем на нив кеиф ем ти ќе си добиеш што ти треба за бебуш
Мајки ве молам за совет , во пелената од вагината на бебето имаше како лигавко нешто ко мрслул, 3 дена сме уште какаме зеленко . Дали е нешто опасно, инфекција или слично, уште сме во болница ама до сабајле да видам со педијатарот треба да почекам.
Не успеавме со доење, разранета сум цела, ме боли она нејке со силиконски се тегне. Млекото ми надоаѓа пробувам да се стискам а она е на дохрана. Се измачив вчера, не бива така насилно у болница што ми налагаат , па дома ке се учиме. Сега се испаничив за мочкање , дали мочка сма пишав посебно околу тоа. Блазе си им на тие мајки што успешно дојат
Не е ништо страшно, може да има и малку крв. И моето имаше исто. Велат дека се чистеле од хормоните на мајката.
Смее да седи на 4+ ама само под 45 степени, најдобро е во количка/релаксатор/хранилка или кај тебе во скут - да бидеш во полулегната позиција и да го легнеш врз тебе. Никако исправен под 90 степени. @Milkiway Не знам дали е правилно ама јас го исправав свртен накај мене додека не ја држеше стабилно главата (со раката му ја придржував). Инаку, почна да се врти на стомак мислам една недела пред да наполни 3 месеци.
Ние сме 4м и 3 дена ама абер нема за сама да се врти ... на меше јас ја ставам неколку пати во текот на денот инаку на грбче лежи и така спие ....
И јас прашав неколку пати, не добив одговор. Еве според ова е после 4 месец до 6 некаде. http://www.femina.mk/семејство/бебе/важни-моменти-во-развојот-на-бебето-0-6-месеци
Во ред е, некои почнуваат покасно, а некои и немаат желба зашто поубаво им е на грб. Моево не сака никако на грб, се лути и кога го легнувам за пелена да му сменам. Спие на страна или на стомак, ако се сврти на грб одма се буди. Дури има бебиња што се вртат само од стомак на грб. Доколу сакаш да ја стимулираш, ставај и играчки од страна за да се сврти да ја земе. После тоа, може сама ќе почне да се врти скроз.