И ние сме 4 ипол месеци, абер нема да се врти, ако ја ставам на меше почнува рацете во уста да ги става и да плаче, зашто не може така да ја држи главата, бидејќи рацете и се во уста.
Мајки, од кога почнуваат бебенцата да си "играат" и фаќаат играчки со рачињата. Моево 4ипол месеци сака се да фати, се што ќе види (и играчки, пелени, влажни, облека, далечинско...) го разгледува или веднаш го става во уста и почнува да плаче. Како е можно да плаче ако држи во раце тропалки или било какви играчки, дури и плишени, па почне да ги става во уста, па тогаш почнува да кенка, и на крај плаче силно. Можеби мисли дека се јадат или проблем со излегување запчиња...? Дали треба да го оставам да плаче.
Јас ги имам и двете, вторите одма го фаќа ама за 5 сек ги пуште некако гломазни и тешки му беа за новороденче, првите повеќе ми ги цуца за успивање
Дали некоја мајка има бебе што маки мачи со киселини. Еве мојата после јадење пишти плачи и решив да ја носам на ехо ама нема ништо, проблем се киселините. Гледам помалце ми јади и кога јади му се враќа назад млекото во устата и пак го голтнува и прај некои фаци како нас кога ќе не фатат киселини. Докторите викат нема некој лек за тоа освен ако не губи килажа се плашам дека ќе почни, ја сменав формулата во специјална за тоа ама не гледам некое подобрување можеби е рано денес и дадов. Би сакала да знам дали некоја мајка имала ваков проблем
Здраво мајки. Пред 5 дена бебе влезе во 4ти скок. Ја имам апликацијата wonder weeks и неверојатно како 2 дена стана ужасно плачлив, ја отварам и гледам стои дека за 2 дена почнува 4ти скок. Тие денови почна многу повеќе да се лигави. И вчера беше многу плачлив ама чуден плач, како кога имаше грчеви одеднаш ќе писне. Со прстот му ги чешкав непцата, цело време ме стискаше и така беше многу мирен. Му купив едно силиконско за грицкање и со тоа е мирен. Можно ли е да се прави простор за запче? Па многу е мал (по мене) за 10 дена 4 месеци ќе прави
Многу е веројатно да се заби ама не значи дека скоро ќе излезат. И моето почна да плаче од заби на 4 месеци и да се чеша ама еве го 7+ уште не се излезени.
Ние бевме такви ама сме само на доење؛ Мн е мачно особено кога ќе треба да го легнеш цело време голта од млекото што се враќа и киселините؛ Што не се праев и антирефлукс перница и дрзење во раце по пола саат и ништо не помогна туку магично само по себе исчезна не се секирај дај му време на беба, ќе се среди тоа па др маки идат ако си на ад смени формула, тоа беше коментарот на педијатарот доколку бевме и ние на ад
вчера се го испрашав педијатарот, со тефтер отидов и пак заборавив на едно дали сте ги однеле на планина децата и кога? ние сме 3месеци и сакам да ја однесам на чист воздуХ малце ама ради надморска висина ми е мислата
Да веќе сменав во аптамил рефлукс па ќе видиме. Колкаво беше твоето кога исчезна? Многу е мачно да го гледаш така ааа неможиш да помогниш. Твоето јадеше убаво, мојава јади ама ја фаќа време и по малце ми е страв заради килажата така мала ја родив таман ја накренав и ова се случи
Имам другарка во Швајцарија нејзиното бебе имаше многу лош рефлукс исто со вриштење со плачење примаше терапија пантопразол одреден период. Исто другарка тука користеше антирефлуксна формула. Бебето после оброк подигнато го држи или оставај да не се враќа многу млекце и киселини. Инаку може е рано за да видиш подобрување зошто од рефлуксот се надразнува хранопроводот на бебето па додека се санира воспалението ќе треба да мине некој ден. Со тек на време ќе се среди
Па кај 2 и нешто се смири ама цело време ми напредува колку што треба؛ Родена е 3130гр еве вчера педијатарот ја измери 5000гр а вчера правевме 3м؛ не се секирај ако напредува не е страшно ќе се среди
Ајде мајки помагајте ако знаете. Бебево само кај мене кога е во раце плачи. Кај никој друг. Ова е вака од пред 3 дена. Кога ќе го земи мм во раце одма прекинува.Ми го враќа смирено и почнува да плаче. Исто е и со другите членови од фамилијата, кај нив мирно е.Не е скок, ако беше скок кај сите исто ќе беше. Да напоменам не сум вознемирена, не сум лошо ,,наелектрзирана'' само сум малку уморна. Еве сега сами сме дома 15 минути ми плачеше се додека не заспа од умор. Пробав се и сешто, пеев,му зборував, бели звуци..џабе. Бебе старо 6 недели.
На 45 степени го ставам на перниче али кога ќе го земам во скут шознам мислам дека многу поисправено од 45степени го држам.. А што би можело да му биди? @Milkiway бебушов почна да се врти од 2 и пол месеци на стомак и тоа и во спиење и на подлога.. Може ради тоа што ме сака многу да леже на грпче..
Кога дискутиравме за исправање и држење во седечка позиција, тука ми рекоа сѐ додека има потпора(да не е оставено само да се држи), нема проблем.
Кај кој ортопед одите? Јас бев на 2+м ништо не ми објасна буквално само снимките ми ги даде супер е рече се гледаме на 6м
Кај Антоније Хаџи Антоновски. Го носев на 2 месеци, следно на 4+ и тогаш ми кажа за исправање на 45 степени, а за јадење на 65 степени.
Не се откажувај од доење штом имаш млеко! Најважно е да не се откажеш. Биди трпелива. Јас со првото се мачев, се дури не видов една другарка, која го доеше второто дете и тоа изгледаше толку лесно и едноставно. Ако имаш можност консултирај ја Јасна или некој друг консултант за доење. Ако не тече крв, нека цица. Ако имаш рани, мачкај ланолин на мадела и цело време отворени држи ги брадавиците. Ако нема крв нека вчече дете. Ти плачи, боли ужасно, ама нека влече. Ако има крв, стискај ти, измолзувај се, и во краен сличај фрлај. Ама на 2 саати обавезно молзи. Така ќе ја одржиш лактацијата и нема да направиш маститис. Многу е битно детето правилно да го поставиш. Во прво време може ќе ти личи дека ќе го угушиш детето, но мораш да го стегнеш на градата. Стомакот на бебето да е свртен кон твојот стомак. Не само главата, па после на грб свртено. Не знам дали ме разбираш вака раскажано, прочитај и во доење темата, има многу искуства. Смирено и трпеливо.
Мајки дали имате приметено кај вашите бебиња поготово денес кога го ранам и ќе му го извадам шишето пд уста цуцлата премногу му мириса на омегата, дали е нормално? И уште ова веќе два дена не цица и сме на ад, што треба да направам за градите сеуште ми тече млеко, да не си направам проблем