Сменив капки колиеф со колипрев дали може запек да му направат? И уште нешто од ноќеска во сон ќе заплаче наеднаш на цел глас го зимам се смирува и за саат два пак вреснува, може да го боли нешто? Вака првпат вечерва трипати ми направи
Тие не прават запек колку што знам јас бидејќи е ензим,а за тоа што вреснува може да му се грчеви пробај со минимално упалено светло да спие да не му е скроз темно и од тоа знаат да се плашат
Давај му и пробиотик обавезно. Запек или дијареа се врзани со тоа обично. А колипревот сигурно не напраил запек. Штом се смирило кога си го земала не е од грч. Скок некој...сонувало можеби нешто...
Мајки вакви ни се појавија и стануваат ептен црвени и се шират и позади уши и се појавија од вчера вечер ама денес гледам црвенилото е смирено овие се тие бебешки акни?
Мора маж ти или некој друг да ти помага, нема зошто да му е страв, нека прочачка по нетов има и доста едукативни книги како се држат деца. Не се издржува сама, цица, пресоблекувај, спремај формула, заспивај. Каков страв нека помага, ние сме скоро 3 месеци, да не е маж ми за успивање и за подригнување скроз ќе ми отиде кичмата. И мојов се бунеше на почеток му викам земај ја зш немам сила, ќе папсам. Башка сеуште телото ти закрепнува, мора помош да имаш. Тој период не завршува туку си трае и трае...скок во развој, па запчиња, па барање внимание...нон стоп си бараат во раце. Барем до кај 1 годинка така ќе биде, знам по внук ми И ние сме во иста фаза, нормално е сега да посегнува, а не може да дофати. На почеток ќе удира случајно, постепено треба да може да фати свесно.
@Monella @BeLLaDona23 тек со полни 4 почна да ги фаќа тие што се околу неа ,а сеуште не посегнува на пример по елката ја носам пред неа само ја гледа не пробува да ја фати...
И ние не пробуваме да ги фатиме лампионите Јас и го кревам рачето накај нив ама го стега, многу многу не ја интересираат. И го местам рачето да ги допре, сите се со различна текстура. После па ќе се жалиме дека ги фаќаат лампионите
Да тоа се. Мојата се нафрла ептен дури и на вратот и градите, дури страшно изгледаше како рапава цела кожа и со црвенило околу акните, ама веќе се смирува не е како што беше. Цела недела е таква. Мачкам бепантен наутро, навечер мустела стелатопиа не знам дали има некој ефект од тоа ама педијатар ми рече да не ја држам кожата сува, да мачкам било што само да не е сува.
Не знам јас очекував веќе да сака да дофати се ... Ама па од друга страна она сака да седи ,значи ја местам полу легната напнува додека не се исправи (во скут секако) прашав баш педијатар кога бевме на вакцина рече дека секое дете различно е и дека ако пријавила интерес да не ја спречувам. Па сега си подчучнува во скут и пробува во релаксатор ама со грбчето се витка место со главата и рамената многу е интересна
Колку е твоето бебе? И мојата за една недела ќе полни 4 месеци, кога е во релаксатор се дига се свива со грбчето сака да седи, само кога и подавам некоја тропка од блиску се пружа ја фаќа, вака лампиони нешто од подалеку сама не. Значи пушта рачиња до пола некако
4 месеци и 3 дена а така почна да прави од пред две недели отприлика. Прво ми беше страв пошто нели рано е ама сега ја оставам откако прашав педијатар. А и Антоније на 0+ на Телма го збори истото дека доколку бебето сака слободно да го оставаме... Е сега јас очекував прво да сака да фаќа играчки после да сака да седи ама дефинитивно секое дете си е различно
Да си се пожалам овде ... 4 месеци и една недела сме .. точно од пред една недела ми смени малата , претходно си спиеше во креветче си цицаше на два -три часа , си имаше денски дремки и навечер во 23и30 часот најкасно заспана . Сега само во мене и на града сака и да спие со мене .... и претходно само со мене и мм била дека сме сами нашите се во друг град .... ама сега осеќам дека цело време е во мене ,излегов на еден час да купам нешто иѕвони мм плаче таа со солзи ... идам кога ме виде само се насмеа и одма смирена ..дали и е период ? Ми иде да плачам дека ни до тоалет неможам да отидам се со трчање .....и сега ете му ја дадов реков успиј ја ти и тој ме гледа демек незнам како ... ама ете го си ја успа дури радосен дека успеа .. ете си ја раскажав јас маката ,а и уште дали е нормално да ја мачи стомачето дека додека цица знае да се тргне да заплаче и пак продолжува .. или ако ептен ја гледам се мачи еспомисан и давам и се смирува и заспива одма тоа обично навечер ни се има десено неколку пати.
Ова исто, цица се трга плаче на глас се враќа продолжува и се така, а и ако не е во фаза на запивање одбива да цица, се си мислам дека е поради скокот.
Да стојам кога цица, и ја нишам, ниту таа да легне на кревет ниту во раце додека седам, стоиме ја нишкам исправена, па набрзина ја легнувам да фати града ако не фати во секундата се лути плачи па пак ја дигам нишкање и пак обиди