Па земи си мрежа и легни ја во џамбото имаш ние ќе го легнеме мм го сапунира ја поливам вода и толку он си лежи на мрежата не го потопувам
Од 2 месеци ја легнувам ама за плакнење на крај пак во раце. Под главчето и редам тоа што и го соблекувам. А дали имате секрет од ушињата ? Скоро после секое бањање и излегува ,го чистам само надворешно ама не знам дали е нормално ?
Ja додека земам мрежа ќе порасне она Не сум отишла, прашав само во Андреј компани ама нема да ми одговара на кадичката... Каква е таа од Џамбо? Ај ако можеш сликни ја и прати ми во лп. Да не идам за џабе, а и да знам како изгледа.
Јас ја иам таа од андреј ама тешка е за ставање а во џамбото ми изгледаше поубава се оптегнува на кадата треба да е универзална. Скоро 3м уште така го бањам ќе ја искористиш ќе си олесниш. Пошто не знам дали може да ги ставаме дури главче не си држат убаво бар до 4ти мес ... аЈ ќе кажат и другивф
од кога и падна папочето е легната , и неа ја малтретирам помалку и мене ми е полесно , имаме купено сунгерче за бањање , има форма сунгерчето си легнува на него и се шлапка ( само што плачка е големаа ) https://www.lococroco.com/сунѓер-за-во-корито
Од когс му падна папочето ставсм крпа под главчето да му е подигнато и надоле тетри да не е директно на пластиката
Мајки ве молам за совет. Беба е 4 месеци и 4 дена. Од кога е родена има качено само +2кг. Педијатарот рече дека тоа е мн малку. На комбинирано сме. Ни рече да смениме од хип на холе а за кашички кога прашав рече на 6 месеци. Некако не ми се менува млекото бидејќи претходно пиеше хумана и аптамил и имаше запек и нередовни столици. Со хип комбиотик и се среди столицата.
Абе педијатриве не знаат што зборат мене ми вика 500гр на месец макс треба. Како ти е родилна килажа, колку направи првиот месец и колку накачува секој месец имаш листи? и колку дохрана му даваш? Пиши ми или лп иам една медицинска книга дома по која учат педијатриве на факс кај нас ќе ти пратам табели Моето е хип комб пие 170 вкупно 5 шишиња сега зошто почна да спие по 6 саати
Зависи дали е машко или девојче...ама сепак 2 кг е малку. Еве Америчка асоцијација на педијатри што вели...https://www.healthline.com/health/parenting/average-baby-weight Дали има друга појава освен килажа...столици, кркорење стомаче, боја и мирис на столица?
Пие по 90-120 мл. Тие денови не сака ни да цица. Родена е 3.280 и по помалку од пола кг качува на месец. А сега за 2 месеци 400 гр само. Се со зор пие млеко, си игра со шишето или градата, си се смее како да не е гладна
Секоја навика има и одвика, уживајте со беба гушнати дур сака она, после ќе ти кидне нема да моеш ни да ја гушнеш.
Еве види ова Дневно 28гр а после забавува па накачу а 140-170 г не знам која недела си точно Син ми е скоро 12т ако гледам по ова он накачува дупло. Требал мин 480 гр накачил 1кг за 1 месец и педикатарот вика многу е И плус тене ти е на комбинирано некогаш во денот ќе качи повеќе некогаш не да е само на ад може повеќе да накачува Види ти подобро ќе знаеш да си ја напрајш математиката и да пресметаш
Фала многу. Сега бев до аптека, немаше слипи ни 3, ни 3+, па земав кан бебе 4 (7-14кг), ќе пробам, па ако повторно протекуваат, други ќе земам.
Малку напредува؛ Точно се знае колку мин треба да напредува, 1кг во 1 месец, 500-700гр 2 месец а потоа околу 500гр؛ Ако е 4 месец а има само 2кг малце е؛ Сепак мислам педијатрите се тие што знаат во овој случај؛
Мајка сепак послушај педијатар؛ Мозе е мрзливо бебе не знам ама ако е гладно ќе вришти тоа знам؛ Сосема те сфаќам каква ти е фрустрацијата околу јадењето ама мораш да истраеш؛ Мојава еднаш ако не цица се напнувам а не па ти؛ Пробај полузаспана кога е да ја нараниш
Точно мене ша 1кг во втори месец ми накачи педијатарот вика многу треба маск 500гр секој месец и пак по 1кг крева некои повеќе јадат некои помалце некои се да ги молиш Јас би консултирала уште еден доктор @mar3q не би оставала на едно мислење
И давам секако. Некогаш пие некогаш не. Инаку не плаче за јадење весела си е. Ич не е мрзлива, нон стоп прета до раце со нозе, се дига сака да седи активна е мн