@Lovebug01 Земи си пластична подлога како таа од @BeLLaDona23 што ставила слика, практична е многу. Мојот уште лежи на неа кога не е само туширање, како паша е оптегнат. Нозете во вода, шлапа со раце и нозе, а мене раце и кичма не ми паѓаат. Позната сум по тоа што ги испробав сите реквизити за капење, освен подлогите за новороденче тие што се со стиропор полнети. Се залетав и за такво, но кога видов колку се мали, а моето имаше 5 месеци, се откажав. Многу му беше важно рацете да ми се слободни за да можам да го искапам раат, почна да стежнува, а грб ме кине. И сега во раце го држам кога на крај го плакнеме, но барем не е цело време во раце. Може над пластикава да ставиш тетра колку да не е на тоа.
Просечно дневно треба да качуваат од 20-30 гр. Израчунај колку грама за еден месец качила и подели со број на денови за истиот. Пробај постепено да зголемуваш количина на адаптирано. Пр. ако пие по 120 мл., почни да даваш 130 мл. или ако пие од 90-120 мл, гледај 120 да ги испие, макар и со паузи, само консултирај се за секој случај и со педијатарот кој ве води. Секое дете е различно и не секогаш качуваат исто. Патронажната сестра ми рече дека од 600-700 гр. месечно е препорачливо.
Не ја оставај долго да спие без да јаде. Кај бебиња што не качуваат многу, се препорачува ноќе да јадат обавезно. Знам дека е мачно ноќе, но мора така. Пробај плус уште една комбинација цицање и ад да и' даваш ноќе од овие што сега ги има.
Мајки ние од пред недела дена почнавме да се вртиме на страна ама тој нон стоп се врти не лежи мирно ни во креветче ни во релаксатор на назад му главчето не знам како да го контролирам велат заради очиња не треба да гледа наназад
Од тие малите кадички имам баш ќе видам во џамбото помали ми изгледаа ќе измерам дали ќе ја собере А нели се лизга или затпа тетра ставаш?
Во Локо Кроко видов на страната 290 денари е таков адаптер па им пишав за димензии. И мојата е помала кадичка. Од оние на чико со пресоблекувална што се. Има внатре како дел закосен како за седење ама мислам дека нема лежиште како за бебе 2м.
Обично сите купуваат помало коритце за да се фати мрежата. Ние од старт купивме поголемо, и ова му дојде таман. Инаку да, малку се лизга ама нема кај да оди, ставаш тетра, има такво поткренато на крајот и да се лизне ќе го поткренеш погоре. Каде каде полесно него во раце. Е сега мојава прета и со ноџињата се шлапа па затоа се лизга, инаку убаво доаѓа лежиштето ќе си легне на грб и ужива, ко царица е
Истото и јас го имам исти димензии со пресоблекувална баш пиши ми што ќе ти кажат за димензии Јас пробав еднаш да го легнам така доле врз мрежата стиропор и не можеше да лежи многу незгодно беше и тетри само да ставиш паќ ќе е незгодно мислиш многу лесно можеше да се поднапие вода
Откако му падна папочето и ни кажаа дека може да се бања во кадичка одма почнавме да го ставаме на таква подлога. Тетра одоздоле и гајле нема, си ужива.. ко цар некој си лежи со рацете потпрен на страна се кикоти, мислам дека бањањето му е омилен дел од денот
Ние сме 4 месеци и 10 дена ,пред еден месец беше 6кг и 20гр... имаше качено само 400гр на доење сме и ни рекоа дека е ок претходниот пат околу 600гр имаше качено ,а во првиот месец 1кг и 300 гр. Нас ни рекоа на доење од 400 до 600 гр било нормално а и се гледал и физичкиот изглед на бебе ... јас одма си реков да не е малку поправена .. ама ми рекоа ок било сега ќе ја носам од Понеделник ќе видиме како напреднала,ќе прашам и дали треба да почнеме со пробување вкусови
Бебето ми е 11нед дали и вашуте вече ве гледаат кога јадете? Во уста ме гледа храната ми ја глеа отвара уста пика рачиња Ај да не зборам дека е се гладен
За Мојата во петок прави 11 недели, исто ме гледа така додека јадам само уште не пика раце многу во уста
во бисер на малата и купија чорапчиња од некоја чорапара и многу убава лента со машна , на приземје била ама како се вика незнам
Мамички со контроли како сте ? Со оглед на ситуацијата матичната кога бевме на скоро 3 месеци ми рече наредно на шест освен ако има потреба порано , да не е малку касно ? Или кај сите е така?
Така е, како што кажа и самата, поради ситуацијата. Освен ако навистина е потребно нема зошто да се носи на контрола. И ние не сме биле од 2 и пол месеци, кога одиме за вакцина го прегледуваат и мерат.
Мислам дека ова е измеѓу Канеј и Рима парфимеријата. Пред некој ден за подарок земав хулахопчиња со венче со машна од таму.