Со ракавички ама само ноќе и редам некогаш, не нон стоп. Треба да се голи рачињата се осознава со нив да се пипка по лице А тоа што се ладни не е мерило дека и студи.
Нема појма шо правиш. Многу е мало за нешто да капира, рачиња става оти во тој период сите ја буткаат цела рака во уста, па понатака секој предмед што ќе го фати ќе заврши во устето.
Максимум две недели после раѓање можело да се ставаат ракавици. Инаку за рацете во уста и гледање додека јадете, секако ќе ги ставаат во уста, без разлика дали јадете вие или не.
Устата си ја расцепува зошто сака и двете да ги стави од еднаш обавезно има една крвава линија на устата од што му е испукана али што да му правам една ќе пројде друга ќе направи ќе свати за некој месец дека не може двете да ги бутне
Ние сме 3 месеци и уште има ладни дланки и стапала не дај боже да му ги покријам одма вриштење има и се одкажав уште од старт а и поубаво му е така и на него
2 пати по 1 саат некогаш и 2 саати затерува сега се среди ме беше вака ич не спиење дење сега добро е бар можам да фатам низ дома Вие?
добро е , се издржува така. Ние сме катастрофа денски. Спие таа 4-5 саати дневно ама дека јас се осигурам и ја презаспивам бидејќи се буди на 20-30мин. И такс цел ден околу нејзиното спање, инаку е кинкава ако ја оставам со тие 20-30мин. Не знам зошто толку се буди, ваљда помине еден циклус и не знае да заспие сама пак. навечер е добра барем. 8-9 саати. Вие навечер како терате бидејќи мислам и вие сте на Ад
Да на ад е а во колку саат ти заспива ноќе Син ми врзува 6 саати на пр од 9 и кај 3 се буди за млеко па после следно во 8 ама тоа ноќно ранење не можеме никако да го скокнеме а се буди ко 3 дена да не јадел Ќе видиш може ќе смени и мене така 20м ми заспиваше ете го станал и ич не спиеше па од 17ч до сабајле со будења кома Ама што ја преморена ќе дое мм он да го чува бебе кома не е фер
Дај кажете совет мајки бебево ми е 8 недели, значи првин бевме на нан формулата ама од тоа и се правеше запек потоа сменав на аптамил од тоа па киселини ја фатија па сега исто сме на аптамил ама специјална за киселини, ама ја вагав и гледам има изгубено 60гр за 4 дена јади понекогаш повеќе понекогаш помалце ама добро е е работата е шо сега одма после јадење кака и тоа обилно до вчера беше потечно ама денес е погусто но цела се прај лом веќе незнам сите доктори ги испрошетав за ништо освен дека и треба време да се среди ништо друго не Велат аа јас ќе пукнам. И дали вашите бебиња спијат денски моево незнај шо е спиење ни 30мин не и се берат спиење и тоа в раце ако е, навечер кога како некогаш знае 4 сати да спие па да се разбуди некогаш два.
@sun995 мамички, ракавички не се редат, посебно не за спиење. Не му е ладно на бебе, ладни раце и нозе се нормални во првите месеци.
Хахаха баш така и ќе каже мирно е бебето Ние секоја вечер бањање во 9и30 па млеко и заспива најкасно до 10:15-20 Така тераме од почеток, пробав двапати да и поместам порано да заспива ама се буди во 5 и вака тераме до 7-8
Аптамил анти рефлукс сте? На секое бебе различна формула ќе одговара. Многу се задоволни од Хип, но на моето и правеше зелени течни столици па се регулира со Аптамил. Има лекови зс рефлукс и киселини, но доколку напредува добро, ретко да препишат нешто докторите. Ако твоето губи, би требало да го адресират проблемот веднаш. Им кажа ли дека губи на килажа откако си измерила?
Пие 170мл на 4 саати освем нели кога ќе ги врзе тие 6 Од прв ден спие ноќе нема проблем мислам вее разликува ден ноќ за да спие денски морам да му затемнам ја оставам во креветче и го оставам си заспива Е ја би како на @Katerina94 да ми спие ноќе