Верувај до 6ти месец немав зелена салата каснато и имаше грчеви до 4ти месец, храната има огромно влијание ама и тоа колку голта воздух, е сега се шират и цревата, нормално е дека ќе има болки.. душички ама ќе помине.
А сигурно ли точно измери дека има намалено 60гр? Да не не си убаво измерила па џабе се нервираш? Колку кг е колку мл пие сето тоа влијае
Мене Сајковски во систина ми кажа никогаш да не се оптеретувам со табела, колку требала да јаде според тежина итн Ми рече дека бебињата не се како нас да можат да прејадат којзнае колку. Никогаш да не и кратам бидејќи некогаш ќе испиела 150 после може само ќе сака 80, а за бљуцкање секако најголемиот дел го правеле тпа додека не се воведе храна. Ова ми го кажа откако му кажав дека матичната ми рече да не пие повеќе од 100мл, а мојата тогаш баш почнуваше по 150
Да точно мерев имам вага дома за неа. Таа е малечка родена 2.4 од болница ја пуштија со 2.2 е сега за 8 недели кладе 4.06 беше сега е 4кг пие по 100мл некогаш знае помалце од ко ја сменав формулата ама ми Велат дај му време, но нанот до сега се покажа најдобар за неа освен со запекот шо имаше мака ама добро си клаваше на килажа. Незнам веќе шо да прам
Некогаш 10 мин некогаш 25 некогаш сака пауза прави околу 5-10 мин и допива после тоа се. Да не си користела друг суплемент тоа време со нан за грчеви или слично ? Добро качувала до сега кг. Можеби пие помлку ако е густа формулата па се изморува може треба со поголем проток цуцла да земеш? Пробај се надевам ќе биде се во ред
Добро што ми кажа сега на следна контрола ако ми каже пак многу ќе го носам кај Сајковски Баш и барав доктор некој што би се разбирал пошто за доење е лесно нека цица колку сака кога сака и се гледа дали напреднало или не ама со ад испаѓа се ние ги прејадуваме а никој не знае да ти објасни што да прајп Смешно беше педијатаров ми вика да намалам и ми кажува нели да дадам 120мл наместо моите 17омл. И ја дома дигитронот по неговото испаѓа дека треба да дадам 30мл плус ако го слушам него што значи и он не знае што кажува само нешо да се кажело Добро што ми го спомна овој во систина
Изгледај го и ова, мислам и тука го зборува тоа. Повеќето педијатри се сите со дигитрони и формулата за пресметување, пробував да и објаснам на матичната дека не можам помалку да и дадам, вреска за јадење. Ми вели залажи ја со чај. Ахам важи И тоа ми го велеше додека таа ја качуваше минималната потребна тежина, кај тебе демек повеќе качувал ама и ти да му кратиш. значи цврсто верувам дека како и возрасните, и бебињата се приказна за себе и различно ќе јадат и напредуваат. И најинтересното е тоа што ми вика дека повраќала малата бидејќи сум и давала многу да јаде, и и реков дека она повраќа и после 30мл чај или 80мл млеко кога не е многу гладна.
Супер сега ќе го изгледам фала ти баш да видиме пошто така е вришти е не да сум го занишкала тоа кога ќе врисне не знам кој крај во собва да го фатам дали цуцла или млеко да праам
Поглупо нешто од диета на бебе па и мало дете ми нема. Добро како можат бе таков совет да дадат ,и на доени деца давале ,баш со една другарка зборевме. Мајки гледајте си по бебињата тие најдобро ќе ви покажат.
Изгледајте ги сите видеа со Сајковски, мн корисни инфа казува؛ Доста зборува и за исХраната кај бебиња особено после 6 мес
@Milkiway многу убаво објаснува, го изгледав. Јас сум била бебе кое цицало во 12 на полноќ, и дури сабајле во 7-8. Може и мојата ќерка наследила нешто од мама
Ќе видиме дали ќе биде вин-вин или не, ќе следам ситуација Туку со килажава шо прајме? ги збуцкавме бебињава а на 5ти месец требало да се дуплира родилната тежина
Е ајде и мене педијатаров само ме кара до 3м 1кг а сега од 4ти по помалце требало да накачува така нешто ми кажуваше... Како ред да му фатам кога плаче тоа да знам
незнам, си јадат, како на дете да му кажеш стоп? Може ке намалат сега, баш ќе видам по колку ќе става на неделно ниво, после 3ов месец
Па и јас така мислам ќе почне да се превртуваат да бидат поактивни да трошат енергија до сега само лежеа сега веќе почнуваат гугање скокање
Прашање за мајките. Кажете некој екстра апчиња за смирување, се наоѓаме во скок 26та недела. Лудило сме, губам нерви, конторла, не сакам да го уплашам беблако. Да не бидат лексилиум или дијазепам.. Нешто на природна база кажете.