Денес прв пат забележувам, на главата т.е под косата на главчето има како жолти дамки мали точки, на предниот дел од главата и од страна.. Што може да биде?
Теменица. Мачкај пред бањање со уље за бебе или има од мустела за теменица како пена. Ништо страшно ке си паднат корупките и нежно со четка ке чешлаш
И јас сакав да прашам ова. Колкаво ти е бебето? Мојава има мн коса не знам дали да третирам со нешто... Друго што сакав да прашам, бебе ми е 1,5 месеци и e на доење и секоја пелена е какана жолто-зеленкаста нијанса, течно. Некогаш и при прцкање кака така течно. Некогаш во пелената има како слузави делови. Во ред ли е или има пролив?
Како траг на пелена и делови зеленки од грчеви знаат да биде каката. Може и ти ако си јадела зеленко нешто инод тоа да е или ако земаш суплименти за железо. А за темрница пред бањање намачкај ја нека синпоседи со уље како масаза на главчето па бањање и чешлање. Не е ништо страшно но мене многу ме нервираа ептен. Дури и со раце му ги вадев кога ке омекнеа
Кај мали бебиња пролив се гледа во бројноста на столиците не дали е течна, плус нормално е за бебиња на доење да имаат потечна столица немај гајле. За какање моево некат на секој подој кака некат знае еднаш во ден немај гајле во ред си е
Ние сме месец и пол и му давам Пливит Д3 капки по 2 на ден и омега на бејбитол. Дека спомна после 3месеци јас од старт ја давам од 8ми ден оваа комбинација. На ад сме не на доење. Да не е грешка? Еве слики Види го прикачениот фајл 653525 Види го прикачениот фајл 653526 [/QUOTE] Бебиња на ад бе пијат со К1.
@Lovebug01 ова уљенце и го ставам 1 час пред бањање, и со четката нежно со кружни движења поминувам неколку пати. Потоа ја бањаме и многу намалија, само на темето има уште малку иначе беше до челото
Нели од 4 месеци треба да се става под 45степени? прашувам затоа што мојава ја ставам во релаксатор и почнува да се открева؛ Ама и тој е нешто подзакосен како транспортер па си викам да не не треба и го форсирам детево
Мене ортооедот ми рече од 4 да го ставам во полуседечка положба под 45 ст агол така да не би требало да има пробл
Моето од 3 месеци почна да се поткревс сам да не скаа да лежи да плаче да му помогнам па уште тогаш му давав прсти се влечеше си се испрсвсше ќе постои така неколку сек и го враќав на земја да си лежи па се лути и така во круг хххх незнам мислам дека ако си покажува детенцето знаци не го сопирај ама и да не се форсира. А ако е релаксаторот како транспортер положба нема проблем никаков само да не седи оредолго во него, а и нормално е на три месеци веќе да ги поткрева глсвата вратот и рамениците од подлогата
Исто и ние лежи и му помагам да се поткрене неколку пати после на стомак али во текот на денот неколку пати така си вежба за вртење сам се врти и рацете од под него знае да си ги извади.Сега покажува интерес за играчки и сака да држи нешто нормално неколку секунди држи и пушта и така во круг цел ден . Секое дете е различно некое порано почнува да дава знаци за седење и други работи некои покасно не е стрикно граница за сите од 4ти можат тоа да го прават како што сите не пијат исто млеко така и за други работи
Според Видоевски во ред е да го ставаш детето на 45 степени, и да го врзеш само долу на половината, рамената да се слободни. Така детето само ќе си станува, ќе се исправа нанапред, колку може и колку сака и ќе ги зацврсти стомачните мускули. Е сега, ова се однесува на релаксатор со ограда/шипка напред, како пречник во количката кога е детето наместено за седење. Не би требало да седи така долго време. Треба да ја исправи кичмата на тврда подлога и да вежба стомачни лежејки на под на стомак и превртувајки се.
6 месеци. Досега немаше вакво нешто, или јас немав забележано.. Ама немаше сигурно. Вчера забележав и се исплашив се надевам не е страшно. Инаку не се лушпи туку како обоени жолти точки.. Најверојатно од кога ќе се намачкаат со масло како што викате би требало да паднат.. Имам масло бекутан, може тоа? @Happyinlove
Да ве прашам, кај бебињата околу 3от месец дали им се променуваат каките? Со исхрана сум горе-долу иста, а забележувам кај неа погусти каки, дури и погусти парченца повремено, а таа е само на мајчино млеко. Кака еднаш дневно или преку еден ден. Мислење ваше
Да, да баш ве послушав. И не е страшно, мнооогу е мека четката Ај за каките погоре прочитај ме и кажи твое искуство, твоето е на комбинирана исхрана ама пак чисто за споресба ако паметиш од 3от месец