ја неможам некако да се разберам со оваа мојата , и реков да дојдам да ја мериме ( зашто се мачиме со цицањето ) вика не рано е , ја прашав за овие колиеф ми вика рано е , само пробиотикот и по потреба чајче .... незнам некогаш навечер дали грчеви се дали гладува бебево , некои денови ќе полудам од нервоза ...
Како рано е ? На почеток прва контрола за 7 дена па после пак се така до 1мес па после се месечни Од скопје ли си? Ако да оди систина ремедика ако имаш можност ако не јави се кај паскалов прима бебиња и ќе ти води контроли редовно. Не е рано за капки чим има грчеви. Друго, ако имаш вага измери се ти па соблечи го бебе по пелени во раце и отприлика ќ ќе видиш дали напреднало. Секако пелените ако редовно ги полни напредува. Ако се грчеви ќе се витка ќе се црвенее... ако е за млеко ќе плаче со поголем интезитет нема да прекинува. Слично е ама ќе ги увидиш разликите. Ако се смирува со нишкање и во раце не е глад. Друго што можеш да пробаш е ноќе да дадеш ад или измолзено твое 90мл и да видиш ако спие 3-4часа значи не се грчеви... Не се секирај давај му капки за чај почекај
Да ве прашам Доколку вашите бебиња имале рефлукс, кои ви беа симптомите? моето многу плачи кога ќе ја легнам за успивање или општо на таа позиција кога лежи на грб повраќа често и многу узрига дури и 1-2 часа по јадење. не знам што и смета
Моето едно бебе имаше рефлукс, го забележаа додека бевме во болница таму примаше терапија и дома продолживме уште една недела да давам Омезон... ми препорача педијатарот да спие на подигнато не на рамно... откако ја прекинав терапијата го следам но засега е добар, не повраќа и нема киселини. Пробај да го ставаш да спие на подигнато и после јадење подолго време држи го исправено...мене така ме советуваа и немав проблем... со лесно
од Скопје сум , понеделник ќе одам кај друг педијатар веќе се слушнавме се договоривме, за мерењево на вага уште одма ќе пробам фала ти најмногу пробавме со АД 30 мл како дохрана и спиеше 4 саати без мака , што сум 90% сигурна дека е гладна затоа сакав да ја мерам , во петокот зборев со докторот за тироидната , ми напомна и пред пораѓај дека може да ми направи дијагнозава проблем со лактација , ќе проверам и хормони да видиме на крај што ќе излезе
@Alishan30 за какиве - веќе ти кажаа за краставиците и зелениот зеленчук. Брокула и карфиол исто знаат да прават револуции кај бебе. Плус, бебето сега сигурно многу се лигави, па во каките и лиги, мрсули, шлајм итн. Ако е еднаш златно зелено, нема гајле. Ама ако станува се позелено, тогаш има нешто. Мислам дека немаш простор за грижа. Следи само.
Јас така давав на почетол 30мл дохрана а пред тоа цицаше немав доволно. Сега сме само на ад ама кога гледав дека е ненајаден зголемував дохрана Ќе видиш баш колку напреднало
Нас од болница откако не испуштија, ми рекоа да користам колиеф/колипреф и рекол/биогаја. И мене некогаш ми се случува да не знам дали е гладен или грчеви се. Види дали ги витка ноџињата, бидејќи викаат дека тоа е индикатор за грчеви. И ако не си сигурна дај и да цица или млекце (зависно на каква исхрана сте), ако цица/пие со сласт и после тоа се смири, значи била гладна. За грчеви, педијатарот ми рече да го ставаме на стомак, свртен со неговото меше накај нас, така ќе се стопли, а и ќе се смири.
Краставици т.е зелен зеленчук не се јаде до кај 6ти месец ако имате проблем посебно со грчеви. Иначе мојава беше какач и си остана какач, не сум имала мака за тоа, течно и беше и жолтеникаво.
Многу обилно повраќање, без разлика колку јадела и дали јадела. Мораш после јадење пола саат да ја држиш исправена, под душекот кај што спие да стави една перница под агол.
Мајки, Дали има некоја искуство со escherichia coli, кај 3 месечно бебе? Ние се намачивме со проливче и темп, веќе 5 дена (темп само 2 дена) па колку време да очекувам дека ќе трае? Никаков антибиотик не ни дадоа
Не знам дали практикувате ама да ви споделам што правиме ние. Бебе ми е скоро 3м. Обично кога ќе се раскенка бидејќи избегавам во раце да ми е ( сега ми е тежок тек па понатака) му правам масажи со млека за тело и улје бебешко. Му пуштам класична музика голо по пеленка и го масирам. Од плачливо раскенкано бебе почнува да се опушта да се смее... моментално сме 12та недела 3ти скок и гледам дека ова има ефект бидејќи е многу по смирен. Ви предлагам да пробате масирањето не е повеќе од 10мин секако ако сакате и по пола саат галете се. И е вистински бондинг посебно за вие што сте во депресија, сте откажале доење па сте поминале на ад и посебно за тие што имаат грчеви јас го масирам на меша одма прднува или се кака му олеснуваше многу а и мене навистина ми помогна да оствариме врска
Јас на месец дена ја однесов. @Milkiway какво уље користиш и колку време го масираш? Масажи од youtube? Сподели ако имаш проверен линк
За масажата читав од овде има добрп објаснето http://www.remedika.com.mk/masaza-na-bebinjata-od-glavata-kon-pristite-na-nozete/ Еве линк од видео овие за грчеви си ги користам оваа масажа доста помогна за грчеви Само што тргнав маслото да го барам ми се појави постот ова го користам
Во агротехна, вага за мерење бебиња и дечиња до 20кг. на попуст е околу 2,100, ако имаш услови, земи си и забележувај си неделно по колку и дали качува, да не ја влечеш по лекари во ова време-невреме, ако е само заради мерењето.