Нормално е на почеток да кака темно или зелено - мекониум-смеса што ја има во неговите црева додека било во матката. За неколку дена треба да му се смири. Секако ќе сака повеќе гушкање, кога ќе задреме до тебе префрли го во креветче. Тоа е мајка, ќе си седиш со циците на лагер, додека да се научи убаво да се нацица.Уживај во мајчинството
Така е Кај мене спиеше пошто беше на дохрана ама кога беше само на цицање цело време плачеше. Мораш на саат саат ипол да го доиш. Може од едно не се нацицува. Не глеј на саат само дои го Тебе ти реплицирав ама ќе прочита
Е така баш направив моментално, и спие до мене еве во креветче. Ко ќе се разбудит мењам пампа и одма на града.
Мене ми рекоа 15 минути една града, 15 друга града. Поради градите мои. Ама ајде сега нека си цицка колку сака, конечно се смири дете. Плачев со него заедно. Катастрофа сум.
Сосема нормално за овој период. На почетокот се чистаат, прво црно па зелено и дури после некој период се стабилизира. Исто и за доењето. На почетокот мислам дека доев 24 со 24. Треба малку време да помине, ќе се навикнете.
Зелена столица може да е од Ад. Течна зелена по колку пелени на ден? Дека бебињата некогаш имаат течни столици, не мора дс значи дека е пролив
Може да, му додавам зошто мислам сеуште е слабо млекото. А имам млеко. Ама имам проблем кога ќе почне да цица 5минути цица и после заспива на града.
Масирај му ги дланкичињата или стапалцата, ова ми беше совет од болница зашто и кај мене дремнуваше на почеток, мрзливка беше.
Ако имаш млеко, не му додавај ад затоа што додавањето може да ти го зезне воспоставувањето на лактација. Нема слабо млеко, или имаш или немаш, ако имаш, само цицај го без ад, некое време ќе е вака, после ќе си фати ред.
Кога се успива ќе го будиш со прст под муцето, за ноџе. Расоблечи го не го туткај многу. Не гледај минути, отприлика може да се ориентираш, ама некогаш цицаат 15мин некогаш им треба повеќе. Избегнувај да даваш АД, ако даваш само со цуцла на Medela (Calma). Со обичните цуцли им тече побргу и после ги мрзи да цицаат (чекаат на готово) Итри се ако се толку малечки
Имам излегува бела смеса, градите ми се надувани како балони и грутка се, вените се изразени. И мене ме учеа така да го пипкам, го пипкам му досадвам, ама мрзливко голем е. Се нервирам сакам добро да се нацица.
Не се секирај ќе си влезете во шема. Ако ти се многу полни градите стави топла облога или измолзи малку, може затоа не може да фати. Мојата кукла фати жолтица па затоа се успиваше, дури ја кубев по малце за увцето не цицаше туку си дремеше на цицка.
Ама нема мерење минути, не гледај на саат. Штом е будно веднаш на града, а и тоа само со устето ќе врти лево десно ќе бара. И кога спие гушкај го, доближи го до градите, со брадавицата оди од образот кон устето за да ја осети и да фати. Чепкај го позади ушиња, на половината фаќај го да го држиш будно ако ептен често заспива. На градите топли облоги ставај, да се отворат млечните канали и побрзо да тече млекото. Ако имаш грутки под топол туш и масирај кружно
Мајка да не има золтица детето? Форсирај почесто подој до 2 часа најмногу, буди го нема сила да цица؛ Се така додека не добие сила после без проблем ќе влече؛ Гледај само активно да голта
Мене баш тоа така ми текна По 4 саати спиеше топ не го будеше ни цицка во уста ни ништо и затоа давав ад со шише полесно беше да знам дека е најаден Таа жолтица мака видов првите 2нед со тоа будење
Денес почна да цица, ја начекувам полузаспана и така користиме ситуација.. Ама ја мерев,намалила 100гр за 2 дена. Ќе мерам пак за 2 дена. Ќе видиме како ќе биде. Вие како сте?