Ќе се врати штом се вратила да цица.. Ние денес сме добри, скоро како претходно си цица, од утре ваљда ќе се вратиме во нормала доста млеко имам, вроди со резултат молзењето овие денови.. Инаку не е ни кенкав денес, напротив, расположен е и прв пат самостојно се сврте од грб на страна и тоа неколку пати јас живи радости сум
Не, денес го прегледаа и ме испуштија. Изгледа греешка направив прееска пред да излезам од во болница, го доев и му додадов АД, а мене ете ми дошло млекцето. Од тоа доби течна зелена кака. Добро е сега се смиривме.
Здраво сакам да прашам денес наполни бебето 2 месеца од вчера многу плака се смирува само на шише на ад формула сме ама не е гладно неможам да разберам зошто плака
Грчеви, му се спие, му е жешко, му е ладно, го боли нешто, некоја облека не му е удобна, пелената провери му ја кога плаче. Од сите овие работи, најверојатно има грчеви.
Бебево мое после јадење плачи пишти кратко време и после се смирува можи да е од киселините или од тоа што е во втор скок?? И рацете нонстоп и се в уста ми се чини ќе ја раскини устата нормално ли е??
Moeto praveshe taka ako ne zhdrignalo po jadenje, potoa zhdrignuva i se smiruvashe . A za racete normalno e site gi stavaat
Не знам со ова нејадење што да се прави, истото што пишувавте продолжува, цицнува па вришти се трга, па вришти ако не ја вратам на време на града.. До кога вака, цицнува полузаспана но не знам колку влече тогаш Исто и додека цица почнува да ме влече и стиска со устата нервозно. Заби ли се, скок ли , грчеви ли. Може поретко кака зошто малку јаде?
Какањето нема врска... Кај мене прво си какаше неколку пати дневно ,па имаше неколку дена воопшто немаше какано ,а јадеше убаво тогаш. И сега на еднаш дневно е пообилно... А зошто прават така уште не сфаќам и јас. Боли дури од што стиска ,а се врти и или Гуга или вришти. Ако гуга само што ќе ја дигнам вришти Мислам дека се и двете заби и скок.
Какањето не е меродавно, битни се пелените со мочки дали ги има. Кај мојата има, ама не се полни како претходно, полу празнички се.
Леле луѓе ние сме во втор скок до вчера после јадење плачеше сега не сака ни да јади пишти корни и мене ми иди со неа да пиштам незнам дали е од скокот или од киселините денски не спие ионака не беше по спиењето денски ама и навечер одвај да заспие. Незнам што да правам и со јадењето веќе аман. Како се справувате вие со скоковите како да ја натарам да си јади тоа што треба да го изеде да не губи килажа и колку време траат тие скокови?
Само трпение, пробај колку што можеш да си смирена. Се' те разбирам истото го миневме. Ја лажиме, заспива па подметнувам цице, се е во раци, па нејќе сега раци, како кловнови сме пред неа, само песни пееме, живи ненаспани сме. Подочњаци имам темни, пред неа се смеам. У вц плачам и така. Поминуваат, ќе пораснат. Кога ич не сакаше да ми фати цице, се одмолзував и некои 30мл ги испиваше, па како беше расположена дур пие, веднаш и подметнував цице. Како нинџи сме со брзи потези, само да не дадеме формула, се трудиме. Хаос, без маж ми ништо не правам, кога вришти тој ми е од помош и ја зема, дур јас се средам со одмолзување Заборавам да јадам, цело внимание е кон неа, ќе помине и ова набрзо. Биди силна
Веќе не знам што да направам!!! Дома сме лудница со близнаците, 6-та недела се. Цело време сакаат во раци последните 2-3 денови, ќе заспијат ги оставам во креветче после 5мин., плачат, вриштат, ајде пак во раце да заспијат па во креветче па плачење и така сме во круг цело време...ден и ноќ.!!! Што мислите што може да им е? Знам дека ги боли меше за какње ама ова е вака со денови а и какани се во мегувреме... стварно не знам веќе
Изнесете ги надвор со количка свртете неколку круга да ги фати воздух. Кај нас тоа помага кога ќе почне да изведува и да не спие. Честопати заспива уште додека сме надвор, ја внесуваме со транспоретерот на прсти, ја преместувам во креветче и си спие гајле нема. Е сега со близнаци сигурно е потешко, ама пробајте вака. Или барем со кола свртете некој круг најлесно се успиваат со возење.
Истоо времево е на наша страна Јас во корпа го шетам влегувам и го оставам во количка Кога го преместував ми се будеше
Ќе пробам утре ако е убаво времето ќе излезам да ги прошетам. Ова веќе не се трпи ќе полудам а имам и помош од свекрвата, мајка ми и сопругот.
Не знам кај живееш ама ако ви скопје денес комотно саат два си можела да шеташ Јас од 7 дена го носам надвор вакво беше времето во окт како денес
Не сум од Скопје, да топло беше денес ако и утре е топло ќе ги шетам сигурно. Јас ги изнесувам само на тераса ама не помага многу.