И да не е топло облечи ги и изнеси ги преку ден (сега не мора ако врне дожд или снег). Збеснуваат внатре, досадно им е.
Мислам дека нема врска тоа што се на ад и воведувањето храна. Педијатарот одлучува во зависност од напредувањето од спремноста на бебето за храна,дали самостојно си ја држи главата дали седи со потпора и слично ... Нека кажат поискусните
Девојки, на аптамилот стои дека треба да се искористи три недели по отварање, меѓутоа ние пиеме комбинација од ар и комфорт и плус сме и на доење, па дали да ги фрлам кутиите по истекот на тие три недели? Како правите вие?
Здраво мајки, со денови бебево има ептен малку денско спиење. Има два месеци. Штом ја легнам се буди, а потоа потешко можам да ја успијам пак. Спие само ако сум до неа на спална. Кога ја легнувам во нејзиното креветче се буди за 5 минути. Ништо неможам да си завршам. Има ли некоја слично искуство
Да, ние бевме така Сега овој период можам да ја оставам и останува заспана, но пак се буди често на некои 20-30мин па и давам цуцла и ја презаспивам. Некогаш успева, некогаш не Кога имаше мн грчеви ја научивме на раце нонстоп, кога и прекинаа почнав полека да ја оставам. На почетокот секогаш се будеше веднаш Само упорно и еве сега не се буди често кога ја оставам ама кај нас е со презаспивање некогаш, давање цуцла итн тоа е дека не знаат да сврзат циклуси на спиење Кога ќе го спушташ секогаш спуштај се и ти залепена малку до него и прво го ставај со газето, остани така неколку секунди и кога ќе го спуштиш па потоа вади ја раката И зависи до бебе. Мојата се нервира што не знае што да прави со раце кога се размрдува и што се буди од тоа, ама ја приметувам дека дури поубаво спие во креветчето отколку во раце
За неколку дена правиме 3 месеци И јас некогаш мислев подобро да спие и плус мн убаво ми беше па не се тргав и не ја оставав ама домашните обврски ме стигнаа Почни и ти, ќе се буди ама после се навикнуваат на тоа. И кога ќе се будеше веднаш на почеток пробував да ја смирам така легната, не ја кревав додека не почнеше да вришти Разбираш ли англиски добро? Ако сакаш дај ми емаил,можам да ти пратам курс (се состои од видеа лесно се следи) за новороденчиња до 12 недели и плус книга Navigating months 3&4 Курсот е како да ги научиш полека да заспиваат сами( не е со оставање да плачат), како да препознаваш кога се изморени, колку треба да бидат будни од прилика според возраст пред да се преморат и други совети
Хаххаа стиснав ми се допаѓа за поддршка, месец дена е иста приказна сме, денски спиење јок! Ние сме на ад се мислам дека не му одговара млекото и дека е гладен